Ги јаделе диви животни и гинеле во војни. Natural selection, не ме заебавај. Затоа има повеќе од миљарда индијци, пошто се некоја супер раса
Па баш кај нив има honor killings и ги женат и мажат уште мали. Нели гледаше Малечката Невеста? Да не оставеа нас жените на раат, бројката на неебани мажиња ќе беше поголема.
Гледав ама до свадбата не стигнав Во каква корелација е тоа со natural selection беше прашањето. Значи секој седми човек на планетава е индиец. Дали тоа значи дека некој суперебач бил индиец и затоа се најмногу?
Тоа е оти ги форсирале жените да се мажат. А да ги оставиле сами да бираат, бројката на осамените (неебачи) мажи ќе беше поголема. Погоре се дополнив.
Сама да се цитирам, сакав да пишам Малку а не многу. Епа тоа е, со две деца дома, мозокот ми летна низ џамот
Не ми се верува на што потрошив толку време за да исчитам 10 стран. Насловот нема врска со она што се дискутира на темата. Ама кога прочитав веќе да шкртнам и јас нешто.. Секој човек е различен, некој ќе го сретне вистинскиот човек 15, некој на 20, некој на 30 години. Нема потреба да се удира во ѕид поради неможноста да најдеш соодветен партнер без разлика на која возраст си. Јас бев таа што се трескав и во секоја тема се жалев дека ми се ближи крајот, затоа што женската на 20 години немала дечко. И многу ми помогнавте да си го сменам мислењето и дознав колку многу и од вас многу подоцна во животот го нашле вистинскиот. И сега не се замарам со дечковци толку како тогаш, повеќе си уживам, зошто да си го уништам сингл периодот и убавините во него. Понекогаш ме фаќаат кризи ама не е тоа што беше. Сакам да ви кажам не вреди да удирате во ѕид ни по 50тата година. Што се однесува до критериумите имам високи критериуми и тоа многу високи за денешниве генерации, можам да ги спуштам само во исклучителни ситуации. Подобро би седела сама отколку со некој што не ми ги исполнува барем 80% од критериумите. Не ми е важно ни малку дали има диплома, дали дома ќе ми доаѓа со работничко одело или машна, важно ми е со љубов да ми доаѓа. Прво нешто што приметувам сите е изгледот, важен ми е, ама не претерано, важен ми е во смисла да е среден, брада, веѓи, коса да не мириса на неизбањато, да ми дава вајб на уреден и педантен човек. Дали е дебел, слаб, висок, низок помалку важно... Околу високите критериуми ќе дадам шанса да го запознаам ама не можам да започнам ништо ако во тој период не можам да осетам чувство кон него. Друго нешто не можам да бидам со некој што не ме почитува, што нема да ми направи чувство на сигурност покрај него, што ќе вперува прст во било која жена и да ја потценува, ако верува во она дека жена е за дома, за деца да чува и за ништо друго.. Исто не можам да бидам со некој кој ме брза за интимност, колку и денес тоа сите брзо да го прават не можам, ако не ми даде доволно време јас да се осетам спремна за било каков интимен однос туку ме притиска за тоа истата секунда ќе го откачам нема да дадам понатаму прилика.. А ако ми покажува љубов се труди за мене, тука е и кога се жалам за нешто што му делува смешно, ме става на прво место, ми нуди сигурност, подршка, се труди да ме разбере, ме почитува, ако се осетам дека сум му важна, друже дупло ќе добиеш од мене без разлика што си по професија и колку си богат, немаш куќа, немам ни јас ќе направиме заедно. И не ми е проблем за мажот секој ден да готвам, да пеглам, ако тој ист маж го прави тоа за мене и не мисли дека сум должна тоа да го правам, ако мислиш дека не сум должна јас да чистам, перам, готвам туку е мој избор и ти со мене го правиш истото јас со цела радост ќе го правам тоа за тебе, а ако мислиш дека е тоа моја работа и за тоа сакаш жена, плати си некоја да ти слугува мене не ме гледаш повеќе. Малку долг коментаров ама се заборавив пишувајќи.
Подебилна тема и наслов на тема неам видено. Коа тролате, дајте бар поише инспиративни бидете. Ѕид бе, удирање, 30 - ти.. На која членка и' е волку досадно, па си измислува? Сум коментирала претходно на темава..
Не двајцата одлучуваат кога е време за тоа.Сигурно ако му текни на некој после 3 месеци да клекни а девојката појма нема,голема е можноста од НЕ.Како тоа маж што работи во Кам е помалку маж од инжинер?wtf.Според кои критериуми го заклучи ова?Јас мислам дека не е до годините,до размислувањето е
Темава е циркус А зошто толку многу сте запнале за тој брак? Шо мислите, ружи ли цветаат во брак? Незнам како си го замислувате и зошто толку многу мечтаете за тоа. Повеќе за брак сте запнале отколку за тоа партнерот да е добар сопруг и татко.
Мажот,жената,никој никого едноставно одлучуваат.Кој како сака и што е битно.Ако имаме исти гледишта за иднината и сме одлучиле да биде заедничка,што мора да ме прашува кога веќе знае
Знаеш може и во право е, што има жена да бира, да пребира, ваков сакам, таков сакам. Јас се распрашувам каде има жена за мажење, одам кај татко и ја барам од него правиме договор, и готовоо. После ќе речам "Жено каква работа, седи дома чувај деца, пери, кога ќе дојдам на маса јадење, средено све и јазик да не си пуштила, татко ти назад не те зема" и така ќе си идам јас на работа од работа во кафана и после ќе дојдам најаден од кафана и ќе речам "Што жена сум избра јадење за нигде, ако прајш напрај како што треба", па кога ќе си легнам на кревет и ќе кажувам "дајм ми ова, дај ми она, јас на работа идам", милина. Е вака изгледа кога жената не може да бира. Бираат и двајцата кои глупости се изнаслушав на темава. Немате ѕид додека сами не си го направите, еднаш неможела да оди во врска со водоводџија, еднаш не се прашувала она да бира ја бирале. На ѕид друг ѕид си градиш.
Па ако така и одговара нека чека да ја бираат.Еве пример ако ја одбери водоводџија таа ќе одбиеСе тоа е убаво и образование да има,ама сега 90%имаат високо.Кој купена диплома,кој заслужена.Па требало брак да ти понуди.Можеби треба нема ништо лошо да те запроси ако сте двајцата со исто размислување.Ама и не мора не секој сака романтики.
Нека се деградираат професии, нека трепка!!! A ако некаде стои зборот трол - да се избрише, ама само кога јас ќе го напишам. Темата е сочинета од размислувања останати од постарите генерации за потчинување на некакви општествени правила и хиерархии. Разочарувачки колку и на помлади им е испран мозокот да се водат според истото.
@Ви0летКа ако не си трол тогаш сериозно треба да си ги средиш очекувањата. Не е феминизмот крив за ништо. Сама имаш извртени сфаќања за тоа која си и каков треба да биде мажот. Не знам каква врска ти има феминизмот со твоите очекувања за тоа каков маж бараш.