Не знам дали темава е за тука,или ако има ваква иста тема а не сум ја видела се извинувам тогаш во канта нека оди темава. Дали мислите дека едно пријателство на далечина може да опстане ? Јас запознав една другарка од Холандија,прв пат кога се видовме и запознавме толку бевме срамежливи и двете не зборевме со никого ама јас и она како да имавме некоја конекција,некоја поврзаност наеднаш почнавме да зборуваме да се дружиме и се дружевме само неколку дена потоа си замина,за само неколку дена ептен се зближивме потоа останавме во контакт постојано ја скајп,на вибер,зборевме се дружевме,дојде пак во Македонија овие неколку месеци поминавме прекрасно време,имам голема доверба во неа дури и самата не знам зошто,но јас почнав да ја притискам малце да и викам дека не ме сака доволно,дека се плашам да не ја изгубам како другарка,и некако почна да се однесува поразлично со мене,не е веќе истата,не знам дали јас згрешив дали јас ја напнував,едноставно не знам колку долго ќе трае ова пријателство,па затоа сакам ваш совет и ваше мислење,колку долго може да опстане вакво пријателство,колку може да се има доверба ?
Не знам сега што е и како е со пријателството, но си згрешила што така си постапила и си и кажала такви нешта. Девојчето најверојатно го погодиле на некој начин штом почнало поинаку да се однесува. Не треба да се притиска, секако дека може да опстане едно пријателство на далечина, ќе го негувате, ќе се слушате, ќе комуницирате.
Може да опстане само ако константно се одржува и негува од двете страни, со редовно слушање, допишување и одржување на комуникацијата, не дека е лесно изводливо на долг рок, но ако се сака, се разбира дека може.