Не е сѐ до дипломата, ама не е сѐ и до парите. И јас не знам зошто се демонизира толку да имаш високо образование, одма се оди на претпоставка дека со врски бил или купена му била дипломата или пак можи да е глуп или не знам што. Нормални луѓе што завршиле високо образование се малку друг свет, се движеле во други кругови, имаат други искуства, така муабетот во друштво со нив е поинаков. Има разлика меѓу некој кој го има сето тоа и некој кој со тригодишно средно е цел живот каде што се родил и не му треба повеќе. И да не се сфатиме погрешно апсолутно не потценувам занаети, браво за луѓе што успеале и без тој факултет да се снајдат и добро да заработуваат. Апсолутно не мора секој да има диплома. Едноставно муабетот ми е не на секој тоа му одговара кога ќе дојди за врска/брак, за комуникација и општо како гледате на светот, искуства и сл.. и тоа е океј. Луѓето генерално си бараат слични на себе, иако нема некое правило. Иако не ми е дил брејкер, и јас сакам да има високо образование. Јас да би можела сега втор факс би запишала, сакам да учам, ме интересираат и многу други работи надвор од струката. Така да тешко би се погодила со некој што нема желба за надоградба.
Се си има свои предности и недостатоци. И да, друго е да разговараш со добро начитана личност а друго со неначитана, или ограничена личност. Секакви има... на што ќе налета човек... пак како што кажав погоре... да се погоди личноста прво
И дипломата не е гаранција дека се работи за начитана, паметна и културна личност. Колку познавам со диплома, а се нелуѓе во срж... Реално, не велам дека не треба диплома, ама не е пресудна, само тоа ќе кажам.
Темата немаше врска со тоа кој ќе има поголема плата и дали дипломата е купена или не... Членката што побара совет кажа дека не може да дејта некој што нема диплома и сите се трудат да и докажат дека таа диплома не докажува секогаш колку некој вреди и колку плата ќе зема.. Исто така кажа дека не било каква диплома, морала да биде некој факс сличен на тој таа што го завршила, затоа што не ги сметала мажите со др диплома за доволно мажествени... Која е поентата да дејташ само на основа на тоа дали некој завршил факс и каква работа работи? Постојат други критериуми кои што треба да ги гледа прво, пример како карактер е, утре дипломата, парите и висината ништо нема да ти значат туку каков е човекот со кој живееш.. И не значи дека ако има диплома би бил подобар татко и би им купил патики на децата, има некои земаат огромни плати и не им е баш гајле за децата што ќе носат..
Ете совет наш Лимонче... тоа е советот. Дека не е пресуден фактор факултетот, дека што и да работи нема да биде помалку маж од тој со диплома... Е сега ако смета дека мора да има одреден факултет...како нејзиниот... незнам, тогаш си има проблем според мене. Факултет пак уште како нејзиниот зашто другите не и биле привлечни... извини, ама тоа е веќе проблем... Висина, тежина и друго не потенцирам многу зашто тие си се индивидуални вкусови и не би навлегувала... Едно знам, убавината е минлива. Старее човек, се менува...
Се се менува, ама карактер многу ретко.. Може ама карактерот се формира до 16-18г најмногу до 25г, зависи од човек.. Многу е по важно да одбеше човек со кој ќе можеш да ги поминеш сите препреки во животот, отколку да бираш висина, тежина изглед или да бираш во согласност на работата... Да разбирам да речеш повеќе ме привлекуваат високи и луѓе со диплома, ама дека дејташ само одреден тип и дека нема да дадеш шанса на некој да се докаже каков е само според изглед или било што материјално... Имав другар од средно сите девојки го одбегнуваваа поради тоа што беше мирен, срамежлив и не беше нешто претерано привлечен на изглед, детето беше душа од човек јас се дружев и паметен и ќе ти објасни ако го прашаш, културен, фин да го запознаеш добро нема во карактер ни најмала мана да му најдеш.. Го немам сретнато од тогаш ама сигурен сум ако некоја до сега му дала шанса ќе живее/живее животот 100 пати по убав од некоја што живее со најзгоднииот дечко на свет..
Така си е, скроз си во право. @Mr.Limonko Јас на пример немам слух за материјални работи... може дијаманти да ми постели, 100 дипломи да има, со златна лажица да ми даде да јадам... за мене не е тоа важно, ни најмалце. Ако немам чувства џабе е се, апсолутно се. Сопругот мој нема диплома ама го сакав најмногу од се на светот... додека не се сруши се. Од изгледот... само да е повисок да си се потпрам на него... толку. Хахахха може ќе ме избришат зашто не е темата тоа... Дали имал диплома или не, небитно. Патичиња тој пак ќе им купи на децата И на ручек ќе ја однесе... и се. Пак со тие ручеци веќе... подобро би готвеле заедно, колку е убаво тоа...
Според овие стандарди што ги наведе членката, не верувам дека нема да го додаде и условот да има поголема плата од неа. Искрено не ни помислив дека некој може да го наведе факултетот како предност кај парнерот. На крај се се сведува на карактерот. Имав напишано погоре, пак ќе кажам, џабе ти е некој доктор на науки ако те малтертира цел живот.
Јас ќе се надоврзам со моето мислење за желбите vs. критериумите. И дадов само чист и добронамерен совет да си постави реални критериуми, ама не го осудувам нејзиното мислење. Некои очекувања денес се и контрадикторни и нереални. Постои силен општествен притисок и врз мажите и врз жените. Не секој маж има ист старт во животот, не секој имал шанса или поддршка да изгради нешто до 30 години. Исто така, не секоја жена имала можност да биде независна, образована и слично. Не е проблемот во тоа што жените имаат некакви стандарди или дека мажите „не вредат“. Проблемот е што и едните и другите се под нереални очекувања. Затоа и настануваат страв, разочарување, наместо фокусирање на вистински вредности како зрелост, партнерство, карактер и слично. Современите очекувања се огромни. Ја разбирам потребата мажот да биде поддршка за семејство, да знае да биде татко ама каде тоа се учи? Мажите повеќе ги потиснуваат емоциите за да не покажат ,,слабост". Имаат страв да побараат помош, бидејќи нели изгледа „немаш доволно машкост“. И затоа често не се емотивно отворени веднаш. Таа го обвини феминизмот дека ја „зезнал“ бидејќи им дала предност на кариера и образование наместо на рано создавање семејство. А тоа, всушност, е класичен пример за социјален притисок. Општеството испраќа спротивни пораки биди успешна и независна, ама немој да останеш сама. Не треба да се бара готов производ, туку партнер за заеднички живот. Има многу фактори што влијаат зошто некои луѓе се едни, а други поинакви но тоа сметам дека е долга и опширна тема. Не постои училиште за партнерство, ниту за родителство. Не може да се очекува секој веднаш да покаже се што го очекуваме тоа се гради, заеднички. Битно е да се најдат оние основни критериуми кај човек кој сака да се менува и кој гледа иднина со тебе. А не да има само диплома. Никој не доаѓа совршен. Она што е важно е да се препознаат основните квалитети: зрелост, желба за напредок, карактер и способност за промена. Пак ќе напоменам: шармот, зрелоста и машкоста не зависат од професија, туку од личност.
Целосно сме на темата. Еве, зошто ти мислиш дека купување на попуст е лоша работа? И зошто не сакаш мажи што би чекале еден месец за да купат нешто на попуст?
Се согласувам, треба хемија, енергетска поврзаност, да ти е пријатен нечиј глас и насмевка, неговото присуство да те облагородува. Единствениот вистински тест за компатибилност.
Ох,па јасно ми е ова,и без спам ова знам баш вака дека се филмаат,девојките посебно,па после кукање немало мажи,немало мажи.Абе се на лошите налетувале,многу се гледа инста,ФБ,и како лаже сликата за совршен пар,ама ај ,нивен избор ,гајле ми е бре,нека си бидат најсовршени ,еве јас сум простата со човек со средно школо.
Според мене, дипломата не е пресудна. Немам ништо против луѓето со диплома, и јас имам завршено факултет, сум имала и партнери кои не студирале, па тоа не ми претставувало никаков проблем во врската. Едноставно, факултетот не е за секој, како и сѐ друго. Секоја професија е битна и потребна во општеството, не мора сите да сме доктори на науки, потребни ни се и фризери, и продавачи, и шофери, и мајстори, итд. Тоа што некој не завршил факултет од било која причина, не го прави не амбициозен. Може да биде амбициозен и да сака да се надградува во други области. Јас лично им се восхитувам на луѓето што си имаат свој бизнис или знаат некој занает, фино си заработуваат и издржуваат фамилија од тоа, верувам сите познаваме барем еден таков. Познавам и луѓе што имаат диплома, па сепак работат надвор од струка, и јас сум една од нив, така да, дипломата не е гаранција, да не се лажеме. Има и такви што и покрај работата, учат нешто ново, запишуваат курс, некои имаат и хоби кое би можело понатака да биде и потенцијална работа. Пример, колку девојчиња како хоби шминкале другарки дома, а покасно си отвориле свој салон и заработуваат повеќе од некој факултетски образован. Да не зборам па за фотографија, летоска работев во едно студио, само од една свадба правеа 1000€, само за сликање, а каде е видео, каде се сликите за гости.. Во еден ден заработуваат нечија месечна плата. Никогаш не знаеш каде ти е среќата, секогаш можеш во нешто ново да се пронајдеш и да научиш нешто ново, секако ако сакаш. Сакам да кажам, не значи дека ако некој нема факс, не е амбициозен, и обратно, не значи дека ако има факс, дека е попаметен од некој што нема, тоа само значи дека е образован. Ништо не е црно-бело во животот. Океј е да се има критериуми и океј е да си бараш партнер сличен на себе, значи фер е да го бараш тоа што и ти го нудиш. Да е добар човек, да си одговараме, да ми се свиѓа физички и да е амбициозен е основно, нормално е да го барам тоа, ама дипломата апсолутно не мора ништо да значи, барем тоа е мое мислење. Не би барала да има свој стан, ако ја уште живеам со моите, затоа и реков дека е фер да го бараш тоа што и самата го нудиш. А ако сме и двајцата амбициозни, ќе се трудиме и заедно ќе изградиме нешто свое, нема да се чека само од едната страна, без разлика дали маж или жена. Ама, на крај краева, секој си знае за себе.
Прво не е лубеница па некој да ја бира, не сме на пазар. Друго..ако веќе некој бира реално гледано тоа се жените. Ако стварно сака јас верувам дека уште денес ќе најде некој да се земе со него, ама не мислам дека тоа и е баш паметно. За тие на нејзина возраст мажи што ги смета асални и се во брак, гарантирам дека поголемиот дел се далеку од асални ама ајде друга тема е тоа.
Треба да престанеме да си ставаме фиктивни ѕидови и притисоци од околината. Секој си го развива животот со свое темпо, не може се' да ни биде подредено по конец до определена фиктивна временска рамка.
Ти ги прочитав сите мислења и сфатив дека имаш ниска самодоверба и зрачиш со таква очајна енергија. Не ти го кажувам ова злонамерно, туку да се свестиш и работиш на себе. Не ти се критериумите високи ниту се годините проблем.