Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мртвите ги цениме повеќе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Wild.Child, 26 јануари 2011.

  1. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Додека не изгубиме нешто не знаеме колку тоа било вредно за нас, исто е и со луѓето, додека се живи, додека ги гледаме секој ден, не сме свесни колку се значајни и како би било без нив, дури коа ќе ги изгубиме сваќаме дека вределе затоа почнуваме да ги цениме откако ќе ги снема.
     
  2. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Да... Порано Тоше воопшто не го слушав, не ми значеше онака како посебен пејач.. Но откако умре, многу ми падна жалл.. :( Исто така и за Мајк Џексон. Не го слушав, но човекот има деца... :( Не само и пејачите, туку и некои мои прабаби и прадедовци кои умреле без да ги запознаам, а сепак осеќам жал.. Сепак тоа е тоа, живот иде даље зар не? :)
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Што се тиче славните...Тоше не го сакав нешто посебно....Го слушав, но јас не сум тип кој забегува по славните. Ми беше жал кога тој загина, сепак, стана славен, беше млад, цел живот пред него....Некои лоши работи и немав слушнато за него. Но, не се трескав од земја. Само болно е, што некој изгубил близок, а некој таму фан, мислиш пати повеќе. А некој ако го цениш, секогаш ќе го цениш исто.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ќе започнам со Тоше и тоа колку ме иритира таа лицемерност која владее во денешницава особено тука во Македонија на денот кога Тоше е роден, и загина.

    Беше жив, правеше добра музика, а сепак добиваше етикета на педофил, педер.
    Загина, и ете наеднаш гледате полна киносала и расплакани лица на филмот кој се даваше во Рамстор.
    Криво ми е што морам да кажам дека ќе почне да ми се гади од него, иако не сум претерано голем фан на неговото дело.
    И ваквото гадење не е од тоа што бил, правел, туку од тоа што го прават останатите лицемерни копуци. Како и колку го величат.
    Па аман бе луѓе, не беше светец.
    Тоа што е мртов не го прави прав божји син и вреден за статус светец.
    Има милиони и милиони хуманитарни лица, та никој од нив не е она кое се покренува тој да е.

    Следат Ксенија Пајчин, оној џокерот од Бетмен на кој дури и името не му го познавам затоа што не планирам да се трескам од земја и изразувам страшна почит кон некој кој навистина не ми е познат. Ниту тој, ниту неговото дело.
    Lady D, oх боже.
    Мајклс Џексон, за голема жал е оштетениот тука. Колку плукање, вреѓање и што не претрпе, за на крај сиот свет да се збира колку да покаже дека да, и тој жали. |(

    Не ја наставувам листата, премногу е долга. Ќе оставам простор за другите.
    За оние моите блиски, починати, нема да коментирам, затоа што мене не ми е пријатно да навлагам во нивната смрт и мојата почит кон нив.
     
    На cvekje13 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  5. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    Неможам да ти опишам колку се сложувам со тебе,позебно на делот со Тоше.. |(
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тоа е така затоа што дури кога некој ќе си отиде разбираме што значел тој за нас, разбираме што сме изгубиле и знаеме дека веќе никогаш нема да ни се врати. :(
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.331
    Мразам лицемерие!
    Ќе почнам со Тоше...
    Јас пораснав со Тоше, ја знам секоја негова песна, одев на сите негови концерти, ја следев неговата кариера, но сето тоа кога беше жив. Кога умре, не кријам дека ми беше многу тешко, плачев, ама не за да бидам фенси туку заради тоа што навистина ме заболе. Но после неговата смрт јас ниту еднаш не појдов на тие хуманитарни концерти и секаков вид на манифестации што се одржуваат во негово име. Зошто да одам, за да гледам расплакани лицемерни лица кои додека беше жив не знаеле ниедна негова песна а сега коси кубат по него и се негови најголеми фанови. Многу луѓе не ни знаеа што се Тоше правеше, и кога загина ја сфатија неговата големина, а многу и сакаа да профетират користејќи го неговото име. За срамота!

    Мајкл Џексон кога умре не се потресов ни малце. Не дека не го слушам или пак не го почитувам, ама неам причина зошто да глумам лудило и да се притресувам. Го почитувам, ја слушам неговата музика, но тоа е се. Исто и со Хит Леџер и некои други селебрети фаци кои ете не ми се омилени, не сум ги обожавала додека биле живи и ај сега ќе се трескам по нив.
    Има луѓе без разлика дали се славни или обични доклку ги сакам, поштувам нивната смрт ме погодува, во спротивно не. Оние кои се до мене, кои ги ценам и почитувам, кои ги сакам, за тие ме боли и тангира се што им се случува и на нив.
     
  8. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    не сфаќаме што имаме се додека ние го изгубиме.. кога ќе го изгубиме тогаш ја чувствуваме вистинската болка.. затоа мртвите ги цениме повеќе, затоа за нив зборуваме подобро
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Дефинитивно. Не само во нашава земја, туку насекаде е така. Не знам која е целта, стварно. Додека е жив, дадете му право да биде популарен, да го доживее тој момент на слава, а не кога ќе почине... Кога веќе се’ ќе биде готово.
    Само кажете „нека почива во мир“ и доволно е. А, не да го „подигате од гробот“ како што би рекле старите. ;)
    На кој колкав му бил векот. На кој колку му било пишано. Нема што да се промени тука.. Тоа е. Од смртта не се бега. :!:
     
  10. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Дефинитивно. Само кога ке изгубиме нешто ја знеме неговата вистинска вредност и колку ни значело
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јас ги ценам тие што вредат да бидат ценети ,не сум лицемерна па ако некој кој претходно не сум го сакала одеднаш умире и јас го менувам мислењето за него и го воздигнувам на ниво на Исус !
    Бесмислици !
    Не ги сакам таквите луѓе.
     
  12. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам пример што се случи во мојот живот....таа трагедија се случи при крајот на 6 одд..едно дете беше во мојот клас...јас навистина се имав со него но неговите другари беа со него само од корист..го исмеваа...но сепак дојде ден кога и тие се освестија...бидејќи детето се обеси затоа што беше отфрлуван од сите....е дури сега сватија што правеле но сега е доцна
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Барем за мене, не мора да значи дека ги ценам или ќе ги ценам луѓето после нивната цмрт...Ако го заслужил тоа дури бил жив после неговата смрт почитта ќе остане....
     
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Лицемерие е тоа. Умре Ејми Вајнхаус, никогаш не ја сакав. Можеби нејзините песни. Но ја претераа. Како одеднаш сите ја сакаат?!
     
  15. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Има вистина во ова дека ги цениме повеќе мртвите, во овој случај ќе го споменам Тоше.. Значи на почетокот сите плукаа по него, бил ваков, бил таков а после неговата смрт сите се негови "најголеми фанови".. Можеби тоа е затоа што многумина не го познаваа доволно... Тој имаше чисто срце и душа, помагаше на секого, беше еден во милијарда... Меѓутоа тој тоа го правеше затоа што го сакаше тоа, едноставно сакаше да им помага на луѓето, а не да се докажува, не заради популарноста. Многу хумани дела ги правеше позади камерите, можеби и затоа после неговата смрт кога се дозна каков е всушност Тоше - тогаш луѓето сватија што сме изгубиле...
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    да, ко ќе си жив гледаат жив да те изедат ако можат, да ти наштетат максимално, после ко ќе умрите, кажуваат се најубаво за вас.
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Aко не си ценел некого пред смрт,нема да го цениш ни кога ќе го нема.
    Можеби,само можеби,делува така, зошто на некој начин не гризе совест,но длабоко во себе се е исто како и пред да почине човекот.
     
  18. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Еве деновиве за Ејми истата приказна. Гледам какви селјаци не знаат ни еднна песна нејзина a по фејсбук си лепат R.I.P. Amy Winehouse, Svetot zali po Amy Winehouse, Amy winehouse forever in my heart, I'll always love you Amy Winehouse.....итн итн...
    и зошто само се глупираат по една наркоманка , па таа ли треба некому да му биде идол :^)
    што направила таа во нејзиниот живоот нешто значајно, хуманитарно, да даде пример некому? милиони девојчиња и момчиња ја гледаа низ цел свет а таа баш убав пример им даваше, секоја вечер издрогирана, пијана, неуспешни концерти, тоа ли треба да се цени?
    и ете што им е филмот со тие групите за ејми стварно не разбирам...... |(
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас лично не, но многу од луѓето да. Ќе тргнам од познатите:
    умре Тоше-умре. Дотогаш во секоја земја имаше повеќе фанови отколку во Македонија. Оттогаш цела Македонија се крсти во него, оддеднаш сите му се фанови.
    Мајкл Џексон-ваков бил, таков бил, умре, најдобар стана.
    Ејми-наркоманка, ваква, таква. Умре-солзи се леат, реферати се пишуваат за неа.
    Мислам, аман, зошто?? Тоа е лицемерие.
    Јас Тоше го сакав од секогаш. Кога можев одев на концерти, му ги знам скоро сите песни, навистина го сакав и почитував. Мајкл и Ејми не ги сакав. Не им бев фан и не сум им и сега. Не го сменив мислењето кое го имав за нив.
    За луѓе во мојот личен живот важи истото. Ако некого сакам, го сакам и ценам и жив и мртов. ако не го сакам и не го ценам, не го сакам и не го ценам ни жив ни мртов. Смртта не ме поттикнува да сменам мислење.
     
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со ова...Додека беше жив, ги слушав неговите песни, но не може да се рече дека бев некој не знам колку голем фан.И кога се случи несреќата никогаш не реков дека сум најголем фан, а многу луѓе што знам дека не знаат три негови песни, тврдеа дека биле негови најверни фанови... |(
    Всушност, смртта на Тоше ми покажа колку се лицемерни луѓето...Само тие ги ценат мртвите луѓе повеќе...Искрените луѓе ги ценат другите подеднакво и пред и по нивната смрт... :x