Уште ли пишува оваа бе? Последно кога пишав имаше две страни си помислив ај може ќе се свести жената. Ама не, сега удрила по водоводџиите. Мајко мила. Не бил прав маж водоводџија? Мене од секогаш ми биле секси водоводџии, шознам. Ме асоцира на мажиште набилдано, со цврсти раце, големи дланки и подспуштени гаќи. Неќам некој кремаст и мазен со мокасини, шо се осеќа на километар лосион од цимет и дрвенест мошус.
Во Мк да бараш според диплома.... Дали да плачам или да се смеам. Во фамилија иам личност полицаец, цел живот ни денар нема украдено, ни мито, ни кола не си купи, а и живее под ќирија.... цел живот добар спрема сите и на крај сите кажаа "ааа џабе, ништо нема од него, ништо не направи". Во Мк се бара снаодлив, снашке, снаодлив и дарежлив. Џабе диплома ако нема две чисти во главата.
Мислам дека ја разбирам зошто сака човек со високо образование. Нормално дека колку повеќе се образоваш, се едуцираш, нивото на комуникација ќе биде и повисоко. Не го пишувам ова со цел да деградирам, туку едноставно е така. Од друга страна, еве уште го чекам човекот да ми вгради нешто по дома, не ни ми крева, ни на мејл ми враќа. Ги нема, ретки се, тие што малку се, пребукирани се. Еднаш еден мајстор ни дојде, за пола саат 400 евра ни зема, за да констатира нешто. А каде е работната рака?! Занаетчии во денешно време во однос на финансии, се многу попросперитетни него многу други занимања со факултетски дипломи. За висината исто би се согласила. Јас не можам да дејтам понизок од мене. Т.е не знам, можеби би можела. Ако има многу други квалитети, да ми компензира. Генерално сите имаат некакви физички критериуми. Некои сакаат црни, некои плави, некои кафеави очи, некои зелени, некои набилдани, некои слаби, некои дебели, мажите или се по цицки, или по газ. Не знам што и се пуштивте за физички преференци кога и вие ги имате. Работата е, како што напишав претходно. Потешко е да најдеш нешто по сите критериуми во 35та година, за разлика кога си била во 20тите години. Затоа што веќе се со некоја во врска или се женети. Исто така, сте запнале што нуди. Извинете, ама отворете ја темата мајчински муабети и прочитајте колку повеќе жените се ангажирани околу децата. Сакале не сакале, т.е колку и да татковците се вклучени, жената го носи плодот, жената раѓа, жената дои. Нешто што е од огромно значење. Да секоја може да роди, ама не секоја е нормална мајка. И тоа како, би рекла, тоа е нешто огромно што може да се понуди. За мене единствен лапсус што сама на себе си го има направено, е што живее со родителите, а пак нема заштеда. Тоа е многу детинесто и несериозно. А и како викаат што зрачиш, тоа и привлекуваш. Можеби самата кога ќе почне да ги прави оние работи, што ги бара кај некој, ќе се погоди нешто посоодветно за неа.
Ова е многу индивидуално. Имам братучед кој беше многу добар студент по медицина, сега е веќе доктор во една од приватните клиники кај нас. На професионално поле е ситуиран, но комуникација мноогу тешко. Растен е под големо влијание на мајка му, не прави ниту една одлука без нејзино одобрување. Ако го прашаш нешто, чека мајка му да одговори во негово име. Можете да заклучите по ова дека е сам сеуште. Ова е многу комплексен проблем. Тука веќе дипломата не игра никаква улога.
Дали ќе биде асална мајка, може само да нагаѓаме. А и како што за конзервативен маж што вика дека феминзимот не е потребен, не сметам дека би бил добар родител, истото би го рекла и овде. Знаеме што се дешава во тие фамилии, и кој најмногу страда.
Е, ова е според мене, едно од најголемите црвени знамиња, а не дали имал или немал диплома. Во вакви ситуации уствари и се создаваат најголемите проблеми, ради ова и многу врски и бракови се распаѓаат. Кој имал барем еден партнер на кој други му го раководеле животот и други мислеле за него, знае за што зборам. За ова се слагам, затоа и многу од нас ѝ пишаа дека секој треба да го бара она што и самиот го поседува.
Не може да суди само според дипломат, а има и комплекси околу кој факс може да има диплома кој не. Никој не рече омажи некој без диплома, може да даде прилика и на некој без диплома да го запознае. Ова секоја мајка го нуди не само таа. И тука мора да е така не може мажот да роди и да сакам не можам место мојата жена јас да го носам тоа дете, ама можам да и помогнам во тој период многу .. И затоа е битно да не бираш според диплома и физички изглед, туку партнер кој иако не може место тебе да го дои, носи и раѓа ќе ти помогне на безброј начини полесно да го поминеш тој период..
Искрено можам да те сфатам. И јас на овие години кога би бирала маж,поголеми критериуми би барала. Што постар-повеќе маани се наоѓаат. И верувај како жените што бираат така и мажите почнаа да го прават истото.Но во твојот случај некој на твоја возраст ќе бара некоја помлада. Мислам дека колку што бараш толку и треба да понудиш. На пример да делиш барем стан со кандидатот. И исто така да ти се опција и 40+ мажи. Пример маж ми е приближно до 40 а јас сум помала од тебе. Најбитното од се е да најдиш фамилијрен човек,работлив и да не е зависен од родителите. Мн побитно од имање на диплома.
Мислам дека секој што бара сопатник со критериуми однапред поставени не бара љубов.Љубовта едноставно се случува и за неа нема никакви критериуми .
Па да, проблем се, пошто мажите мислат дека може да сексаат се што ќе видат, па и потребата за врзување изостанува, јер кој би се обврзал на моногамија ако може секој ден да секса нешто ново. Ама овој муабет е скроз друга тема ми се чини.
На паметните и убавите жени јасно им е тоа. Затоа и не сакаат да се врзуваат за еден, оти и тоа еден утре или други ден ќе оди ќе става "покани за секс" на сликите на друга. И после зошто имало gold diggers, епа ќе има. Самите сте си криви за тоа.
Во целата човечка историја? Пошто умреле пред да проодат? Пошто ги изеле диви животни? Пошто загинале во војна? Појма немам, не сум толку стара да знам, ама доволно сум стара да знам дека такви случаи од поновата историја не знам.
Еве јас ќе одговорам. Natural selection. Дури и таа цифра е многу, пошо тогаш жените биле приморани да се мажат. И ден денеска во некои земји се приморани, а да не се - ќе има EPIC male loneliness epidemic.