Како идат овие процедури ..На пример сега завршувам втора година,а кога ке почнам трета да ја земам и четврта..двете години во една да ги земам..Ја прашав на мајка ми ми вика треба да имаш демек некој "проблем" или да си трудна или да се мажиш..Може ли да ми дадете некоја информација околу ова? ФАЛА ОДНАПРЕД
Па за ова најдобро да си прашаш во школото каде што учиш. Обрати се кај директор, заменик директор, педагог, психолог, класен раководител и тако даље...Они најдобро ќе ти ја кажат процедурата и дали е можно тоа!
Јас како што знам треба наставниците или директорот да ти го дозволи тоа иначе е изводливо....Јас додека бев средно знам за едно девојче што сакаше две години да ги земе во една но мојата класна не и дозволи дека ќе завршела побрзо од нас и тоа не било поштено
Полесно дозволуваат на спортисти, ако треба да отпатуваш, пример да се отселиш некаде....Кај мене во средно имаше девојче 3 и 4та зема заедно, но многу и беште тешко, учеше и на часови. Тренираше тенис. Колку пати само имаше заспиено на час.
Да, дозволуваат. И ако немаш некоја посебно итна причина дозволуваат. Ги земаш предметите како испити, како да си вонреден ученик. Само треба да си поднесеш барање до администрацијата во школото.
Мислам дека има и некои приватни школи каде плаќаш и ќе учиш две год. за 1. бар јас така иам слушнато
Може, но доколку многу учаш. Ете тетка ми заврши за две години медицинска сестра, а сега предава во тоа средното школо
Ти ако сакаш и 3 години во една можеш ако пријавуваш по 4 на месец (бидејќи 4 предмети на месец е лимитот) ама ќе се запишеш како вонреден ученик/а и ќе одиш само на испити, обично на влезна врата надвор има огласна табла/ливче и на секој месец почнуваат измеѓу 16 до 27 се полага, за вонреден се плаќа од година по 4.500 денари мислам.