Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали надворешниот изглед ви помага или одмага во кариерата?

Дискусија во 'На работното место' започната од Bokicka, 24 март 2010.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Изгледот е првиот впечаток. Ама не секогаш кога сум изгледала ептен скоцкана, по сите прописи со нов костум, изгланцани кондури, коса на место и се по ред, ми е било во добитна позиција. Многу пати се случи да бидам на интервју со некоја несигурна во себе жена и да не ја добијам работата едноставно поради тоа што сум помлада, послаба или по дотерана, ајде да си кажам, и поубава од таа што ме испрашува. На вакво интервју иницијалното здраво и мило ми е, ми е доволно да знам дека нема да ја добијам работата.
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Мислам дека помага! Сигурно поленсо би добила работа некоја дотерена жена отколку некоја што воопшто не се преметила!
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Па првиот впечаток е секогаш најважен но не секаде пали изгледот
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    па секако важен е и надворешниот изглед-според мене :)
     
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Колку само студии покажуваат дека изгледот има голема улога во кариерата... Ух.
    Значи, докажано, поубавите жени и повисоките мажи добиваат поголеми плати.
     
  6. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    нормално дека да,барем спрема мене.Не зборувам за убавина туку за изглед,значи никаде за некоја поголема функција не се потребни расни -празноглавци-лепотици/лепотани но сепак никоја интелегентна личност не би смеела да изгледа несредено,неисчешлано,валкано,не мора да се алиштата марки итн.. но да се чисти.Според изгледот се заокружува првиот впечаток за личноста наспроти тебе кој најчесто е најважен.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Дефинитивно може да помогне..секој сака да гледа убаво лице и на работа и било каде..убавината ти носи само плус во животот
     
  8. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Според мене може мнооогу да помогне.Да одмогне не верувам.
     
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Кај нас за да влезиш на работа и за да останеш таму поважно е да имаш врски отколку да бидеш манекенка. Сепак мислам дека има врска изгледот и стилот на облекување. Мразам кога ќе видам некаде невкусно облечени вработени. Значи јас какао странец влегувам во фирмата и се згрозувам од претесната прозирна сукна и шпицот а замисли некој што работи таму. Поважен е начинот на облекување. На убав човек се му стои убаво -ова на работно место не важи. Има жени кои не се убави ама секогаш се убаво облечени и средени. И нема оправдување за тие што не се дотерани, ако не друго кај нас барем облеката е евтина.

    За себе да си кажам дека сум баш од тие што изгледаат убаво природно а не внимавам многу на шминка фризура и облека. СЕ надевам дека ке се сменам додека да почнам да барам работа.
     
  10. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Секогаш изгледот помага да најдеш работа бидејки работниците и нивниот изглед ја претставуваат целата компанија без разлика каде и да работат. Исто така оние кои се грижат за својот изглед имаат десет-посто
    повеке шански да им биде покачена платата. Тетками почна да работи во продавница обична кашиерка, но секогас изгледасе елегантно и средено. Сега е директорка на трговски центар во скопје. Сепак аку се грижите за себе поубаво се чуствувате и другите имаат поголема почит кон вас.
     
  11. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Секако дека многу помага! Секој би сакал вработени кои се секогаш средени дотерани и изгледаат убаво физички.
     
  12. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Колку што помага , толку може и да одмогне , ако не и повеќе во одредени случаи ... Точно е дека секој треба да биде среден на работното место , но сето тоа да е во границите на нормалата и на добриот вкус . Инаку имаме и примери на жени кои не се облечени баш најсоодветно на работното место и да не се лажеме , тоа го гледаат како начин да успеат во кариерата , а не се малку ни оние кои со тоа си ја прикриваат сопствената некадарност , и тоа ним им помага , да ... Но еве како може некому и да одмогне и покрај убавината ... Навистина убава жена , секогаш со стил , но и способна во својата професија , наоѓа работа , но наидува и на нафрлање и на непристојни предлози и покрај тоа што никогаш не упатувала такви сигнали , сепак лесно може да се најде на мета само поради убавината ... Или пак помеѓу колешките па и колегите , секогаш би ја гледале попреку , секогаш нејзиниот успех колку и да бил постигнат со макотрпна работа , тие секогаш ќе ја посочуваат убавината како причинител за она што таа го постигнува , а воедно и за она кое тие не го постигнале ... Тука ќе ги вбројам и оние првите што ги споменав . Ним секогаш ќе им биде криво за она што другите го постигнуваат со сопствената памет а не со
    вагината
    , па оттаму , тие се и најголемиот извор на неосновани разговори и клевети за друга женска личност . Понатаму и кај останатите ќе треба да се докажува и себеси како и фактот дека не е една од оние претходно - споменатите и дека на работа е дојдена само поради една причина - само работата и дека сака сосема најнормално единствено преку таа работа да си заработува и да напредува во животот ...

    Инаку да не се лажеме , луѓе , убавината колку што отвора врати , толку и затвора ... Па кога самата Моника Белучи тоа го има кажано :!:


    Исто многу ме нервираат оние свињи од шефови и претпоставени , кои кога вработуваат женски персонал , гледаат само да биде некое разголено парче месо , а не ја гледаат компетентноста на личноста и нејзиниот професионализам ... Навистина не би сакала да се најдам некогаш на такво работно место . И покрај тоа што јас никогаш не би се согласила на такви свинштини , би ми било непријатно да ги гледам во самата моја околина ... А случајов , моја блиска личност не беше примена на работно место само затоа што е омажена :x

    И ги читам примерите погоре и не разбирам зошто некоја квалификувана личност да не е примена на работа само поради вишокот на килограми ? Секако дека секој треба да е среден на работно место , не можеме да одиме како парталковци , :!: како што реков се во границите на вкусот ... Но нечија работо - способност да се оценува според килограмите или физичката структура ? :fubar: :|
     
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    зависи каде работиш кај мене на работа НЕ помага само може и да ти одмогне, работам со жени па понекогаш ако си малку повеќе дотеран ке се најде некој да ти пререче а да не зборувам за шминката -секој еден има право да те искоментира ....такашто заклучокот е колку си по невпечатлив и по обичен -заникаде толку повеќе ке напредуваш
     
  14. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    јас имам идено на милион интервјуа и фала богу до сега нешто слично на ова ми се нема случено :$ :clap:
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Епа феминки денеска ми одмогна,љубоморната ку*ка не сакасе ни да сокрие колку и пречи моето присуство и љубезноста на сите останати кон мене и еве тоа ќе ме чини додатни 30 евра и време кое го немам... има ли правда во оваа дрзава бе па не барам да ми поклонат заслузено си чекам и на крај ќе се најде некоја искомплексирана стара фуфица над 40 која иако го стегнала задникот брчките ја издаваат па си лечи комплекси врз малди девојки кои по некоја случајност го одземаат вниманието :@
    Епа стварно нема правда па ќути мори чавко мене не ми се смеат тебе ти се изнасмееја и одстрана си фрлија поглед на сите им бесе јасно само со јас губам од целата ситуација и сега не ми вредат созалувачките погледи и кренатите рамења на останатите а имасе и такви фаци |( сите те знаеле
    уфф колку сум нервозна :@
     
  16. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    не се нервирај ке помине не вреди да се нервираш за таа кучка
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Изгледот помага, понекогаш. И што треба оние што мн мн не ги надарила мајка природа никогаш да не се вработат? Секој си има своја убавина а уште изгледа попријатно ако правилно се нагласи со соодветна облека и стајлинг. Лаички кажано, никакви миничи и длааабоки деколтеа, примерна чиста облека која му ласка на вашето тело те она што ти стои ниси го,шминка дискретна, косата исчешлана. Најважно е да си чист и уреден, така што тоа ќе се остави впечаток дека такви и ќе сте на работното место.
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ама да немала памет сеедно што е убава и елегантна никогаш немала да стигне до директорка.
    И не верувам дека изгледот е битен за покачување на плата на постојани работнички, тоа е веќе мозок.

    Е сега првиот впечаток при интервјуа пример и првите работни денови е многу битен а тука се гледа и изгледот, не зборам исклучиво физичка убавина тоа колку дал господ толку иако и таа убавина се негува. Битен е комплетен изглед од облека деловна, умерена шминка, убава исфенирана коса и пристапна чевла без огромна потпетица.
    Се бира некогаш и убавина во некои фирми и сектори кога се вработуваат лица кои имаат контакт со клиенти. Кај мене пример тој одел се лепотици, ама многу паметни лепотици, високи згодни, костумосани, штикла убава, никогаш нападни не се, никогаш пренашминкани, тоа се паметни девојки кои си ја искористуваат и убавината внатрешна и надвоешна, поточно нивниот шарм и памет, за да добијат нешто од клиентот.

    Помнам пролетта дојде една убава девојка на интервју, зборам плава, тенка и згодна, плаво око, кошула и сукња висок струк, хулахопка и јака штикла, не беше еротски ни вулгарно стварно бомба беше цурата. И фама ФАМА се крена меѓу менаџерите кој да ја вработи, ќе се спотепаа. Глупи мужишта, размислуваат само со долниот |( . Но откако отвори уста... никој не ја вработи иако беше на разговор во неколку сектори дури ни за секретарица. Јебига не е све у убавината, ако немаш нешто и во главата :)
     
    На eloves, Hopeful и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Верувам дека е привремено блокирање на мозокот се додека дотичниот/дотичната не отвори уста,па шуплината доаѓа во прв план. :D
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Едно нешто има и позитивни и негативни страни па и ова.
    Но мислам дека помага на мене ми помага.