Никогаш не е касно. Ако го чекаш принцот на белиот коњ веројатноста да ти дојде коњот е многу поголема. Така ако си пуштиш да ти течат работите многу по среќна ќе си.
Многу лош коментар, има многу во 30тите и 40тите зошто да нема надеж? Па нели помлада е подобро , ете тоа го кажува еве и јас така се тешам и во што е проблемот ? Да, подобро што ми почнуваат годините на 3ка
Не е умирањето во твоја контрола. Поентата беше работи на себе и не се замарај. Според тоа дека на 35 немаш заштеда делува дека имаш на што да работиш. Ако го сработиш тоа последователно нема да ти биде битно дали партнерот ќе ти биде инженер, столар или водоводџија. Ќе си го сакаш за тоа што е, не за титула/занимање/плата.
Боже ја сум со 4ка напред па сум ултра сингл и супер ми е, дури ни симпатија немам барем мозок да си ладам
Повеќе делува дека сака да роди што побрзо ради 35-те години што може да ја избрза при бирање на татко, кој може и да и се погоди а може и пекол да и направи
Може, ако има заштеда Многу е тешко, реално Најтешко е сепак ако не се согласувате како треба да се израсне/воспита детето. Е тогаш детето го бира родителот кај што му е конфорно и другиот е чудовиште. А реално повеќето не разговараме како би ги воспитувале децата. Тогаш си и сам и со некој што одмага
Точно може, еве сум жив пример, не велам дека е лесно ауууу не неее, тешко е и тоа како, но не е невозможно
Од твоја страна нема никаква заштеда но бараш од машко да има заштеда, стан/куќа и да можи да ти ги исполни твоите патувања, козметика и излегувања? Нема логика. Темава ја прочитав скоро целосно и дел од коментарите потполно ме изненадија и морав да коментирам, а не сум многу по пишување коментари. Од моја гледна точка девојките како Тебе имаат пеголеми очекувања односно барања према машките. Да биде висок, личен, да има факултет, да вози БМВ, да има сопствен стан/куќа, да има неговиот татко фирма и што не друго.. (од тоа што сум запознал) Никој не е совршен, секој/а има некоја маана/нешто што му недостасува. Не значи дека ако некој нема факултет завршено дека не можи да работи и заработува пари. Сигурен сум дека има и машки и женски членови на форумов кои заработуваат повеќе пари од тебе иако имаш завршено факултет и исто така не можеш човек да го мериш по интелектуалност во тоа што има или дали има завршено факултет. (не го завршив факултетот но тоа не ме прави неписмен, а за (фејк)ултет со пари секој може да земи во денешно време). И јас имам стабилно работно место па што?, има луѓе кои имаат работа со договор на определено време и земаат висока плата и да им заврши договорот ќе си најдат друга работа. За тоа што си напишала да живее сам барем под кирија, зар не е подобро кога би била во врска со некого и сакате да стапите во брак, сами да си купите куќа/стан или да седите под кирија заедно? Јас живеам со моите родители но не значи дека не можам да живеам сам а и зошто да живеам сам кога не сум женет, да плаќам повеќе сметки и да имам повеќе трошоци па да не можам да заштедам ни денар или ако сум под кирија + трошоци? Ако некој/а живее со родители не значи дека не можи да си дозволи да купи куќа/стан или да живее под кирија. А машкото мора да нуди по твои стандарди: Диплома, Добра работа, Пари, патувања и излегувања, Сопствен/под кирија Стан/Куќа и што уште не, а што добива или "нудиш" што си напишала? Секс, стрес, расправија и главоболка од тебе ако не можи да исполни некоја од твоите желби? Девојче иако си постара 8 години од мене, со твоево размислување/барање тешко дека на некое машко ќе му се допадниш и без разлика дали имаш стабилна работа, диплома и прилив на пари. Едноставно повеќето машки не ги интересираат овие работи но од друга страна повеќето женски ги интересира овие работи да ги поседува машкото. (Напишано со најдобра мисла)
Едно време мислев дека ред пил поткастите се преувеличување. Ти со муабетиве убедуваш дека воопшто не се. Толку некако даваш впечаток дека твојата следна врска ќе биде строго трансакционална и под притисок за што побрз брак и деца....
не се работи за трансакционална врска, на 23,4 години имаш време да создаваш, на 35 ако не си создал до тогаш - кога?
Па, ако дотолку мислиш дека ти е крајно време да создадеш, и дека ако не создадеш после тие год е апокалипса, тогаш намали си ги критериумите и одбери било кој што ќе ти исполнува барем1 критериум и доста ти е, шо..и онака ќе создадете заедно. И јаре и паре нема!