1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали навистина ние жените имаме „ѕид“ во кој удираме по 30-тата?

Дискусија во 'Сингл' започната од Ви0летКа, 18 ноември 2025.

  1. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Тоа што ќе плати алиментација не значи дека и нема други обврски околу децата, да се не лажеме со оставен има еден куп потенцијални причини за кавги во иднина така да сепак нека си бара 100% слободни :)

    Убаво и кажа дека треба да си ги намали критериумите, ај за ниски и невработени е ок коректно да бара таков сепак никоја не сака некој што на 30+ години не работи ништо. Ама ова за диплома на пример и е тотално ирелевантно, во фамилија имам женски што се омажиле што има само средно па ништо не им фали ама виделе дека се добри имаат потенцијал дури денеска и x2 x3 заработуваат од нив со факултет..

    За жал денеска добар дел од девојкиве се ептен прибирливи и сакаат комплетен пакет во старт наместо да се потрудат заедно да заработуваат и спечалат да имаат за добар живот. Да имал диплома, да заработувал добро, гледаат вредност на кола, па да имал свој стан и да ја шета ваму таму да и плаќа - да не се лажеме за ова ти треба едни добри 1500 евра плата што ретко кој ја има во нашава држава.

    ПС. Годините и не и се толку огромен проблем, рака на срце еден куп девојки што ги знам подобро се носат и изгледаат на 30+ години отколку во нивните 20ти години кога беа без скршен денар, без кариера итн
     
    На Simon4e0507 и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  2. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    2.002
    По твоите слики во темата за рецепти немаш сенс за естетика (што патем ми е многу битна особина кај човек), а по твоите мислења во сите теми некако имаш некој феномен каде што многу често пишуваш колку да се каже нешто а најчесто нема смисла и понекогаш ми е непријатно да те читам.

    Е сега да се надоврзам на она за што те цитирав.
    Друга битна карактеристика кај човек ми е да не потценува друг човек врз основа на тоа дали некој има помалку или повеќе финансии, класна разлика или работна распределба. Во последново би ги вброила оние луѓе кои постојано се потценети кои работат физички тешка работа, и најчесто се земаат за пример како прости, неедуцирани и ниско интелегентни. Треба да си ставиме еднаш за секогаш во глава дека не секој има желба да учи, има луѓе кои имаат дарба за занает, и лично познавам луѓе кои немаат финансии а многу сакаат да учат факултет, но ете животот ги насочил во друг правец. Сето ова не ги прави помалку вредни или прости во општеството, во најмала рака помалку потенцијални партнери за врска или брак.
     
    На Panda00, azelea, forumce и 9 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.620
    Допаѓања:
    180.636
    Пол:
    Женски
    Од кога мажите не можат да си најдат партнер(ка) и прогласуваат male loneliness epidemic, па се очекува жените да си намалат стандардите за мажите да ебнат нешто. Ама никако тие да се попрат.

    За спермодонор можам Плодност да одам, и другите приватни болници, ама потпросечен маж не прам среќен.
     
    На baby-star, KateKane, Tam4yy и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Женски
    Да, стандардите ѝ е нормални, ама ова срањава дека нудела карактер, креирање дом...ај плис..

    Аман со тоа дека жена не мора ништо да придонесе и обезбеди во животот со партнер. Здрави, прави и возрасни сте, не се прајте со сила неспособни.
     
    На Nausicaa, Panda00, unlucky и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    8.787
    Пол:
    Женски
    Работата е што, колку повеќе созреваш и старееш, критериумите се повеќе и ќе ти растат. Само што не си веќе 20 годишна, да имаш стотици дечковци на располаѓање со исти или слични карактеристики за тебе прифатливи. Кругот се стеснува, или се во долги врски или се женети, она што останало, нема сите критериуми да ти ги оствари. Ќе ме утепаат што ќе кажам, ама да чинело, до сега никоја не е мутава да не го лапне. Сурово мислење, ама тоа е реалноста.

    И како што кажаа, можеби и ќе треба да разгледуваш на опција, разведени
    со и без деца. Те разбирам дека го сакаш најдоброто за себе и така треба, но веројатно штом до сега не си нашла нешто што чини, веројатно сфаќаш дека опции големи немаш. Или прифати си ја ситуацијата каква што е, или ќе мораш да се соочиш со своите критериуми и да ги намалиш или да ги промениш.
     
    На m.m12345 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.913
    Допаѓања:
    14.519
    Не ја плашете дека на 35 години е готово, немала шанси маж да најде. Тоа е работа на среќа, судбина, избор. Мене не ми падна чудно што на 35 години таа бара на пример партнер кој е постар да речеме и има 40 години, и да има стан. Чудно ми е што бара дечко со стан, а на 35 години со солидна плата има заштеда 0 денари. Тоа е страшно за мене и е знак за незрелост. Имам роднина со полни 40 години и заштеда 0 и сите од страна ја нарекуваат пропалитет, иако е многу фина како човек, на мравка на гази. Ми е криво што така ја коментираат, но реално, луѓето кај возрасни лица ценат зрелост, стабилност, не куп шминки. Брак и деца не се шала. Солидна работа може да се изгуби при прв спонтан. Зависи што е солидно. Јас под солидно почнав да сфаќам дека е солидно ако имаш избор, ако си докажано име во средината каде делуваш, ако веќе за тебе нема зима, тоа е солидно. Ете тоа е моето мислење. Работи на себе, не гледај комшии што ти зборат, а ако шеташ, па можеш и на странец да налеташ, ништо чудно. Не гледај народ што ќе ти збори. Тие во туѓа куќа се аминуваат и разведени, и пијаници, и деца и се, ама во туѓа куќа.
     
    На winnie02, firequeenn, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.127
    Каков исказ!:D
    Да МУ роди МЛАДА(facepalm)
    Прво, нема да МУ роди, ќе си роди за себе пред се, а после за него.
    А второ, и 5 деца да МУ роди млада, ако за друго ништо не ја бива, кај ќе се пика после кутриот?
    Или ако е млада се друго и се простува???
    Многу површни муабети, жалосно.
     
    На Nausicaa, Panda00, unlucky и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Vitkano

    Vitkano Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ова што го викаш не се реални критериуми, туку повеќе твои желби. Има луѓе со диплома што не можат да најдат работа, и има без диплома што се многу успешни. Убаво е да бараш да биди финансиски стабилен ама да бараш стан, диплома, висок тоа веќе го стеснува изборот. Стан може да се направи и заедно. Тоа не мора да е стартен услов.
    Прави разлика помеѓу желби и критериуми.
    Постави си реални критериуми како на пример да е емоционално стабилен, да знае да изрази чувства, да те разбира, да сака комуникација, да има добри навики, да сака да напредува, да се чувствуваш безбедно покрај него, да покажува интерес и вложување.
    Буквално можеш да имаш маж кој нема стан ама е зрел, стабилен и спремен за семејство. А можеш и да имаш што има стан, диплома ама не е зрел.

    Нормално е да постои страв но денес се е многу унапредено и контролирано, и тоа не треба да ти биде главна кочница. Има парови што се земаат на 25, а добиваат деца по 10 години. Тоа не треба да ти претставува проблем бидејќи е господова работа.
    Не ги отфрлај луѓето толку брзо по некои твои желби. Постави си твои реални критериуми зошто децата твои нема да ги интересира дали татко им е висок или низок, туку дали бил зрел и добар човек. Денес има изгубени вредности, тоа е факт. Ама ајде почни од самата себе што навистина ти е потребно за еден скромен и убав живот.
     
    На quattro, azelea, Momichka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    [.[/QUOTE]

    Хахаха, така се вели муабетот де. Бтв 35 не мислам дека е стара нормално8) Мое мислење е тоа. Постар маж со кешарица секогаш "пали" кај помлади.
    Фала богу не кај сите да се исправам да не ме колнете после :D
    Мислам дека сум сменал доволно работни места и градски живот да видам што е како е.Оти и самата членка си напиша чинам ""дека за моите врсници или 3-4 години постари како да не сум повеќе ниту опција и дека тие целат на девојки под 30"".

    Значи пример да речеме во клуб со друштво со нејзините 35г влегува во конкуренција со 23г+ девојчиња/жени. И нормално пак немора да значи ништо од ова, имам роднина на 53 години втор брак почна
     
    На neno0o му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.913
    Допаѓања:
    14.519
    Постаро, помладо, не се знае на кој, како ќе му се посреќи. Жена од 35, може да најде маж од 32 или 33, да речеме. Има некои екстреми каде жената е постара и по 7 години, што лично не ми се допаѓа, видлива разлика е, визуелно. Има мажи со јак факултет, со супер професија, убави, земале неатрактива жена што едвај средно завршила. Сешто има по народов. Сум била како дете на таква свадба, топ дечко, со потпросечна девојка во секој поглед, коментарот на луѓето беше Овој има ли очи?

    Последно еден познаник, дечко на некои 32 години, со добра заработка во странство, добро семејство, родителите му направија куќа и нему и брат му, земал жена од соседството која е скоро 40 и тоа сосе дете кое има 10-тина годинки. Сите ги тапкаа по рамо, демек што има врска, дете си е дете. Тапкаат, бодрат, им е гајле, се смеат под мустак, ама реално колку од нив ќе дозволат нивно дете да расте туѓо дете?


    И што ќе и е разведен на девојката со голем емотивен багаж, дури и да нема дете? Има доста сингл мажи, само ја фатило паника и мисли крај на свет.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.398
    Пол:
    Женски
    И што????
     
    На Emy867, FlirtBerry и Unknown_7 им се допаѓа ова.
  12. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Демек разведените “татковци” се потепаа за децата и да ги чуваат и да им овозможат нешто :D Жими 2те илјадарки алиментација што ретко кој и ги плаќа во денешно време, што е за греота..
     
    На Tam4yy, SummerGirl, ani23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ви0летКа

    Ви0летКа Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Не мислам толку дека се работи за т.н. критериуми туку се формираат животни навики кои не би ги менувале за друг кој само што влегува во нашиот живот

    ако не е крај на светот, колку време имам? ако сега е тешко со секоја година ќе биде потешко

    не се работи веќе за што сакам туку за што е можно

    реално сум чула од мажи истово, се работи за страв дека жена над 30 ќе роди аутистично дете или дете со некоја деформација или слично, демек стари јајце клетки произведуваат дефекти, инаку ова им ги кажуваат нивните мајки

    а што се бара друго од жена? поучи ме
     
  14. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    2.002
    @Ви0летКа а зашто не си го живееш остатокот од животот онака како што ти одговара на тебе? Која е поентата да се изнесе целиот твој став на 3 страни кога не прифаќаш совет?

    Маж не можеме да ти најдеме, едноставно се наоѓаш во таква положба каде што искрено и не можеш да бираш многу (имаш мноогу критериуми, а веќе си во 4та деценија од животот.)

    Ние можеме да испишеме и десет страни за тоа што може и мора да прави една жена, но на крајот од денот тоа е индивидуално.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Ви0летКа

    Ви0летКа Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    мое набљудување е дека нема мажествени мажи и сите имаат некоја замена за машкоста. можеби инфлацијата на програмерчиња направи еден корпус на мажи кои имаат пари но немаат шарм и социјални вештини, можеби треба да барам мажи кои се во социјалната сфера, општествени науки.

    се е индивидуално но генерално едно важи за сите подеднакво, на сите им треба некој во животот, партнер, животен сопатник и за ова нема замена, ниту другарки, ниту семејство, ниту деца, ништо не го заменува партнерот. не барам никој ништо да ми најде, барам одговори како сама да си најдам и каде можеби грешам
     
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Машки
    Што за тебе претставува маж кој не ја изгубил машкоста?
     
    На SummerGirl, FlirtBerry и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Vitkano

    Vitkano Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ама баш тоа ти го објаснувам ако велиш „што е можно", тогаш уште повеќе треба да правиш разлика меѓу желба и реален критериум.
    Висок не е можно/неможно тоа е желба.
    Стан не е можно/неможно тоа е услов што сама си го наметнуваш.
    Мажи има најразлични, не се останати само „ниски и без диплома".
    Само ако ги гледаш низ премногу филтри, нормално е да ти изгледа дека „нема опции".

    И не, не постои инфлација на програмерчиња што ги уништи мажите, ниту пак сите мажи одеднаш станале без шарм и без социјални вештини. Тоа е само впечаток што се создава кога ќе се загледаш во мал круг луѓе, а не во реалната слика.
    И во ИТ има мажи со супер карактер, и во општествените науки има тотално незрели.
    Шармот, зрелоста и машкоста не зависат од професија, туку од личност.
    Ако ги гледаш мажите низ филтер „овие се вакви, они се онакви", нормално е да ти изгледа дека „нема опции".
    Но реалноста е дека има и машкост, и зрелост, и нормални мажи само ти немаш поставено реални критериуми. Кога веќе сметаш дека немаш многу опции намали ги твоите желби. :)
     
    На unlucky, FlirtBerry, Momichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Да, те разбирам. Точно е тоа 35-40 годишен се надева дека некоја од 20 ќе го погледне и се заљуби во него ама пак нема правило. Јас сум постара од тебе така да ако за тебе нема надеж за мене треба животот да е завршен.
     
  19. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    6.743
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво кога самците прават напори и тешко им е да најдат некој кој ќе ги првлече.
    Во фирмата која работатам, има еден куп како тебе @Ви0летКа . И.. жените се жалат за мажите, а мажите ни збор не кажуваат.
    Вредните, скромни дечки никој не ги регистрира дека постојат. Како невидливи се...
    Многу ми е криво.. И како што минува времето мислам дека - мислењето сами за себе им е паѓа под земјата, и не знам дали некогаш ќе соберат храброст да пристапат на некоја....
    Ама да, сигурно и тие се надеваат дека некоја Instagram Царица сама ќе им седне во скутот и ќе им вети доживотна љубов...
    Штета... :worried:
     
    На eliesaab, SummerGirl, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    60.449
    Пол:
    Женски
    Ова се тие високи критериуми што ги велат некои (особено мажи)? Јас овде гледам сосема нормални (дури и пожелни) критериуми. Male loneliness epidemic стана толку распространето што за основни критериуми се вели дека премногу се пребарува. Прашањето е зошто мажите повеќе не можат да понудат основни работи? Наместо тоа фокусот се става дека жените не сакале ништо да придонесуваат. Споредено со порано, сега многу повеќе жени работат, живеат сами, образовани се, имаат хобија надвор од домаќинство, итд. Како не придонесуваат ништо? И тоа го овозможи феминизмот, на кој членката му препиша кривица.

    А за делот со живеење со родители, не мора да значи дека е мрза да се исели. Кириите станаа ужасно скапи, особено во Скопје ако си. Можеби решила додека е сама да заштеди, а со партнер да градат заеднички дом.

    Исто така ми се (mooning) од муабети за биолошки часовник и ограничување со години за нешто. И не, тука не мислам дека треба да се раѓа на 60+, но 35 години не е стара и не и завршил животот па сега да е дај шта даш, аман. Според новите истражувања, мажите се повеќе изложени на тој биолошки часовник, не жените, бидејќи спермата кај мажите многу губи на квалитет со годините. Но на крај пак некако најголем дел од притисокот за стапување во брак е на жената. Нема да си спуштам критериумите до пеколот само за да земам потпросечен маж и да родам "додека ми е време", па после триста фрустрации, па страници ќе се пишуваат во снаи и свекрви и испукајте се од мажот.
    За тешкотии со пронаоѓање партнер и тој "ѕид" исто така постојат и лични фактори, на кои би требало секој да се рефлектира, добро пиша некој погоре да си постави прашања. Секој од нас е одговорен за квалитетот на својот живот и изборите кои ги правиме. Но некогаш и сѐ нај да си, многу влијание има и средината. На балканов тука барем знаеме каков избор имаме генерално. :)

    Има и жени кои премногу пребаруваат да, но според мене многу поголем број се мажите кои ништо не нудат и не знаат да те освојат. Сега имаме слобода што сме ја немале порано, природно е да има повеќе сингл луѓе. Порано никој не ги прашувал дали им е сѐ погодено, бидејќи без брак си никој и ништо, фамозната вистинска љубов и здрава врска/брак било повеќе исклучок отколку правило.
     
    На Tam4yy, M&M, winnie02 и 6 други им се допаѓа ова.