Колку некого сме сакале и ценеле можеме да утврдиме само кога него ќе го нема. Ако личноста ни значела, сме ја сакале, правела добри дела ја цениме повеќе, а ако не сме биле во добри односи со неа викаме само Господ да му ги прости гревовите и не ја цениме воопшто ова според мене
Според мене, да. Кога ќе изгубиме некоја личност за секогаш разбираме колку ни значела, што всушност таа направила за нас. Тогаш повеќе ја цениме . Многу примери има такви ( во мојот живот), можам да кажам дека откако сум изгубила 2-3 личности , почнав да ги ценам повеќе тие што се околу мене.
Не мора да значи дека само мртвите ги цениме повеќе, луѓето сфаќаме колку ни значат тогаш кога ќе ги изгубиме.. На никому не му посакувам тоа да биде со смрт, но сепак можеш да ја изгубиш таа личност иако е жива...
Што луѓе ќе бидеме ако сваќаме колку сме изгубиле доколку некој не си замине од нас? луѓето пред се треба да се ценат додека се живи, а што од кога ќе умрат? 3 дена кукај,плачи,викај и колку сакаат нека ти се важни и колку сакаш цени ги џабе е све ..
Кога некого изгубиме тогаш сваќаме колку ни значел и тогаш ги откриваме оние вистински чуства.. да напоменам дека некои луѓе претеруваат со тоа до кога беше жив не го ни приметуваше а кога замине леле каков беше ова она бла бла ако некого сакаш и цениш прави го тоа од самиот почеток па се до крајот
дури после моментот кога некого ке изгубиш сваќаш дека премногу ти значел и не можеш да се помириш со фактот дека веке личноста ја нема! од лично искуство заклучив,на жалост
Не го исчитав воведот на темава затоа што видов дека се спомнува Тошка, а тоа ми е болна тема. Значи и јас како некои кои се изјасниле погоре, сметам дека откако ќе изгубиме некој дури тогаш ја сфаќаме неговата големина. Не е тоа случај само со познатите личности, туку и со личностите од секојдневниот живот. Кога ќе ја изгубиме личноста велие: „Ех, да беше тој/таа тука вака ќе направев сега..“. Па зошто не си постапил така додека биле тука покрај тебе бе човече? Тоа е реалноста, за жал.
Колку само ДА !!! Па не е она страото останато поусто За мртвиот се најдобро ... Е ете мајка ми е една од ретките луѓе што ги познавам што не го поштува ова , и јас сум ваква . Сега умрел а бил ѓавол цел живот и сеа као го правиме светец епа нема ... Значи ако згрешил онака јако , ако само лошо сум видела и ме повредила личноста нема опроштај !!! И колку ме нервира ова кај народов. Значи до вчера ги знаеш се карале се тепале и најголеми непријатели биле , или пак некоја личност цел живот ја навредувале , газеле , колнеле и понижувале кога умира оп ааа како него или неа немаше . Мислам кого лажеш мене или себе ? Прв пример што ми иде на памет е Мајкл Џексон . За мене лош човек е лош човек без разлика дали е 2 метра над или под земја !!!
Секогаш откако ќе го изгубиме нештото почнуваме да сфаќаме колку вредело и колку ни значело, а не сме свесни.... Така и со умрените..... А, што има да ги цениме откако умреле? Ако додека бил жив не си го ценел, отпосле се` е залудно...
За жал да секој што ке умре е најдобар, е тоа лицемерие страшно ме нервира кај мене ништо не менува дали човек е жив, или мртов, јас си го задржувам мислењето што сум го имала претходно. Да можеби е малк сурово но така е и јас од тоа не бегам.
Многу е жалосно кога почнуваме да ги величиме мртвите и да им градиме споменици одкога веќе не постојат, и да им даваме ордени на заслуженост, и да ги прогласуваме за обележувања на Македонија, а пред тоа сме се исмејувале, сме газеле и плукале па и гледале со завист. Многу е жалосно и кога дволичието игра голема улога, комшијата кој си го клеветел и плукал цел живот, кога ќе почине велат млад беше човекот, требаше да си поживее, ваков беше или онаков, а секој ден си му праќал поглед под око. Дефинитвно не ги цениме животните вредности, скржави сме за убав збор, коментар, подршка додека постојат меѓу нас, кога ќе ги снема не мава моментална жалност и величиме.
Паааа незнам зошто ама кога ќе земеме онака во глобала, делата на некои уметници, артисти, пеачи....заживуваат и добиваат на висока вреднст после смртта на авторот. После смртта започнуваат да се ценат и величат а тие се мртви. Има и друга страна, која со самата смрт умира и постоењето на тој човек. Сепак зависи кој каков белег т.е траг оставил кај нас самите. А тоа излегување на гроб, спремање на јадења и остало ни го налага верата и по некоја бабина деветина ќе замеша прсти. На крај се сведува кој колку заслужил толку ќе се цени ама сепак не се води се по таа парола. Повеќе е како ќе каже попот и ,,нема смисла од народот,, е тоа е веќе дволичност и себичност.
Тоа е секогаш така.Додека е жив не му се обрнува внимание кога ќе почине тогаш се кажува колку вредел што направил.
Да. Од ко ќе умре човек, сите го сакаат - не знам зошто. Се прашувам што ќе биде ко ќе умре Боки-13..
Не ги сваќам луѓево додека се живи ниту едно здраво не си кажуваат а после смрт многу го ценеле човекот.. (глупости)