Мислам дека порано ни било океј да правиме празни муабети и да вратиме на асл и сп, а веќе све тоа е на игнор, дали онлајн дали во живо. Едноставно ме смара и ми нема поента таквиот муабет.
Се помалку заеднички теми со кого? Јас секогаш сум наоѓала луѓе со кои имам заеднички теми, па и мислења, независно од пол и возраст. Малку е парадоксално, да имаш повеќе животно искуство, повеќе знаења во животот, а да се смалува опсегот на теми.
Не.Јас мислам колку сме повозрасни и повеќе животно искуство имаме толку имам и повеќе теми за разговор.
Најверојатно девојката ги поминала тинејџерските години затворена у стаклено ѕвоно, под сукњата на мама и џебот на тато. Има недостиг на општествено распознавање на човечки особини и ставови и веќе кога стапува во 4тата деценија, животот го замислува како едно розово балонче, каде што секој еден е интелектуалец и сите принцови ја чекале сите овие години да излезе од тоа стаклено ѕвоно и да и ги презентираат интелектуалните идеи и планови за животот. Ова ме потсеќа кога бев мала и и велев на мајка ми, кога ќе пораснам дома ќе имам слугинка која ќе ми чисти и ќе ме пере. Well guess what? Сама перам и чистам.
Епа девојко баш дека имаш 35 не треба да ја бараш вината само во машкиот пол.Можеби тие немаат теми со тебе.Размисливај малку од секоја страна.Си имала посериозна врска до сега?
За интелектуалка каква што се претставуваш, математика баш и не ти оди? Од 30 до 40 е четврта деценија, ако не знаеше.
Кога ти пишуваат муабети од типот од кај си, колкава си, како си, што праиш..тоа ни било океј кога сме биле тинејџери, а не некој на 30+ години да ги прави тие муабети без поента, посебно рандом од социјални мрежи.
Јака утеха си нашла .После со 4 ка кога ќе биде ќе речеш ај стара сум ....па понатака ај за малку неможам да се мажам .Ако е се во ред не го чекај принцот
@Ви0летКа те читав и на кајгана ако си ти Vikica33. Двете теми ти се комедии. Поготово коментарот(таму) дека треба да бидеш задоволна ако најдеш партнер со заби. Гледаш да најдеш партнер ко да правиш интервју за работа а ти смета што потенцијалните кандидати за вработување гледаат на тебе ко да купуваат половна кола. Опушти се, не значи дека ќе се усреќиш ако се омажиш и родиш. Процентот на среќни бракови е доста мал. Не е само феминизмот проблем туку еден тон социјално програмирање кој поремети мажи, жени, родители, деца. We are all doomed и онака. Ако сакаш деца секако можеш да замрзнеш јајце клетки