Незнам зашто е така,кога ке умре некој само добро требало да се збори,а ако не заслужува да се збори добро што треба сега да глумам и да зборам леле човеков беше добар,а нема врска.
Многу луѓе додека се живи не се доволно ценети, не им е пружано доволно внимание. Кога ќе умре, тогаш сфаќаме што сме имале. Секако има и луѓе кои цел живот не вределе...за тие јас не зборувам ни добро ни лошо, ако не ми вредел додека бил жив, а јас не сум му рекла ништо, што ќе постигнам ако го воздигнувам или го вреѓам и плукам.
Да. Во Македонија да бидеш славен чини многу треба да умреш. Многу пеачи не беа ценети но откако умреа цело време за нив се збореше и нивни песни се постираа на фб, исто како и за луѓето...
нека почиваат во мир и Тоше Проевски Гоце Арнаудов Душан мислам дека се презиваше Милосављевик ама не сум сигурна-Дуле од дуото Дуле & Коки
Дуле се презиваше Љубисављвиќ. Многу ми е жал што го нема повеќе. Се шокирав кога дознав дека починал. Кога луѓето ќе умрат, тогаш сфаќаме колку ни значеле. А додека биле живи, не сме биле свесни за тоа.
Зависи некој ги ценат некој не јас лично не правам разлика кој починал починал на живите останува светот
Не само актери, музичари и познати личности, туку и со обичните луѓе е така. Додека е жив некој очи ќе му вадиш а откако ќе умре ќе го жалиш.
Јас лично, не. Не ги доживувам починатите на поинаков начин од кога биле живи, не негувам попозитивна слика за некого само затоа што умрел
Да, затоа што недостасуваат. Жив човек има по некоја мана, но со тек на време секој е склон да заборави и повеќе да ги задржува убавите спомени во споредба со негативните импресии и почнуваат да недостигаат тие луѓенца, стануваат помили. Ама не оти секој покојник ќе недостасува. Само откриваш колку ти значи оној што и претходно ти значел без да обрнеш внимание.
Ако човек не го цениме и вреднуваме дури е жив, после нема никакво значење. Често велам дека жив човек вреди повеќе и од мртов, зашто кога човек умира драстично се менува редот што бил запазен. Многу тешко се воспоставува нов ред, олошот зазема сила, се' e наопаку и не дај боже да сакаш да истераш одново по стар ред, што се вика да зачуваш како што било, крв ќе поплукаш.
Јас лично немам такво размислување иако кај повеќето ова е презастапено. Битно ми е да искажам љубов и внимание додека човекот е жив.