1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали навистина девојките се напорни и смешни кога први пишуваат?!

Дискусија во 'Сингл' започната од GossupGirlxoxo, 27 декември 2014.

?

Дали девојките треба да пишуваат први?

  1. Да!

    106 глас(а)
    28,2%
  2. Да, но поретко

    126 глас(а)
    33,5%
  3. Почесто

    22 глас(а)
    5,9%
  4. Не!

    91 глас(а)
    24,2%
  5. Никогаш!

    31 глас(а)
    8,2%
  1. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    [​IMG] Епа вака, бидејќи тука не најдов слична тема ајде јас да ја отворам!
    Сега е 21 век и се се одвива преку facebook односно на chаt па затоа ќе почнам со следново..
    Самата јас а и голем процент од девојките се плашме да им пишеме први на машките кои не се допаѓаат но пишуваме, можеби ретко но тоа се случува.
    Додека тие вратат на нашето "еј", "hi" или слично во главата ни се вртат 748265478 мисли како "лелее.. што направив..не требаше да пишам, сега ќе си мисли оваа ваква, таква..блаблабла" или пак "сигурно видел ама не стега seen и намерно не враќа" а јас најчесто "леле сега има другари до него се подбиваат со мене блаблабла". Колку и самата да знам дека не е така, дека не сме напорни и досадни тао секогаш го чуствувам кога ќе му пишам..
    Па ајде кажете некои ваши случки и совети, одобено машките нешто кажете за ова.
    А и да... МАШКИ ПИШУВАЈТЕ ПРВИ, АКО ТАА ВИ ПИШАЛА НЕКОЛКУ ПАТИ И СЕ ДОПАЃАТА ПИШЕТЕ И БИДЕЈЌИ ТАА СЕ СРАМИ ВАС ДА ВИ ПИШЕ.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас ќе да сум единствената личност на светот, ама не ми се одвива се на фејсбук.
    И не се нни потресувам толку, ако сакам да пишам, пишувам, па макар и по осми пат да сум прва.
     
    На Mr.Lover, Regina.Phalange, Kimberly11 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А бе, на одредена возраст и јас сум се потресувала за такви работи, нормално е :lol: , како што созревав, се` помалку ми беше гајле кој кому прв пишал, уште помалку ми беше критериум за нешто.

    Интересно е тоа што помалку шанси има да станете досадни ако нормално си пишете кога ви е убаво на душичката, отколку во ситуации кога поттиснуваш, поттиснуваш, поттиснуваш, колку да го исполниш тоа непишано правило, па не се знае кога ќе пукне и ќе почнеш со однесување што стварно нервира. Да не зборам за тоа што во последниов случај и самодовербата се намалува, иако ви се чини поинаку можеби. А ниска самодоверба те прави помалку привлечен.

    Така што, пишете си слободно. Постојат многу други, поефикасни начини за еден дел од вас да остане мистерија и предизвик за партнерот. :)

    Умереноста е златно правило. А колку повеќе поттиснуваш, толку си повеќе склон кон претерување во однесувањето. Бидете спонтани, но и умни. :)
     
    На Biljarkata, Mr.Lover, Zlatnaripka. и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас мислам дека треба да пишуваат први секогаш , на тој начин ќе се избегнат глупирања и компликации и глумење незнам што .... Вака ако ти пише барем знаеш дека се свиѓате а не онака ти пишеш па гледа па не ти враќа па ова па она...

    И не доста беше машки први да пишуваат па после да се диват жените еј овој ми пишал сеа сум незнам што ... доста патеа мажите , ако сакаш да се запознаеш и се интересираш за дечкото пиши му ти прва.
     
    На piksooki, RecklessGirl, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Само со болдов не се согласувам. Треба да има спонтаност, да, но не по цена да изгледа дека на едниот партнер буквално на тацна врската му се сервира ко на послужавник, да се има изградено master-servant однос. Воопшто не е здраво за една врска. Од такви закржлавени партнери (машки и женски), луѓе се разочаруваат у љубов. Па не може само едниот да се труди. Пишувањето/јавувањето, сепак значи дека некој помислил на тебе и му недостигаш. А налет таквата врска во којашто тоа е еднострано. Со други зборови, ако тебе не ти е гајле, немој да се лутиш кога ќе ти се сврти грбот оти на друг му станало гајле.
    Пишувањето/јавувањето прв е само една манифестација на однесувањето коешто го опишав како непожелно погоре.
     
    На Umbrella22, Hipica, GossupGirlxoxo и 5 други им се допаѓа ова.
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Немора секогаш ама воглавно во право си, не би требало да постои тоа "правило" дека машките треба први да пишат. Мене страв ми е да адднам некоја не па да пишам од корпите што ги имам јадено :D
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Нема правило кој да пише прв. Еден мора нели, ок е да пише и девојката прва само тоа да биде разговор на ниво без некое нудење на тацна самата себе да речам :) има машки кои ќе те напнуваат и ќе го добијат тоа што сакаат и после одиш на блок или ремув френдс, е сега има и девојки кои се нудат први и аздисуваат ама тоа е друга тема . Почитувам сечиј начин на комуникација , ама реално разговор во 4 очи е подобар , во смисла да се видете кои сте што сте.
     
    На GossupGirlxoxo и tessie им се допаѓа ова.
  8. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Зарем момците никогаш не мислат дека всушност, тие напнуваат некое девојче ако константно му пишуваат први? Ми пречи тоа што се доаѓа до крајност, како секогаш да мора машкото да се додворува, а девојчето да го завзема оној ладен и ’незаинтересиран’ став. Па ајде, и момчињата имаат чувства :)
    Сметам дека што повеќе пишувате први, толку повеќе се ослободувате себеси (и го правите токму тоа кое што посакувате да го направите во тој момент без да ги потиснувате своите желби заради нешто кое што е нерационално) и со самото тоа сте поинтересни за комуникација. Доколку сакате да разговарате со некого, што ли ве спречува во тоа?
    Гордоста? Гордоста не се крши со едно ’здраво’.
    Срамот? Не постои буквално ниедна причина поради која би ви било срам.
    И еден најдобронамерен и најискрен совет од мене, оставете го фејсбукот малку настрана. Повеќето од ’љубовните проблеми’ кои ги среќавам во последно време, мораат да имаат некаква поврзаност со фејсбук.
     
    На Ana.brojka, Marossa, GossupGirlxoxo и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Јас пак ќе се побунам оти многу се нервирам вака кога во наслови на теми се потенцира девојките ова, девојките она:yawn:. Зошто бре луѓе само девојките да се досадни, па и машко ако нема осет и умереност во понашањето зарем не може да биде досадно? Јас за мене знам дека и ако решам прва да пишам (затоа што не сум во години кога би умрела попрво ама не би пишала прва), го правам тоа еднаш, два пати и следам фид бек. Ако нема реакција од спротивната страна баталувам и не сакам никого да замарам, како што не го сакам ни спротивното. Значи како и во се и во ова треба умереност, веќе и погоре е кажано. Се што е во рамките на истото за мене не е замарање од ничија страна. Како и во се во животот и на ова поле нема правила, битно е тоа секој да го знае за да не биде едниот дежурен пружател на внимание, а другиот пасивен примач на истото без осет дека треба да возврати во иста мера!
     
    На GossupGirlxoxo, Spidy и Portishead им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Во меѓусебната полова комуникација не постои правило кој треба прв да пише.
    Побитен е начинот на кој се започнува разговорот од страна на тој што иницира почеток, бидејќи тоа кажува многу за личноста што пишува. Првиот впечаток е важен за да се покаже иницијатива виртуелната комуникација да прерасне во реална средба која е незаменлива. За да се случи тоа треба да постои приближна фрекфенција на карактерите, искуствата и потребите.
    Факт е дека слично привлекува слично. Можноста да се биде со сличен на нас е полезно потрошено време во кое само ги надополнуваме очекувањата.
     
    На Mikikuugfgh, GossupGirlxoxo, omg92 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    А, што ако и машките се плашат да пишаат први? Што ако се машки?
    Можеби и тој си мисли дека повеќе другарки сте се собрале и му се потсмевате пред екран.
    Можеби и тој се плаши да пише прв, се срами, смета дека ќе досадува, дека ќе биде напорен.
    Лесно е да се каже машките да пишат први, а девојчињата не треба да пишуваат?
    Не велам дека треба да го прават тоа постојано, први да започнат разговор, но понекогаш да, зошто да не.
     
    На GossupGirlxoxo, cresa-jagoda и Portishead им се допаѓа ова.
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Па треба почесто и вие да пишете први. Долг е патот од Земја до Марс, треба години да поминат, но вие ако чекате он да ви пише, ќе биде сами и сите машки ќе ги ставете во исто паковање. И ние некад се прашуваме, леле ако и пишам ќе ме откачи, нема да ми врати, и да има од женски, од типот не замарај, ајде чао.

    Ама не вие седете на фб чат, или некаде забутани во диско, и ако некој ви пријде, одма од старт игнор:)
     
    На GossupGirlxoxo, anina и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Па има една изрека ,,Подобро сам отколку во лошо друштво.''

    Некои работи не може по секоја цена или по наш ќеф секад да се случат.А со ставање на партнерот во позиција на единствен којшто се труди, сами си се зезнувате. На партнерот кај и да е ќе му скисне и најчесто тоа се случува кога полежерниот партнер ќе се врзе.

    И после оди онаа старата ,,сите мажи/жени се...'' Бухухууу. ;(
     
    На GossupGirlxoxo, Sunshine.Sunshine и Portishead им се допаѓа ова.
  14. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Не постои правило кој треба да пишува или пријде прв, тоа се само стереотипи од минатото дека мажите се тие кои треба први да пријдат, а ако тоа го направат жените се лесни или недај боже ку*ви.
     
    На GossupGirlxoxo, cresa-jagoda и Daleron им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    На пример можеш да го „натераш„ да ти пише прв :D Ако не му текнува после 560 стиснати лајка дека треба да ти пише тогаш пиши му.
    И јас сум за тоа дека не треба да има правило кој на кого да пише прв и такви работи, секоја чест на девојките кои имаат храброст да пишат први, јас никогаш не би. Таква сум, срамежлива за такви работи, незнам што и како би пишала, не дај боже па да не ми врати после тоа или да ме изруга некако ќе ми набие комплекс за цел живот.
    Значи девојки вие кои сте вакви како мене обидете се прво да го „натерате„ да пише. Ако не помага тоа јас сметам дека не е заинтересиран, сепак ако и понатаму ве интересира пишете.
    Давам совет кој на себе не го применувам ама ништо неможете да изгубите ако пишете, а ако не пишете тогаш па ништо неможе да добиете.
    Разговорот доволно е да се започне со „Здраво хххххх„, ништо повеќе.
     
    На anichka94, glosipgirl, GossupGirlxoxo и 7 други им се допаѓа ова.
  16. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    И на машките им е ептен слично за ова,зборам од искуство :D Затоа што јас сум ептен терсене жена и спротивниот проблем го имам - секогаш заборавам да пишам,и колку и да сакам да зборам со некого заборавам да му пишам прва,едноставно не ми е паметот тука :lol: И многу пати така симпатични некои дечки ми рекле дека им било незгодно само тие да пишуваат,мислеле дека ме замараат. Е и да,ако некој не ви пишува никогаш прв,не мора да значи дека е скроз незаинтересиран. Можда само е расеан како мене :P И ова од искуство го зборам.
     
    На GossupGirlxoxo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Офф абре на времето кога немаше ниту фб ниту телефони каде пишувавме!?
    Графити на ѕид.
    Горан ја сак Митраааааа и така натаму. Сепак сме приоѓале еден кон друг. Според мене не е важно кој прв почна важно да се скакаме.
    Во денешно време не треба да има стереотип во смисол кој прв почна мме.
    Сакајте се бре деца што е важно кој прв ќе напише и ќе покани некого на дејт.
     
    На ku4ence, Bender Rodriguez, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Јас не мислам дека девојката треба да чека машкото да пише порака/да се јави,туку мислам дека девојката треба да го направи тоа суптилно и ненападно. Знаете од секогаш жената го избирала мажот,ама за тоа голем број мажи уште не се свесни. Случајно го испуштала марамчето од раце пред својот избраник,а тој помислувал дека ќе испадне херој што ќе и го врати. Всушност тој е тој што се додворувал,ама по претходно направен прв ненаметлив чекор од девојката. Така и сега. Пиши му,закачни го,ама без да знае сто посто на што е. :)
     
    На glosipgirl, Marossa, GossupGirlxoxo и 5 други им се допаѓа ова.
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.461
    Абе,ајде..............:rofl::rofl::rofl::rofl:
    Од една страна се фалиме како сме рамноправни со мажите, можеме се ние самите, а овде се прашуваме дали треба ние да сме први или мажите.
    Што е тоа битно, некогаш тие, некогаш ние, ако постои љубов зошто да се гледа на тоа?
    Нема да сте досадни на некого кој ве сака и кој сака да има нешто со вас, напротив ке му биде мило, а ако пишувате на некој кој не го гајле за вас и кој нема никакви чувства за вас сигурно дека ке сте му и напорни и досадни, и ке го боли глава од вас, и ке исклучува и телефон и компјутер........
    Не треба секогач да чекаме на другите,некогаш треба и самите да се потрудиме за она што го сакаме.
     
    На GossupGirlxoxo, cresa-jagoda и Valerin им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не знам за вас ама мене таа фаза на барање потенцијални партнери преку социјалниве мрежи ми е одамна мината. Скоро и никогаш да не била присутна уствари.
    Навистина не знам што наоѓате интересно во тоа да ,,манијачите'' некого и залудно да си го фрлате скапоценото време у ветер чекајќи да ви пише прв. Зарем не сте свесни дека грубо земено во 70% од случаите врската која започнала на фејсбук не опстојала долго?

    Башка, имам приметено дека многу мои другарки се напињаат околу вакви баналности, додека јас им се чудам...
    ,,Вау види колку е згоден'' ,,Види кој бицепс го вади еј'' Се само дел од низата коментари кои се даваат на фотографиите, благо речено на празно. Со тоа што кога ќе дојде време во живо да се дадат тие истите комплименти типките се срамежливи и тоа го оценуваат како недолично. Иако, јас попрво би рекла дволично.
    Очигледно е дека не ги бидува за комуникација во живо, а тоа веројатно се должи на немање доволно самодоверба, па колку год биле тие згодни и убави џабе е кога не знаат како да го истакнат својот потенцијал карактерно.

    Инаку, конкретно околу прашањево дали пишувам прва, мојот одговор секако е не. Попрво би да го запознаам во живо човекот, да го оценам каков е внатрешно, а не она што ми се нуди на сликите кое е чиста илузија. Дури и кога ме замараат по чет некои чудни фаци, по брза постапка ги откачувам. Но, во случај да станат премногу напорни блокирам и бришам без пардон.

    Среќа, сега веќе немам ни потреба да се оптеретувам со тоа, бидејќи воопшто не сум корисник на социјалните мрежи. Ама кога одвреме навреме си го враќам профилот од љубопитност обавезно по некој шишмиш се наоѓа.
     
    Последна измена: 29 декември 2014
    На Captain-Omni, Bender Rodriguez, GossupGirlxoxo и 1 друга личност им се допаѓа ова.