Многубројните земјотреси кои се веќе секојдневие во Охридско, ги натераа луѓето да се запрашаат што е причината, дури постојат сомнежи дека тоа потекнува од вулканот кај селото Косел. Некои очекуваат активирање на вулканот, а јас еве се прашувам дали тоа е навистина вулкан. Не сум била на тоа место да се уверам со свои очи, но има две теории. Според едната, во земјава ниту имало ниту ќе има вулкани (според геологот Драган Колчаковски). Тој вели дека она што останатите го нарекуваат вулкан на локалитетот Дувало во Охридското село Косел всушност е длабинска пукнатина настаната по природен пат. Доколку било вулкан, од него некогаш ќе излегувала магма или гасови кои може да се појават само ако има тектонски движења длабоко во земјината кора. Според геолозите од Институтот за геолошки истражувања, станува збор за нормален природен процес на испарување на сулфур кој се случува еднаш годишно. Според нив, појавата се случила поради големата количина отпад и градежен шут која ја поклопила единствената дупка од каде излегувале сулфурните испарувања. Подземната топла вода на длабочина од 15 метри нашла процеп на испарување точно под градежната прашина и направила столб чад висок околу пет метри која го привлекла вниманието на граѓаните. Според друга теорија, тоа сепак е вулкан кој нема никаква активност и не претставува закана. Во охридски Косел се случува поствулканска појава, а вулканот е одамна загаснат. Некогаш бил вулкан, а сега се останати само карпите кои сведочат за вулканот и останува сулфатарата, која долги низ години е активна. (Тоа е ставот на универзитетскиот професор Тодор Серафимовски од Природно-Техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.) Тој додава дека вакви поствулкански појави со сулфатари има на Кожув на две места и од кавадаречка и од гевгелиска страна и Кратовско-Злетовскиот регион исто така на две места кај селата Бели и Плешница. Тоа се главно миоценски вулкани, кои се загаснати. Ваши мислења?
Очигледно има... Мислам...со оглед на последниве случувања во тој регион, не само што има, туку и некој го налутил Бегајте скопјани, не го лутете..доста дрма
Кој поминал од таму ќе осети каква миризба се шири од селото тоа е испарувачки сулфур кој мириса како на расипани јајца и не очигледно туку стварно има.И зошто се сите тие потреси во Охрид не случајно.
Da vulkanot postoi vo Ohridskoto selo Kosel. Lani bev na gosti vo Kosel kaj semejni prijateli i otidovme do mestoto. Lugje iskreno celo selo smrdi na rasipani jajca. Jas neznam kako se naviknale na mirisot tamu,no i jas posle dvonedelno sedenje se naviknav. Spored mene kako sto slushnav pochnal vulkanot da ispushta chad e sega kolku e shto kako vistina neznam. Prvo zboruvaa za nekoj vulkan vo Resen, no otposle se slusnav so prijatelkata od Kosel, i veli radi vulkanot tuka se i potresive garant. Ne za dzabe ispushta chad.. So gospod napomosh
Прво си објавила ставови од геолози и професори на факултет дека не е вулкан и после викаш - ваши мислења Ние сигурно како дипломци на универзитетот Гугл и Википедија знаеме повеќе од професориве што тоа им е струка
Пишaв и вo другaтa темa, и дa имa не верувaм дa се aктивирa. Нa мнoгу местa вo светoт имa кaде-кaде пoјaки земјoтреси пoкрaј стaри вулкaни, пa не се aктивирaaт, бaш кaј нaс ќе пукне.
Едните викаат има, другите викаат нема, на вас е да одлучите на кој ќе верувате, не може и на едните и на другите.
И јас на помин за накај Охрид ја сетив миризбата во тоа село,смрди корне баш на расипани јајца од сулфурот,како кога ќе прднеме а сме настинати Тешко на селаните таму богами. Тоа беше далечната 2011,сега не знам како е. Верувам дека има вулкан,ништо чудно.Ама ако не сум грешка нели така мирисаат и топлите подземни води?
И кај виде Вулкан таму, и јас сум бил на тоа место, дали треба да посетам очен лекар, па ваљда не сум пропуштил цел вулкан Нешто огромно конусно со кратер на врвот ваму таму...
Нема вулкан, туку остатоци од поствулканска активност. Мирисот е од гасовите што излегуваат од подлабоките слоеви на земјата, а има процепи преку кои излегуваат. Ништо чудно со земјотресиве да се формирале нови процепи, ама верувајте, ако имаше вулкан, таму немаше веќе да има луѓе. Ако имаше вулкан, ќе имаше поголема подземна активност која не е можно да остане незабележана. Нема ништо, освен гасови. Инаку пријавено е дека луѓе палеле гуми и слични работи во Косел, па го снимале чадот, наводно вулканот работел. Ако има такви, арам да им е, затоа што само создаваат паника, со задни намери, т.е да ги натераат луѓето да си одат од своите домови, за да може на раат да ги опљачкаат.
Јас мислам дека некогаш имало вулкан. Кога поминував таму стварно страшно гадно смрди, ко на пракса коа работевме со соли на сулфур шо дури ми се повраќаше од мирисот. Роднините од Охрид исто така имаат нивна теорија дека постоел некогаш вулкан. Мислам дека нема да се активира со земјотресиве ама дека покажува дека сепак работи тлото таму, дефинитивно да...
Ако мириса онака тешко доста ( незнам како мирисаат расипани јајца ) тогаш навистина имало вулкан. Јас кога се зачестија земјотресите прогуглав малку на Википедија и прочитав дека тоа не е вулкан туку сулфатара и дека нема опасност од истата. Некој член во соодветна тема пиша дека можеби земјата порано била само еден голем континент и дека сите потреси во различни делови од светот се истите за повторно да се спои земјата. (а баш истиот ден го гледав Трансформери и имаше кадар од филмот каде прикажува дека земјата била само еден континент. ) - теорија или не, се запрашав самата. Косел уствари требало да биде туристичка атракција но брзо било заборавен од општините. Мене ми е несфатливо како можат да кажат дека нема ништо таму и да ги изостават знаците, кога имаше две мртви животинки и изјави на членови дека мириса повеќе од вообичаено. И Скопје имаше потреси ама со толкава магнитуда и да растат не беше така. Се смири после некое време. Прашањето гласи кој ја крие вистината за Косел?
Никој не крие никаква вистина, си има гасови кои доаѓаат на површината преку процепите кои постојат во земјата. И да имало вулкан, згаснал одамна, а ако се буди, верувајте, ќе имаше знаци, не се така незабележливи. Животинките се мртви поради гасовите (сулфур водородот е отровен).
Во моментов на Канал5 оди емисија во живо со стручњак од оваа област, кој потврди дека не станува збор за вулкан. Пуштете и слушнете, емисијата се вика „Само вистина“. Многу убаво објаснува за што се работи.
Уф, навистина не знам. Прв пат ја забележав емисијата, ама водеа интересна дискусија, вреди да се погледне. Може да каже дали и кога има реприза ако некоја ја следи програмата и има инфо.
Еве повелете местото каде што е вулканот. Малце да прочепкаш по нет ќе најдеш слиики. Срдечен поздрав до тебе