Не знам колку години имаш ама со моите 35 можам да ти кажам дека за врска и брак бираат мажите. И јас мислев слично но еве речиси сите мои машки врсници се во брак или бараат некоја од 25 која нема да има проблеми при раѓање а некаде читав дека жени над 35 години имаат големи шанси да родат аутистично дете. До кога да работам на себе? Часовникот отчукува. Направив се што препорачуваше феминизмот, дипломирав, се вработив, градев кариера, шетав по одмори и сега што на 35? Дипломава да ја ставам во колевка и да ја лулкам? Би дејтала/омажила водоводџија? Молер? на долги патеки е неодржливо, затоа. Сега на 35 години гледам дека можев со факултетската љубов да имам веќе 2 дечиња кои сега би имале 9 и 11 години и ќе можев сега да го завршам факултетот зошто тоа е нешто што трпи одложување, а реално работам работа за која не ми е пресудна дипломата ( пред две години работев во администрација но поради токсични колешки напуштив ама долга е таа приказна ). Како се сруши се ако не си бирала според материјален аспект и академски аспект туку според љубов? Исчезна љубовта? Зошто е погрешно да бараш подобар од себе? Маж што работи во Кам е помал маж од инжињер да не се лажеме. Едукацијата е битна поради друго не поради парите. Колку авто лимари си видела во филхармонија? Ако ништо друго, додека ја земеш дипломата ќе се промешаш со културни луѓе. Накратко. Феминизмот е виновен затоа што не излажа дека мажите не гледаат на години. Гледаат. Ни еден врсник мој што се снашол и што е реализиран не бара жена на сопствени години и тоа од реални причини како на пример сака повеќе деца ( кои јас немам време да му ги родам ) сака жена која ќе ја вклопи во сопствениот веќе формиран начин на живот а тоа многу полесно оди со 25 годишна од колку со мене која имам создадено веќе животни навики и сл. другарка ти е исклучок не правило работа, факултет, животно искуство Заедно се создава од 25 до 35, не од 35 до 50
Па тогаш што не дозволиш некој да те избере туку ти пребираш? Не ти е виновен феминизмот си можела да дејташ во меѓувреме додека студираш и да најдеш некој и на 25. Зависи кој како гледа на години... Зрел маж со здраво размислување на 40г не би дејтал 20годишни и ако дејта не е поради поголемиот процент да му роди здраво дете, туку поради што има проблем и не може да изманипулира со 35 годишни како со 20годишни... Зрел маж поставува реални разлики во годините. Не би дејтал девојка што би можела да му биде дете. А филхармониите полни со инжинери. Нели бараше маж за да имаш деца, што сега бараш во филхармонија? Ти бараш некој на 40 г, да не е занаетчија, да има диплома, ама само од факс ти што го сакаш, да сака се исто ти што сакаш, да одите на филхармонија, да те издржува, да биде на секое поле поуспешен за тебе, според твоите критериуми да биде мажествен, бидејќи не сите мажи се мажествени за тебе, да сака фамилија да створи.... Дај кажи и колкав процент од мажите од прилика ги исполнуваат овие критериуми? 0.5%? Ако не поставиш реални критериуми и до 70г нема да се омажиш, ако ти е за деца оди вештачки оплоди се и не ти треба маж пошто таков да најдеш тешко..
Удираат во ѕид ако не ги спуштат малку критериумите. Што знам, за мене е важно да е стабилен човек, да нема пороци и да заработува. Колку ги има богаташи, имаат се и сешто и имот и образование и дипломи ама се нула како луѓе, а во денешницава, Бога ми, поретко се наоѓаат нормални мажи со здрави ставови и однесување.
Аууууу извини!! Што толку голем факултет имаше што го ставаш на пиедестал, да не дипломираше случајно квантна физика на Хардвар па ги омаловажуваш другите луѓе?? Си дипломирала,работиш на 35 години голем ташак ко божем си добила Нобелова награда.
Со вакво размислување уште долго ќе бидеш сама. Јас гарантирам дека тој водоводџија или молер месечно зимаат многу поголема плата од ти што имаш диплома. Тоа што на тебе ти е побитно партнерот да ти носи костум на работа а не извалкани работнички алишта е друго и само покажува дека ти уствари сакаш маж на јака позиција. Како и сите нас тука
Дада, она вредна, нашетана, образована за на 35 да нема ни за кирија, ни за свој дом било како. Грев Да не ти беше феминизмот, одамна ќе те избркаа твоите за да немаат плус уста за ранење и ќе беше во некоја шупа мажена за некој сељак, тепана секој ден. Немаше никој да те праша дали и за кого сакаш да се мажиш
Имам 35 години, висок сум 185цм, редовно одам во теретана со години, имам магистрирано, работам по струка и имам одговорна работна позиција со подредени работници хиерархиски под мене, заработувам солидно за македонски стандард, имам свој стан (подарен од моите успешни родители, чисто за информација). Читам книги, одам во кино, театар, како и од време на време кога има претстава што не сум ја гледал, на балет или опера. Да бидам целосно искрен, пред неколку години почна да ми опаѓа косата над челото. Како резултат на тоа, почнав да ја бричам косата, а бидејќи сум релативно висок и набилдани, оставам впечаток на рекетар Какви ми се шансите кај тебе @Ви0летКа да се запознаеме?
Едноставно, помири се со тоа, и млади жени се борат со неплодност, раѓаат аутистични деца, секое трето дете има проблеми со говор, па треба да се носи на логопед итн. Како за другите така и за тебе. Добар дел од мажите и жените во државата, млади или стари се неплодни, поради повеќе фактори и од тоа нема бегање. Ти фали психичка сила. Многу некапацитетни луѓе имаат дури и магистратури од приватни колеџи, а денес на 35 години повеќето луѓе работат, освен некои екстремно мрзливи, и работа на 35 години е потреба, не е нешто екслузивно. И не очајувај, затоа што очаен човек се познава на километар. И ти се споредуваш со други, мислиш ако некоја се омажила млада, млада родила деца, како којзнае што се случило. Си можела и ти на 18 години да се омажиш, да зависиш од некој како што велиш молер, да родиш дете, итн, ама тоа не те исполнувало, е сега пак не си исполнета. Значи ти треба мир. И не можеме сите да имаме се. Некој ќе нема деца, некој пари, некој нема здравје итн.
Ноуп, за ова сето е крив патријархатот. Феминизмот не ги гледа жените ко потрошен материјал и дека над 30 не вредат за врска, брак и раѓање деца. Ако не беше феминизмот, сега немаше ни образование ни работа да имаш, недајбоже па да пребираш вака, но ќе беше омажена најкасно до 18 за било кој, ќе беше домаќинка и ќе имаше барем 3 деца родено. Не е дека не те бираат, чисто за да имаш некој се наоѓа баш во секое време.
во принцип она што го велиш е дека ако не беше феминизмот до сега ќе имав три деца и некој кој ќе се грижи комплетно финансијски за семејството без јас да морам да одам на работа евр?
Да бе, ако те омажеа за шеик. Ами ако те омажеа за ѕидар? Иначе можда и 8 деца ќе имаше, кој знае А дали ќе имаа патики, без попуст, исто не е сигурно. У никој свет, никогаш, не играл тој филм дека жената не работи. Ќе си работиш, и во феминизам и во нефеминизам, само што со феминизам можеш да бираш што сакаш за себе и евентуално да имаш твоја лична сопственост. Е изборот ако ти е проблем, твој проблем
Да и ќе бидеш слугинка дома без право на мислење. Евентуално тепана, омаловажена ќе бараш пари од мажот за леб.
Или тоа, или некој лудак што ќе те малтретира ама ќе е срамота да се разведиш бидејќи ќе бидиш обележана до крајот на животот така (а во другиот случај малтретирана). Секако не можиш да пребираш, тоа што ти се дава го земаш, зависи што среќа ќе имаш.
Не зависи од тебе тогаш.. Да не беше феминизмот немаше да можеш да бираш дали ќе е со диплома или без, татко ти штом ќе наполниш 18г ќе ти најдеше маж што него му одговара... После мажот најверојатно ќе газеше по тебе затоа што си жена и јазик нема да смееш да извадиш пред него, ќе молчиш и трпиш. Ако преречеш нешто ќе си јадеш ќотек.. Така функционирало општеството пред феминизмот.. А секој што мисли дека жената вака заслужува да живее нека не подржува феминизам..
А феминизмот пиштол ти држеше на глава дека мора да студираш, работиш и да не се омажиш? Ништо сега, касно е.
растев со учи, студирај, прави кариера, работи, шетај, има време. патријархатот не го вели тоа. Што го спречува било кој маж да ме третира лошо денес? дипломата моја? Работата? во муслиманските земји уште вака функционира. Зошто не се бори феминизмот за тие жени или само белите христијанки заслужуваме феминизам? Не гледам револуции во авганистан, Иран, Пакистан, ниту протести каде што највеќе требаат. Што ги спречува жените таму да протестираат а овде кој ги охрабрува да го прават тоа?