1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали навистина ние жените имаме „ѕид“ во кој удираме по 30-тата?

Дискусија во 'Сингл' започната од Ви0летКа, 18 ноември 2025.

  1. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Машки
    Хаха, кај ја отворив темава, сум станал целна демографска група :D, ок освен висината можеби.
    Виолетка би ти препорачал да се држиш до твоите убедувања и критериуми. Да далеку е потешко оформени личности да "кликнат" но со некои анегдотски приказни од youtube и самопрогласени гуруа за денешните врски само ќе те однесат подалеку од реалноста и тоа што го бараш. Без откажување, почесто излегување и ќе си најдеш соодветен партнер.
     
    На Mumoftwo30 и ilenaki им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.368
    Допаѓања:
    198.069
    Можеби грешиш во тоа што немаш баш дефинирано што сакаш?
    Какви се тие мажествени мажи за почеток?
    Инаку ништо ненормално не гледам во иницијалните критериуми, ако немаш уште некој сокриен под-критериум, пример да има плави очи и да ја носи косата на лево.
    Друго, вака конфузно ми делуваш, нели општествени науки си студирала и немало таму мажи? Па 35 години си имала- па замрзни си јајце клетки. За се има решение, само малку перцепција надвор од матрицата.
     
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно има подкритеруми во тие критериуми..
    Во ред е критериумот да има работа, да не зависи од некој, ама дека мора да има диплома. :drunk:
    Што покажува за еден човек таа диплома? Дека е паметен? Не воопшто, познавам човек постар е, работи како градежен работник има одено во школо до 4 одд, 5-8 вонредно одел, знае на памет се да пресмета, покажи му на лист некоја форма кажи му димензии за брзо ти смета периметар, површина ако е 3д волумен, множи, дели, корени од големи цифри на памет за 0 време знае да пресмета и 100 % е сигурен во себе. Јас со диплома и тоа на технички факултет со напредни математики 2 цифрен број на памет да помножам пресметам ќе ми требаат 5мин..
    Или мала плата земаат сите без диплома? Не пример занает како механика/мајстор за коли земаат многу голема плата тоа сигурно, денес коли за поправање имаш колку сакаш. Мојот автомеханичар во МК работат тој и уште еден заедно работат по 10-12часа на ден некогаш и по цел ден не можеш на ред да стигнеш за поправка..

    Исто така зарем не е голем критериум да не сака некој поради неговата професија ете програмерите не чинеле.. Чинат само тие што завршиле како неа, ама тој факултет е слаб очигледно со машки студенти..
     
    На M&M, Panda00, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.145
    Допаѓања:
    204.646
    Пол:
    Женски
    Ѕидовите сама си ги поставуваш, за тоа треба да бидеш свесна. Од старт дискриминираш, а ако дадеш шанса на некој што не би го дејтала ни на сон поради тоа што е низок на пример, може да се изненадиш. Реално, животот не чека. Наше е дали ќе ги искористиме шансите што ни ги дава. Треба да имаш критериуми, да, ама не по секоја цена да држиш до нив, ко слеп за стап, некогаш треба и компромис.
    Партнерството е нешто што заедно го градите. И нека е шворц, ако е амбициозен да постигне нешто во животот, заедно да почнете од нула, може многу да изградите. Ама треба да сакаш да го правиш тоа, не да чекаш на готово од партнерот.
     
    На senza.parole, eliesaab, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Секој што е во медицинскиот сектор знае ова дека е тотална невистина

    Наводното истражување што се појави последниов период е од медиуми кои објавуваат иста woke пропаганда дека трансгендер е ок итн, и генерално форсираат политика против бракови семејства деца.

    Реалноста е ова
    1.png
     
    На Aenarion му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    10.706
    Пол:
    Машки
    Women always date UP. Тоа им е во гените. И ако некоја се посветила на едукација, кариера, градела, инвестирала, се ситуирала, таа или ќе гледа хоризонтално, или малку нагоре. Еве, дури и да ги „спушти критериумите“ и да почна да излегува со некој со пониско образование, без сериозна работа или бизнис, без никакви заштеди, без барем почнати инвестиции за место за живеење, кола и сл... што ќе прави таа со него? Ќе го бејбисита? Прво што муабет ќе прават? За кладилници? За дневно-политички препукувања? Замисли треба да искочат и она доаѓа со кола го зема од кај мама и тато, го носи некаде, па потоа го враќа. Па му држи животни лекции, дека не треба само да игра игрици и да земе да учи или да се обучува во нешто, да влезе машки во бизнис светот и да печали, да создава, дека утре се очекува да биде машкиот столб во семејството.

    Прво, и на машкото ќе му смета тоа. Ќе му удри на егото, ќе му дојдат до израз комплексите, ќе создава конфликти, ќе се обидува да ја понижува мислејќи дека така ќе се издигне над неа. Па ќе биде љубоморен кога она ќе биде во друштво со „поуспешни“ мажи итн.

    Втото, не е дека жените трчаат по пари. Кога некое машко, на 30-40 години уште игра игрици, виси по кладилници или го поминува денот во безделничење, тоа зборува и за неговиот карактер. Жените сакаат сериозни и одговорни мажи, а не деца. Едноставно деца не ги палат. Либидото им е такво. Може некогаш да се излажат по некој млад мускулест висок црн со тетоважи да го опнат онака за една две вечери, чисто од стрв, ама тешко тоа да продолжи во нешто сериозно и трајно.

    А тоа дека феминизмот ги излажа жените, да ги излажа во неколку погледи, ама тоа е долг муабет.
     
    На Katie90, Tam4yy, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    8.787
    Пол:
    Женски
    Муабетов може да ти држи вода за 20 годишни момци. На 35 години, ако си шворц и не се грижиш да направиш нешто повеќе за себе, тоа многу кажува за него. Или неа. Небитно. Во најмала рака, да имаш некоја заштеда, да се бориш за себе, дури и да газиш преку за да постигнеш цел.

    И тоа многу кажува за него. Што правел до сега и зошто нема пари. Точно, сите тргнуваме од некоја точка, можеби за некој поповолна, ама има луѓе од дното што тргнале па се искачиле на врвот или барем тежнеат кон тоа.

    Тие приказни на заедничко создавање се баш за тинејџерки во тема љубовни проблеми. Двајцата треба до 35 години да се реализирани и етаблирани на некое поле.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.145
    Допаѓања:
    204.646
    Пол:
    Женски
    Моето искуство покажува дека животот е тркало. Денес си горе, утре долу.
    На 35+, ако човек е вреден и амбициозен, веќе ќе има создадено нешто, нема да чека од мама и тато.
    Лично мислам дека дел од критериумиве на девојкава не се баш ок...најважно е да е човек на место, како што реков вреден и амбициозен, да ја сака, почитува и поддржува. Џабе е убавина и диплома ако е неранимајко во душа.
    Па ако ти се ова приказни за мали деца, ок, нека биде така.
     
    На eliesaab, M&M, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.052
    Допаѓања:
    41.412
    Пол:
    Женски
    Исто како што многу кажува за неа. Или ова важи за мажите само? На 35 живее со мама и тато и има 0 заштеда и тоа е ок според вас, ама не е ок ако беше маж.
     
    На macysh, Panda00, Аргентина * и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ви0летКа

    Ви0летКа Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    и мораше да има „паметни“ што ќе напишат дека сум машко ;(

    без да бидам арогантна, ако маж не успеал до 35-40 кога ќе успее? ако земам амбициозен и амбицијата не се реализира, што тогаш? треба да го замразам кога ќе чекаме да купиме на попуст патики за децата?
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Машки
    Ти кога на 35г немаш заштеда што си поразлична од него?
    И ти сите пари ако ги даваш на патување и шминка и не знаеш уште како да управуваш со финансиите, најверојатно и парите на мажот колку и да се ќе сакаш на ист начин да ги трошиш и пак ќе нема за патики на децата.
     
    На eliesaab, simona_baby, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    16.941
    Пол:
    Женски
    Е какви нормални коа ни она не нуди апсолутно ништо освен фалбата и личната сатисфакција оти била учена женска?

    На 35 да немаш нишо заштедено, а вика образована, со дипломи, стабилни проходи, прошетана.. Нон сенс е.
    И она ќе бара и ќе има превисоки критериуми.

    Секој треба да си бира спрема него, да си е свесен и реален, иначе тешка работа. Не знам што се замислуваат дека се.

    Шо не има гз и да рече дека ако најде асален и добар, заедно да создаваат, ко што и треба, да придонесуваат заеднички? Вака по муабетов си бара некој кој би ја издржавал во иднина, дур она си ужива и троши, мажето подмирува трошкови за живот.
    Многу се филмате бе.. Не живееме у турска серија.

    Ако сте такви феминистики ко шо се прикажувате, испод част треба да ви биде да се спуштате на тоа ниво.

    Темава е за тролање отворена, али нека се дискутира, да се видат контрадикторностите на дело.
     
    На winnie02, Panda00, EvAngelos и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.145
    Допаѓања:
    204.646
    Пол:
    Женски
    Реков ако е вреден и амбициозен на 35+ веќе ќе има создадено нешто за себе. Тој вреден и амбициозен човек може да е супер за тебе, да има свое живеалиште, заштеда, кола, ама ете, нема да го дејташ оти е низок или нема диплома. Сакам да ти кажам дека некои од критериумите не ти се на место. Ти не бараш помлад со нереализирана амбиција, ти сакаш некој колку тебе или постар, а луѓе на таа возраст кои се вредни и амбициозни, верувај, веќе создале нешто, не се шворц и не живеат со мама и тато.
    Читате, ама некогаш не разбирате што е напишано.
     
    На eliesaab, M&M, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    1.996
    Купување плански и на попуст е домаќинска работа. Ти очигледно бараш некој што ќе ти ги задоволува сите каприци, а немаш ништо да понудиш за возврат.
     
    На eliesaab, macysh, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Машки
    И ја не сакам жени што на 30-40г безделничат и нишо не прават, виси по маникири и педикири и троши пари на тато и мама, па сега сака да ги замени со моите пари.Мене ми треба сериозна и одговорна жена, па бидејќи влегувам сериозно во светот на бизнисот можеби да ми помогне со некој совет, инаку шо муабет ќе правам со неа дома, ќе ја бејбиситам ли?Освен ако не е млада и тетовирана, цицлеста со стегнато газе па да ја опнам 3-4 пати, зависи од слободното време.А да, ќе заборавев, на прв дејт ако не ми носи диплома од факултет или индекс, дека е успешна студентка, одма ја терам у пичку матер.
     
    На eliesaab, Stark, EvAngelos и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.398
    Пол:
    Женски
    А ти што имаш на твои 35?
     
    На eliesaab, Panda00, Unknown_7 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Машки
    Лозница у двор
     
    На eliesaab, Stark, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.398
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Диплома Дарко, ама толку знаеме и ние! :rofl::rofl:
     
    На eliesaab, Panda00, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    31.365
    Пол:
    Женски
    Ама се фативте за тоа дека има 35 ко да се во прашање 70 години. Некоја сто пати може да е позгодна и поуспешна на 35 отколку некоја на 25. Или муабетов дека тој од 35-40 години можел да земе 23 годишна млада да му роди нема никаква смисла. Не секоја ќе сака толкава старосна разлика а и да не разочарам некое машко, повеќето вакви парови за кои знам, тие машки се полни пари. Не сметаат дека еден стан и плата е претерано барање. Значи за ништо нема правило. Млади на по 20 години се борат со неплодност. Другарка прво роди на 38, второ на 40 а сега на скоро 43 чека трето. Секој треба да си се цени себеси и своите вредности а не да спушта критериуми на минимум само да најде некој било каков.
     
    На Tam4yy, eliesaab, girll_aa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    8.787
    Пол:
    Женски
    Зошто пробуваш да ми наметнеш нешто што не сум кажала?
    За двајцата важи.