Не ми се верува што читам. Сите вие што немате дипломи подалеку од @Ви0летКа . На крај краеви ќе си го креира она совршениот дипломиран маж на Ai.
Разбирам дека велиш дека практицираш феминизам, но вистинскиот феминизам е за рамноправност и почит, не за омаловажување на туѓи професии. Не секогаш дипломата го прави човек успешен. Многу пати снаодливоста, трудот и карактерот вредат повеќе од хартијата. Постојат луѓе со факултет кои земаат помала плата од оние што се снашле и напредувале без диплома. На крајот, важно е каков човек си, а не само каква диплома имаш.
Феминизам не е религија па да се практицира. Феминизам е за еднаквост и почитување различности. Сериозно преиспитај ги ставовите.
Ама погрешно си разбрала. Феминизмот ги изедначува правата меѓу половите, но не ги брише биолошките разлики. И ден денес жените се повешти во нешто, мажите во нешто друго. Не е лошо, ниту погрешно ако се осврнеме и на традицијата понекогаш. Како што не сите прабаби биле тепани и понижувани, напротив почитувани домаќинки и сопруги, така и успешните современи жени нужно не мора да се исполнети во приватниот живот. Различни работи се тоа, здрав разум, а и среќа треба за успешен брак. Нема потреба да одиш во друга крајност, да се откажуваш од себе си и се што си постигнала, поради страв од биолошкиот свој дел кој почнува да те плаши. Почни без било какви предрасуди да ги запознаваш мажите кои ќе ти се појават, цени им го карактерот и вредностите кон кои се стремат, не ги требаат титули и богаташи, само нормален, стабилен човек со став, кој ќе биде заштитник на идното ви семејство.
@Ви0летКа Значи секој си го бира животниот пат, и не треба многу да се соли памет. Ама и треба да си реалистичен дека она што ќе посееш она и ќе жнееш. Те сфаќам, ама имам другарки шо ја не можам ова, ја не сакам вака, ми смета, шо живее со неговите, шо ова шо она, партнер не паѓа од небо или ќе ти дојде на коњн совршен. сСупер све се понаша, она ми вика ама живее со неговите, добро и? Ќе зборите ќе дојдете до некоја средина. Нема работа, ама сака и бара, е ќе свиткаш опаш ќе барате работи што ќе се ок и на двајцата. Ладно одбивање само зашто у страрт не исполнува стандарди ми е глупост. Дејтај , забавувај се може ќе искочи нешо, може лекција ќе научиш. Животот тек почнуе да и интересен. Нити ти си нити он ќе е совршен,треба да имаш желба и да дадеш време. Начини имаш многу, од курсеви, до одмори, до куче да земеш, до не знам ти што, ама стварно можеш.
Дечки (мажи?) 35+ во кафич/бар, сабота навечер, во страствен муабет за мрежни/нет игрици. Муабетов им трае саат и кусур, може и повеќе - не се задржав до крај за да проверам. Не ни погледнуваат наоколу да видат што се дешава. И како после да нема "ѕид"?
Ја и мт ќе се изнапраиме муабет за плочки. Ако збориме за керамички плочки. Ако збориме за златни плочки, само ќе гледам
Компјутерски гикови е малце поошт поим, овие со компјутерски игрици дизајнирање и тестирање што се бават се баш некоја субкатегорија. Е за овие вториве мислам дека тешко да можат да остварат нормална врска. Со чест на исклучоци, се разбира.
Само геополитика, бизнис и басно словни суми на пари на сметка и астрономски приходи и некој вид на работа само не 9-5. И по некоја тема за жени ама слаба страна е.. Е то се мажи.
Небитно, не ми беше коментарот дека треба да „шмекаат“ наоколу, туку степенот на незасегнатост со било што друго освен муабетот за игрици ми беше фасцинантен. Толку небитна за светов и цивилизацијава материја, а толку „внесени“ во неа. Од таквите ликови и таквиот unbothered однос со фактичката реалност почна пропаста на машкиот род.
Се сложувам со ова, и јас сум била сведок на мажи над 30тата како се опседнати во светот на игриците, до тој степен што друга тематика незнае да отвори на моабет. И ај сеа шо да зборам со таков лик ете сум дала прилика... Инаку стварно некако како да живееме во некој меур и све се вртат истите карактери на луѓе, веќе со самиот тек на годините можеш да сфатиш уште одма дали станува збор за мамино синче, факбој, гејмер, тврдокорен религиски фанатик, забеган џанак и останати.. Машки има ама дали има вистински мажи незнам искрено..
Среќа па повеќето примероци имаат натпросечно интерес за фактичката реалност, сегде лајк да удрат, се женско да превртат, немаат никаков друг интерес и не трошат време на празни муабети. Тие се спасителите на машкиот род, и на човештвото секако