1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали навистина девојките се напорни и смешни кога први пишуваат?!

Дискусија во 'Сингл' започната од GossupGirlxoxo, 27 декември 2014.

?

Дали девојките треба да пишуваат први?

  1. Да!

    107 глас(а)
    28,4%
  2. Да, но поретко

    126 глас(а)
    33,4%
  3. Почесто

    22 глас(а)
    5,8%
  4. Не!

    91 глас(а)
    24,1%
  5. Никогаш!

    31 глас(а)
    8,2%
  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.087
    Пол:
    Женски
    Затоа што сеуште е " напален тинејџер " во мозокот , без разлика на возраста ...

    Не ги разбирам ваквите луѓе искрено :?: . Можеби кафето е само на другарска основа , аман мажи размислете (facepalm) .
    Не значи дека ако девојка те покани на кафе , веднаш во кревет ќе ти влезе (facepalm) . Каков дебилен мајндсет имаат некои луѓе ..
     
    На Осе, tinka-mace, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    8.879
    Пол:
    Женски
    Ако пишиш - оти пишиш, ако не пишиш - оти не пишиш. Примитивизам.
     
    На Mikikuugfgh, Celltica, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Не се нит напорни, нит смешни.
    Не ви го прават тоа дома па да ви пречат.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Irisae

    Irisae Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Истото мислење ќе го дадам како и на претходната тема „дали девојките треба да го направат првиот чекор“.
    Од лична перспектива и искуство кажувам -НЕ!
    Пишував прва многу често порано кога ќе ми се допаѓаше некој, иницирав прва разговор на фејсбук затоа што сметав дека од „чекање и гледање фајде нема“, и од другата страна секогаш наидував на надуено его. Враќање на пораки по часови, до исчезнување, па изговори, дури и со дечко со кого бев во врска откако почнав да му пишувам прва откако помина фазата на флерт, многу нешта се променија. И затоа реков повеќе никогаш!
    И да видите како има некои машки кои знаат да ти пишуваат секој ден и тоа по сто пати во денот и да не „кусурат“ за тоа кој на кого пишал прв, или да се откажат кога ќе видат дека девојката не им пишува прва никогаш. Машките не се толку наивни колку што мислиме, добро знаат да проценат дали девојката сака нешто со нив или не по разговорт, не мора таа прва да испрати порака. И оние кои се вистински заинтересирани за некоја девојка и се сметаат за прави мажи нема да дозволат девојката да им „дојде на нога“ додека тие си чекаат како невести.
    Примитивно не примитивно тоа е така колку и да велиме дека живееме во модерно време некои нешта во додворувањето остануваат непроменети. Кога им пишуваш прва си напорна, презагреана, мислат те имаат на повик и во секое време висиш на закачалка, лесно си достапна. Кога не пишиш знаат дека треба да вложуваат напор за да ти пристапат, да се зближите ако сакаат да те имаат, тоа било така и ќе биде.
     
    На sunshinebabe, eliesaab, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.614
    Допаѓања:
    155.890
    Пол:
    Женски
    Мислам океј, твое право е дали ќе прајш прв чекор или не, само сакав да прокоментирам овај дел. Овај дел мене ми личи на незаинтересираност. Дури и машко да бев и ако пишев, сигурно ќе наидев на ваков третман многу пати пред некој да ми врати, некој подеднакво заинтересиран. Дури и со дечкото. И не мислам дека е оти прва си му пишала туку едноставно то се поклопило со монотоноста. Не можи секој за кој ќе се заинтересираме, да има интерес за нас. И то е океј.

    Али you do you на крај на ден. :D
     
    На Bezimenka90, Annath и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Irisae

    Irisae Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Те молам објасни ми, како дечко кој ти пишувал пораки буквално секој ден, цел ден, ти враќал на пораки во истата секунда, со м е с е ц и, што очигледно е дека се работи за заинтересираност, одеднаш кога ќе почнеш ти да му пишуваш прва и да се интересираш - поточно, реципроцираш на неговиот труд, одеднаш станува зафатен, не ја видел пораката, немал време да врати, цел ден бил во гужви. Како? Додека не ме доби со месеци не беше во гужви? Не беше зафатен? Беше, но наоѓаше време бидејќи му бев приоритет, а сега кога одеднаш не сум повеќе предизвик - се повлече, т.е. си најде нов предизвик, нова девојка која треба да ја освои.
    Тоа е она за кое зборувам, прави што ќе правиш, штом покажеш интерес, штом падне штитот и почнуваш да ги правиш нештата што тој ги правел на почетокот за да те добие, веќе не мора да "extend to reach you" (не знам како би го кажала на македонски), кога почнуваш прва да пишуваш пораки за добро утро, прва да го прашуваш како е и што прави, прва да планираш дејтови и излегувања, тој веќе почнува да чувствува комфорт, знае дека му си сигурна, нема кај да одиш и еднакво на тоа престанува да вложува затоа што веќе те добил.
    Ова е за дејтинг фаза, истото е и во врските. Потоа се чудат девојките кои се во долги врски зошто дечковците им делуваат незаинтересирано, како односот да им се оладил, поминала возбудата, нешто не штима, се сомневаат на потенцијално изневерување - тоа е, ако не ти се јави знае дека ти ќе му се јавиш прва, ако не ти пише знае дека ти ќе му пишеш прва, ако не дојде да се видите знае дека ти ќе му трошнеш на врата, не се плаши дека ќе те изгуби затоа што знае дека веќе си вложила премногу од себеси (време, интимност и др.) и нема да дозволиш врската да пропадне затоа што не ти се јавил два дена. Ти му си онаа „загарантиранaта“. И потоа дури се свестиш, врската се сведила на тоа ти цело време да трчаш по него и да го влечеш за узди, а си попуштила веќе почнал да шара.
    Мажите се ловците, не жените - the egg doesn't swim to the sperm.

    И не го кажувам ова туку така, го кажувам од лично искуство а многу повеќе од тоа што гледам околу мене мои другари и колеги, тоа е машката психологија колку и да се противиме и да негираме.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Дали ти алудираш дека во долга врска треба да чекам дечкото да ми пише? Што знам, ако гледам дека само јас пишувам и другата страна не е заинтересирана, многу брзо ќе се откажам. Ми нема смисла некако толку енергија вложување во мислење кој кога како пишал. А нема шанса да се откаже дечко што стварно е заинтересиран за тебе зошто ти прва си пишала. Јас на други места би ги барала причините.

    Сум пишувала и јас прва, и кога односот ми се изладил спрема некој дечко не било зошто тој почнал да ми пишува, туку заради икс други нешта заради кои не сум сакала да продолжи комуникацијата со ист интензитет.

    А ова со јајце клеткава некако не ми иде споредбава, што знам. Не знам што врска ќе е тоа кај што ќе се стискаш да правиш планови кога и како и што да пишеш.
     
    На noteforself, S.W.A.G, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.186
    Како се чувствувам во моментот, така правам.
    Ако ми дојде да пишам некому-ќе пишам, ако ми дојде да кажам 'те сакам'-ќе кажам, ако ми се присака секс-ќе си побарам.

    Може да ме одбијат, да ме иссмејат, да превртуваат очи, или да прифатат.
    Нивно право. :lol:
     
    На Bezimenka90, Ambrosia, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.614
    Допаѓања:
    155.890
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ми кажиш, ако за некој се заинтересираш за дечко и партнер, во иднина и сопруг, ќе му здосадиш ако прва му пишиш за муабет? :D

    Неќам да замислам иднина со партнер кај шо морам да мислам на правила, а не можиме да бидиме другари пред се, а после и партнери.

    Ова:
    Ако не можиш со партнер да си свој - не сте за заедно.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На noteforself, Bezimenka90, Stephen Amell и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    36.016
    Муабетот ти е на ниво на баба и на една другарка од средно:" бабе, немој да му дадеш, да си се чуваш, Митра на Стојанивци, се даде и после неќеше никој да ја венча"
    Содржината е различна, контекстот сличен. Тие што си ги сретнала биле кретенчиња, а дека прва си посакала добро утро, мало сутра дека е смртен грев.
    За мене секој ден по 100 пораки се глупост, мм кога ми бепе дечко свеж на почеток така правеше, му реков дека е ту мач и дека немам време на секоја да одговарам. Заљубена бев и јас, ама зљ мене не е битно кој прв, се додека кај двата има интерес. Ако снема , ај чао, не губи време. А да глумам недодирлива, па и во врска, ко вицот со кокошката и круговите што ги трчала ми е. Кај ги наоѓате вакви...
     
    На noteforself, Bezimenka90, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.106
    Допаѓања:
    11.295

    Јас ова сум го видела од многу примери, од другарки кои сметаат дека ете ок е први да пристапат може се срамат мажите итн. Буквално убави девојки кои се сингл, образовани, се пуштаа и угодуваа на момци кои се далеку подтпросечни во секоја смисла. Во право си дека мажите не се толку наивни. Како тоа се срами наводно да пристапи, а да брише под со неа не се срами? Да и рече „ајде дојди да се видиме, ајде вработи се, да имаш плата, па да може да излегуваме“. Да има плата? Аха значи девојка без пари тој не сака? Зошто така? Оти се од интерес и пресметани. Ова не е наивност, туку машка себичност, скржавост и пресметаност.
     
    На Irisae, MayDiamonds, Izaabella и 3 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    8.879
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm се сложувам. Машките не се наивни, т.е се прават наивни, а после другото излегува на површина.
     
    На MayDiamonds, tina2018, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пишала прва на машко.
    Маж ми е прв што му пишам и тоа од кога се зедовме за ако треба нешто од дуќан или слично.
    Значи дури бевме во врска ни тогаш не му пишав.
    Незнам зошто ама од кога знам за себе не се случило тоа, едноставно ми се губи женственоста така, па една работа нека завршат до крај како мажи и за тоа ли да им олеснуваме, нека се потрудат малце, доста војска што им исклучија па ај па сега и ова да им го олеснувам. Е нема ]:) :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    2.878
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не гледам ништо лошо :rofl: Долго време се знам со едно дете ме канеше на кафе, но јас неможев од х причини. Зимава го видов во маркет ми се бендиса и го поканив јас на кафе подобро да го запознаам. Тој замина на работа во друга држава и кафето го оставивме за на пролет кога ќе си дојде ако сме слободни. :hug:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Да не готви мажот ти дома? Оти ми се губи некако маженственоста, маж во кујна или да мења пелени. Одма помалце маж ми лиќи. Башка се знае права жена, мора да е пред се домаќинка, се знае кај е местото.
    Ах откако ја укинаа војската не се знае ништо веќе, се е измешано.
     
    На Stark, S.W.A.G, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Ц ц ц ц (facepalm)
    Јас викам со тој став како што ми рипаш мене и на идниот маж (ако не си мажена) така прстен да му извадиш. Ако веќе те побарал некој како жити све си го дозволила тоа.
    Дали сме домаќини по дома тоа ич да не те интересира тебе ниту пак е темата.
    Пишувај до утре сабајле ако сакаш прва, јас си кажав мое мислење, не кажав да ме критикува некоја само затоа што не мислиме исто. Бог да чува
     
    На Persephone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Дали сте домаќини ич не ме интересира, ама муабетиве од типот женственоста се губела, па демек ти си некоја награда за освојување па зошто да олеснувам, па војската... Ете така ми звучи како моето мислење погоре.
     
    На S.W.A.G, Bezimenka90, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Убаво е чувството кога девојка прва ќе ти пиши :)
     
    На Mikikuugfgh и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Однапред се извинувам на предолгиот пост, не коментирам на вакви теми затоа што сметам дека не може да се даде еден универзален совет што ќе важи за сите, секој прави онака како што смета дека е исправно за него по цена да згреши и да си научи од грешките.
    Ќе раскажам лично искуство и видување што сметам дека е повеќе од јасно како стојат работите на оваа тема и да се прекини да се разглаба непотребно.

    Лично јас, претпочитам да учам од туѓи грешки но имам увидено и на своја кожа и тоа доста важни лекции за љубовта, кои ако не ги направев - никогаш немаше да го знам она што денес го знам за врските.
    Значи не се од баба советите, туку од нешто што е многу присутно и јасно како ден во нашето секојдневие, само некои не сакаат да го прифатат.

    Во животот може да се каже дека имав две големи врски кои ме научија многу а тоа е дека - ДА, МАЖИТЕ ГО ГУБАТ ИНТЕРЕСОТ КОГА ВИЕ ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ИНТЕРЕС ЗА НИВ! (а тука секако спаѓа и пишувањето пораки бидејќи нели денес живееме во такво време каде голем дел од комуникацијата е сведена на пораки и повици).

    Со првиот дечко бев во врска 2 години. Се знаевме од средно, се запишавме на ист факултет, во цело тоа време тој упорно трчаше по мене, сите тие години и покрај тоа што јасно го одбивав дека не сакам ништо со него тој не се откажуваше. Можеше да ја има која девојка сака, преубави девојки трчаа по него, го бришеше подот со нив. Згоден, воспитан, паметен. На крајот кога завршивме факултет решив да му дадам шанса и да почнам нешто со него, да бидам искрена не ме привлекуваше особено но начинот на кој се однесуваше со мене, ме третираше буквално како кралица ми се допаѓаше.

    Во тие 2 години додека бевме заедно нити еднаш не му имав пишано прва порака, нити му се имав јавено - ДА, точно читате НИТИ ЕДНАШ. Тој беше оној кој секогаш планираше излегувања, правеше планови секако претходно со мое согласување, никогаш ми немаше речено - Чекај зошто ти никогаш не ми пишуваш прва?
    Едноставно тој знаеше дека штом после толку време интензивно „бркање“, конечно ме освои, немаше никаква потреба јас да покажувам интерес - нели, тоа веќе беше јасно, кога веќе избрав да бидам во врска со него после толку време.Тој од самиот почеток ја постави таа игра на ловец и плен. Пред да скокне некоја феминистка по ова прашање дека е заостанато, да разјасниме некои работи а тоа е дека и милион години да поминат - мажите ќе останат тие кои ловат а жените ќе бидат пленот. Затоа што Бог ја создал жената за да му го разубави и збогати животот на мажот. Кога Бог го создал Адам имал се, работа, услови, му фалело само некое битие кое ќе биде покрај него да му внесе радост и да му биде друштво - па затоа од реброто ја создал Ева.
    Затоа е создаден прво мажот а потоа жената, затоа што на жената не и е потребен маж, ама на мажот му е потребна жена.

    Е сега да се вратиме на мојава врска, значи тие 2 години поминати со него пролетта во мојот живот. Се чувствував сакано, заштитено, вреднувано, ценето, почитувано. Таква љубов ретко кој доживеал во животот а ви посакувам на сите да доживеете. Тој никогаш не бараше од мене доказ за мојата љубов спрема него (која да бидам искрена ја немаше во тој облик на љубов - страсна, огнена), ја имаше во вид на благодарност, спокој, топлина.
    Тоа е она што сакам да го потенцирам, на мажот не му е потребно ништо друго освен вашето присуство - тоа е главниот доказ за тоа дека го сакаш, затоа што ти си таа која од илјада мажи си избрала да бидеш покрај него, а тој од друга страна треба да ја искажува својата заинтересираност и наклонетост преку иницијативата - да придонесува т.е. да прави нешта за девојката.
    Значи, можело да се има ите како добра и квалитетна врска и без девојката да пишува 500 пораки на ден од типот „каде си, што си, со која си, зошто не ми одговори на пораката во рок од 0,001 секунди?, зошто вчера ми се јави 15 пати а денес 14?“

    Е сега да ви ја претставам и другата страна.
    Со овој дечко раскинавме по заеднички договор, ден денес сеуште сме пријатели на некој начин, тој сакаше брак - јас не сакав, едноставно и колку да ми беше убаво со него и колку да беше прекрасен човек, едноставно не беше тој.
    Кога се разделувавме ми рече цел живот ќе те сакам и нема никоја да те замени, имаш гордост и достоинство.

    Ми беше прв и таков остана во текот на цела моја врска а и после тоа, никогаш не го изневерив нити помислив на тоа затоа што за мене нема нешто по ефтино и ниско од тоа да бидам во врска со некој и да го изневерувам, ако дојде до тој степен ставам крај и готово, и на крајот никој не можеше да се мери со него па никој не заслужи да ме има во тој поглед како него затоа што никој не правеше нешта - не ми го нудеше целиот свет на дланка како него.

    После него година дена немав никого, не ме ни интересираше буквално никој, се изолирав и не дозволував нити едно машко да допре до мене, не додека не ги направи истите работи за да дојде до мене како него.

    Се случи сосем случајно, како во сон покрај една другарка се запознав со еден дечко, а никогаш не сум била тип што некој може да ми остави впечаток од прво видување, ама ете тој - 2 дечко од прв поглед ми влезе под кожа. Имаше нешто, нешто што ни ден денес не можа да го опишам, магнетизам.
    И за прв пат во животот направив нешта кои никогаш ги немав направено - прва го додадов на фејсбук, ја замолив другарка ми да се распраша дали има девојка, прва го поканив и на кафе.
    Бев како хипнотизирана, се опседнав со него. Шегата на моја сметка, да кармата ми се врати и тоа толку горко - во целата врска која се развлекуваше 4 години на он/офф јас бев таа која правеше голем дел од нештата, не дека тој беше незаинтересиран комплетно, ама ете да речам беше 60% од моја страна 40% од негова.

    Јас многу често прва пишував пораки, го немаше со часови, со денови да ми одговори под изговор дека работел - а работеше само викенди. Се гледавме еднаш неделно, некогаш и поретко. Исчезнуваше и пак се појавуваше. Знаеше дека бев изгубена по него и дека секогаш бев тука, му бев сигурна.
    Јас сакав се со него, но тој не сакаше, не беше спремен за такво обврзување. Кога се разделивме првиот пат не ми имаше пишано порака еден месец. Оставив реков да видам до кога нема да се сети на мене - еден месец, прва му пишав - добив студен одговор пак немал време, зафатен бил.
    Да напоменам, со него никогаш немавме секс, тој сакаше - но јас не бев сигурна во него, знаев, гледав и ми беше јасно дека не ме сака на начин на кој го сакав јас и затоа одлучив да не го направам тој чекор со него, ме печеше срцето затоа што горев од желба но знаев дека ако го сторам тоа ќе беше кобно по мене, како да сум се продала за минимално внимание.

    После него ми се урна сиот свет. Морав да го заборавам, почнав да додавам машки на инстаграм и фејсбук, почнував прва комуникација, излегував на дејтови, бев опкружена со внимание но никој од тие машки не сакаа ништо сериозно со мене, сите пробуваа да ме легнат на втор-трет дејт, некои дури и отворено ми имаа речено кога ги одбивав - Чекај а зашто ти ми пиша прва? Не сакаш секс?
    И завршив засекогаш со пишувањето прва пораки на машки.

    2 дечко го преболев тешко, ете ништо што направив за него не беше доволно за да го задржам. И не беше кретен, едноставно не му бев предизвик, а како го дознав тоа? После две години откако расчистив со него, и ме гледаше како си продолжив со животот како никогаш да не постоел, почна да трча по мене.
    Тој кој некогаш ми враќаше на пораките по еден ден, ми пишуваше секој ден од сабајле до вечер, ми раскажуваше приватни нешта кои никогаш не ми ги кажуваше додека бевме во врска, беше спремен на крајот на светот да оди за да да ме види на 5 минути, тој кој немаше нити 5 минути да ме праша дали сум жива. Поминаа години и во сето тоа време ми пишуваше пораки, секогаш ТОЈ ПРВ. Ретко му враќав од култура, не се откажа никогаш. Тој кој некогаш бараше да се гледаме на полноќ на места каде што никој нема да не види, сакаше да ме носи на вечери и ме викаше да ме запознае со друштвото, тој кој додека бевме во врска никогаш не ми го честиташе роденденот, почна да испраќа цвеќиња.
    После толку години неоткажување, нешто во мене се понадева, си реков, можеби стварно ја сфати мојата вредност, можеби се кае и сака да е со мене, можеби ме сака, поверував, реков ќе му дадам шанса, да видиме што ќе биде, имав надеж за нов почеток со него, конечно,
    Му реков прифаќам ти давам втора шанса, во догледно време ќе излеземе на вечера на дејт.
    ПОГОДЕТЕ ШТО?
    Не ми пиша никогаш повторно од тогаш, година помина, му пишав после тоа каде исчезна, повторно истите изговори како првите патови, - зафатен бил. Чекај бе, нели ти беше со години што ме молеше да ми го видиш лицето, која е поентата?

    Епа драги мои - равенката е решена.
    Тоа е тој предизвик кој ги пали мажите - многу едноставно, многу просто.
    Или си кралица или си крпа, трето нема.
     
    Последна измена: 16 февруари 2021
    На Izaabella, Tanjamm и Fontana им се допаѓа ова.
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    искрено да ти кажам мислење, ете со првиот можеби не ти бил тој тој ама сепак според раскажаново тој бил океј карактер, посозреан дечко, внимателен, добро воспитан како што кажа сама, убаво се однесувал со тебе и те ценел, а вториов несозреано дете, некомплетна личност што не знае што сака и ова не е равенка, ова е извини вака чиста глупост, не нема да бидеш плен во таа смисла која што ја кажуваш ако најдеш дечко/маж кој е доволно созреан, свесен за себе и тоа што сака да го има во животот, заљубен и исполнет и да на моменти може нема да си треитрана како кралица ќе има и несовршени моменти ама нема да си крпа во никој случај ако најдеш некој што те сака и почитува, вистински:)
     
    На Mikha4, S.W.A.G и Guns N` Roses им се допаѓа ова.