Емоција мора да има, и да го гледаш само за секс мора да постои привлечност што е емоција. Љубов е сосема друга ствар.
Зависи. Љубов и секс не е исто. Може да се има секс со некој кој го сакаш и да е прекрасно. Но може и да имаш секс без љубов. Е за тоа второто треба некаква страст и привлечност да постои. Не сум имала секс до сега со некој кон кого не чувствувам ништо. Сум слушала искуства на другарки кои имале секс со некој кој едвај го познаваат и тврдат дека го сакале.Веројатно тие не можат да одделат секс од емоции или така се правдаат за да не се чувствуваат искористени.
Теоретски не. Емоцијата е нешто диктирано од персонална страна која предизвикува реакција во организмот. Во овој случај, чувствуваме страст спрема некој, многу ни се свиѓа и реакцијата е лачење хормони. Така да баш сексот не можеме да го одделиме од емоциите, за време на целиот чин се одвива размена на телесни течности.
Па, лачењето телесни течности е резултат од лачењето хормони. Во овој случај страста како емоција овозможува лачење да речеме допамин, окситоцин, серотонин итн.
Јаз знам дека темата алудира на ,,дали постои секс без емоции”. Според мене не постои, со кого и да се впуштиш во вакво искушение - имаш емоции. Какви и да сѐ, постојат.
Всушност ретко која жена нема да се навлажне од добра стимулација За тоа не треба ни страст кон некого ни емоција.. Чист пример самозадоволувањето...
Основни емоции нели се љубов,тага,лутина и среќа. Мислам дека темата е всушност тоа: Дали може сексот да се оддели од чувствувањето љубов кон партнерот со кој личноста има секс .
Ти пишала Даст дека не е потребна ни страст, само добра стимулација... се е тоа физички. Хормоните се лачат под влијание на стимулацијата, уживањето во чинот, оргазмот. А за тоа не се потребни чувства. Има луѓе кои едноставно не можат да ги одделат чувствата од сексот, пошто не уживаат со некој непознат иако им е привлечен/на. А од друга страна, има луѓе кои можат без проблем да имаат секс со било кого без да вклучат емоции. Страста не е чувство, повеќе би рекла дека е нагон, физичка привлечност.
Можам, но поубаво е кога сексот е и со емоции. Таа прегратка со љубов после секс е незаменлива. Без емоции не е тоа чувство комплетно.