Жено, ти бараш маж да те издржува, и да му родиш 3 деца, самата се класифицираш како расплод, не раѓам деца на никого, туку лично на себе прво, и не чакам од никого да ме издржува а јас дома да легачам, зошто???? Оди работи ти, тој нека ги чува децата, ете со дипломата си способна за добра работа и кариера, не?!?!?!? Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го бараш во партнерот треба и ти да го поседуваш, да е взаемно, а не да бараш да има се, да прави се, ти дома да уживаш, со се на готово. Ова во бајките само. Па оди бе живеј во тие муслимански земји, ако е поубаво и подобро, зошто не одиш? Да видиш како е, па тогаш дали вака ќе збориш да видиме.
Не можам да поверувам дека ова што го читам го напишала жена - прошири си ги малку погледите во делот од општа култура! Пред неколку години, не толку одамна имаше големи протести од страна на жените во Иран, кадешто беа УБИВАНИ од полицијата млади девојки бидејки се кренале на бунт И да твојата диплома и работа ти овозможува финансиска слобода да не мораш никој да трпиш во случај на било какво семејно насилство - отвори прочитај како во Авганистан дел од жените кои се похрабри колку се борат за правото за образование
https://en.wikipedia.org/wiki/Death_of_Mahsa_Amini https://en.wikipedia.org/wiki/Killing_of_Nika_Shakarami Еве линкови прочитај сама
Епа ете ти решение. Се преселуваш во некоја од овие земји, со бурка забулена нема да се забележува дека имаш 35, и ќе те земе Ахмед за 4та жена.
Зошто да не, ако е човек на место? Јас сум доктор по професија, не барам подобар од себе, барам рамноправен партнер, човек пред се'. Таков и најдов, има факултет, ама ден нема работено во струка. Ни јас не работам целосно во струка, иако работата ми е поврзана со професијата. Не е феминизмот крив, криви се очекувањата на општеството по кои се водиш, наместо да ги земеш предвид твоите потреби и очекувања. Оти ти си го живееш твојот живот за себе, не за другите. Ти сакаше образование, кариера, шетање, си го исполнила тоа. А ништо од тоа не е пречка паралелно да изградиш и стабилна врска со соодветен партнер. Во ред е да имаш критериуми, никој не го оспорува тоа. Ама некогаш критериумите се ѕидот зад кој се криеме, поради стравот да не бидеме повредени или стравот да не завршиме со некој кој не ни е достоен. Зборот ми е, треба да дадеш шанса и на оние кои не ги исполнуваат во целост твоите критериуми (не зборам за коцкари, насилници и пијаници, таман работа), можеш да се изненадиш.
Види вака.. Мажена сум за таков. И ко го запознав беше водоводџија и сега е. Нема факултет завршено па таа водоводџиска плата не издржуваше како фамилија 2 години додека немавме дете. И замисли, преживеавме и се луксузиравме И не разбирам шо ти е проблемот со понижувањето на професиите вака. Маж ми е душа од човек, да го оставам дека е водоводџија?
Водоводџија Луно не се остава. Тарифата им е поскапа од даскал еве да речеме. Ко сите со факултет што се ја исправија туку ај. На денешната па и во мк, кој нема диплома веќе. Само оној кој не решил да си купи, оти знае дека нема да му треба.
Леле, уште ли бе се замарате со тоа шо сакале мажите?? Водоводџија, инженер, па сакал некоја од 20г... Хахаха. Мажите и во дрво ќе го пикнат само да нема мрави, така да треснете си по една тава од глава и уживајте во животот. Се живее и без маж, дете се гледа и без маж, not a big deal. Колку донори има ехеее.
Ајде срцка, пресели се во Авганистан. Буквално никој не те спречува. Зошто уште се дискутира глупава тема?
Како за некоја што толку се фали за завршеното високо образование, правописов не ти е на некое завидно ниво... И да, би се омажила за водоводџија/молер затоа што не ги рангирам мажите според професијата. Факултетот не ми е репер за тоа дали е некој успешен или не, писмен или не, секој во денешно време може да купи диплома и да рече: еве, имам факултет. Кога гледам какви неписмени се со факултетски дипломи, ич не ми е клучно тоа. Да не се разбереме погрешно, битно ми е да работи, да заработува и да не го издржувам јас ама професијата не ми игра улога. И не знам колку си запознаена, ама занаетчиите и тоа како имаат добра заработка, ако веќе зборуваме од финанСиски аспект. Ама не, побитно е луѓето да не речат: еј види ја оваа, со мајстор се земала. Што се нема да прочитам...
Јас стварно не сакам да плукам по никоја личност, ниту да судам... Ама девојко, јас читајќи те тебе само едно ќе ти кажам. Подобро што си сама зошто не заслужуваш никој во животот, жал ми е ако е ова сурово и дрско од моја страна, ама морам да ти го кажам. Зборуваш за феминизам и рамноправност, а ти си таа што ги омаловажува професиите без диплома. Ај што цело време ја мафташ таа диплома толку многу и ја величиш ко којзнае што да е, а околу имаш предрасуди за луѓето (мажите) што работеле во маркет, или биле водоводџии или молери, а ти освен таа диплома друго ништо немаш да понудиш, барем јас од се што прочитав од тебе, немаш никаков друг квалитет во себе по што можеш да се издвојш, освен дипломата. Башка мажот си го земаш за себе, а не за околу како ќе звучи кога ќе кажеш, еве се омажив со молер, и еве се омажив со инжињер. Воопшто не е битно. Најбитно е да има работа и да сака да работи. Толку звучиш и очајно и надмено во исто време што дури повеќе мислам и дека тоа е главната причина што не можеш да си најдеш партнер.
@Ви0летКа извини вака, зашто понижуваш луѓе? Досадно да не ти е? Едно е да имаш критериуми и свој тип на мажи, ама ова е више вреѓање и омаловажување. Маж што работел во Кам, бил помалце маж од инженер, молери не иделе во филхармонија, што нема да прочитам тука. Изгледа и татко ми не е маж, нема факултет, не е инженер. Тоа што никогаш ништо не ни фалело дома и што се трудел сѐ да обезбеди, не е битно, битно нема диплома и не е маж. Еве, скоро сите мои партнери биле без диплома, па не ми паднало на памет вака да ги понижувам. Никаков проблем не ми претставувало тоа, нити биле прости, нити биле помалце мажи, како што би рекла ти. Напротив, ја сум учела нови работи од него на кои факултетот не ме научил, и он учел нешто од мене, така се комуницира, така се надоградува знаењето. Ако гледаме така, додека ја студирав и сѐ уште не бев целосно самостојна и независна од моите, он више имаше солидно заштедено, сам си купи кола и помагаше дома на неговите со таа плата, па дали тоа би му дало за право вака да ме понижува и вреѓа, само затоа што он бил (финансиски) понапреден од мене? Нормално дека не. И замисли, сум имала ситуација каде што образован дечко, не знаеше што е разликата меѓу кино и театар, а камоли па да го интересира да иде во филхармонија. Не знаеше два реда муабет да сврзе, а замисли, има факултет. Не се сите луѓе без високо образование прости и неуки, нит се помалце мажи. Проблемот е што ти самата не знаеш што сакаш.. еднаш биле парите битни, па после не било само до парите, него и прости биле овие без диплома, испод част било да си молер и водоводџија. После и до Саудиска Арабија и до феминизам стигнавме. Извини, ама самата си ја бркаш среќата со тие предрасуди, никој не ти е крив. Ако вака и во реален живот ги понижуваш луѓево и ги делиш по професии, тогаш не ме чуди што си сама. Познавам луѓе што и на 50+ си нашле партнер, не ќе да е до годините, нит па до феминизмот. Размисли за ова.
За ова потполно се согласувам. И да, не е содветно името 'феминизам' за движењето што негативно го засега и поттиснува најфеминистичкото за женскиот род - мајчинството. Од приказни, "Ма дај, не се жалете, може и кариера и мајчинство заедно", едноставно преку Фимка ми е веќе. Небаре ние жените сме суперхерои па можеме да носиме не две, туку пет лубеници под една мишка. Колку и да сакаме да се силиме, факт е дека во едно ќе потфрлиме, или во кариерата или во мајчинството и формирање на семејство. Не можеме да дадеме 100% на двете полиња. Едното мора да трпи, а кое, е тоа е личен избор за секоја жена. И не, не е исто раѓање на 25 и на 35. Не прашувајте од каде знам.
Господи боже и сите светци и маченици. Во тие муслимански земји, сеа немаше денар свој у џебот да имаш, недајбоже ти се погоди некој недоквакан, (а таму 90% се такви) ни развод ќе видеше ни бутур. Ако евентуално видеше развод, децата па немаше да ги гледаш. Ај ти, ама деца што би ги имала, на пример идна ќерка не сакаш да ја гледаш да биде од неа што год сака, доктор ли, уметник ли, научник ли или да гледаш некој како се изживува врз неа? Знаеш дека летото после земјотресот во Авганистан, жените беа оставени под рушевини да се спасуваат сами зашто мажите спасители не смееле да ги допрат? Знаеш дека таму жена не може да се прегледа на лекар оти жени не смеат да бидат доктори, а мажи не смеат да ги гледаат под облека? Знаеш дека девојчиња ги мажат на 12 години? Тикви знаеш. Ајде скриј се после пишаново, жити све најмило Еве одговори на прашањево: Каква иднина сакаш да има твојата ќерка? Како во муслиманска земја или како во Европска?