1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали надворешниот изглед ви помага или одмага во кариерата?

Дискусија во 'На работното место' започната од Bokicka, 24 март 2010.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас мислам дека помага и тоа доста. Првиот впечаток или надворешен изглед, мислам дека доста влијае на работното место, па после се открива каков си и по карактер и во кариерата како ќе се покажеш.
     
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Да не се лажеме секако дека помага. Сосема различен впечаток се добива за дотерана девојка, отколку за некоја со несредена со мрсна коса и бркови. Значи воопшто не зборам за убавина, во денешно време секој може да е убав, туку за среденост, за чистота, за вкус. Но од друга важи и она, џабе ти сестро сисе и тело, кад проговориш ето га село.
     
    На mk.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, долго време само го читав форумов но ете решив конечно и јас да направам акоунт и да пишам. Надворешниот изгледа помага при работата, самиот факт што сум млада и згодна добивам некои поволности. Но зависи и од кој агол гледаш на работите , понекогаш знаам мн да се налутам оти ме избрале да бидам дел од некој проект само ради тоа што сум згодна и им било пријатно во мое друштво а не заради мојата макотрпна работа некои недели и по 12 часа на ден за да завршам некоја задача и на крај ме одбрала ради тоа што им било пријатно во мое дрштво дрм дрм а мојот труд, мојата работа каде е тој аспект. Па затоа зависи на ова од каков агол гледаш.
    поздрав
     
    На JessieT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady.Luck

    Lady.Luck Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Не да е влијателен надворешниот изглед, туку би рекла дека е и пресуден. И не зборувам тука само за тоа дали некој е привлечен или не, туку каков впечаток остава со својата појава, лична хигиена, прикладност за ситуацијата, одмереност, самодоверба, говор на тело и сл. Судиме и ни судат, и скоро секогаш пред да имаме шанса да го изустиме првиот збор. :?:
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Мене искрено ми помага :lol:
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Се научив како да се поставам да мојот изглед не биде главниот адут за да некој ме прими на работа, а подоцна и да го вреднува моето работење според тоа...Не дека сум да паднеш на г'з кога ќе ме видиш, но без разлика друго сакам да потенцирам во работата не мојот изглед па да манипулирам со него.
    Знам како изгледот може да помогне или одмогне, па се трудам да не се најдам во ниту една таква ситуација, се учиш како со тек на време...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Со топлово време покажав голи нозе на работа. :lol: Не сакам да заведувам, повеќето колеги ми се постари и женати, гледам дека знаат да ме мернат, ама што да правам кога е жешко, не можам да одам со долго. :P
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сум била досега на разговор, не знам дали тоа се смета како интервју, меѓутоа тоа беше на првиот работен ден, па веќе знаев дека нема да ме одбијат.
    Не се преоптеретив со тоа да изгледам професионално затоа што на 16 години се знае како може да се облече човек. Гледав само да е отмено, прибрано и удобно.
    Но, стојам на тоа дека изгледот има голема улога.
    Она што стои во CV-то е и те како важно, меѓутоа кога се прима некој на работно место воедно ја претставува компанијата и треба да се однесува долично не само на работа, туку и по социјални мрежи и така натаму, и да биде добро среден затоа што позади себе носи компанија која има, или допрва гради углед. :)
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Кај девојките и те како им помага,а ние машките немаме ништо од тоа.
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Оди брадосан, разбушавен и со развлечена маица на интервју па ќе видиш дали нема ништо од тоа.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Despina.M90

    Despina.M90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    12
    I toa kako mi pomaga :rofl:
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    ОК ,зборам за убавина инаку да за дотеран и хигиена тоа е нормално,да не се разбереме погрешно.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ок јасно :)

    ама јас не мислам така. Мислам дека како што убава, згодна девојка би имала предност кај директорот да речеме, така и убав, згоден дечко и имал предност кај директорката/шефицата :)

    И сеако, најбитно е за каква работа станува збор. За работа во бутик, оние подотераните и поубави може би имале предност. Ама во фармацевстка компанија на пример, убавото лице нема да ти заврши работа.

    Најчесто мислам дека надворешниот изглед помага кај оние работни места кои вклучуваат работа со луѓе. Ама и овде пак се сведува на претставителноста, не толку на убавината
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    [/quote]

    Ок јасно :)

    ама јас не мислам така. Мислам дека како што убава, згодна девојка би имала предност кај директорот да речеме, така и убав, згоден дечко и имал предност кај директорката/шефицата :)

    И сеако, најбитно е за каква работа станува збор. За работа во бутик, оние подотераните и поубави може би имале предност. Ама во фармацевстка компанија на пример, убавото лице нема да ти заврши работа.

    Најчесто мислам дека надворешниот изглед помага кај оние работни места кои вклучуваат работа со луѓе. Ама и овде пак се сведува на претставителноста, не толку на убавината[/quote]


    Донекаде се сложувам со тебе особено за бутици итн,но дека убав дечко ке има предност кај директорката тоа не верувам,ако има таков случај слободно нека ме демантира.
     
  15. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ептен помага! :$
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Кажано е се со тоа ‘‘Убавината е нож со две острици‘‘ па нема да коментирам за тоа туку ке си го кажам моето искуство.

    Јас имам шефица, значи од старт финтата ‘‘пуш ап и тесна блуза‘‘ пага во вода.Плус таква жена е, ни партија ни врски ја интересираат, си вработува кој таа сака. На интервју бев еден мнооогу топол ден, и една недела унапред се мислев што да носам. Дури мислам дека повеке се преокупирав со тоа каков впечаток ке оставам, отколку со средување на апликацијата. Иако беше времето топло, за мене црна панталона е класика, си облеков црни панталони, розева така поширока кошула карирана, ја пикнав во панталоните, и кондури црни на мала штикла. Од додатоци носев само преубав розов каиш. Косата ни фенирана ни тапирана, само испеглана и рамно подсирижена до под раменици. Лакирана светло розево, шминка само пудра малку, креон маскара и сјај за усни. И толку.
    (за моден додаток не ги сметам малите подочњаци шо ги имав, оти не спиев со вечери мислејки на интервјуто)

    Одам таму, гледам конкурираат уште три, и одма знаев дека ке ја добијам работата. Сите бевме на возраст од 23-30, сите приближно убави, сите без големо работно искуство, ама ете знаев дека ке сум јас вработена. Едната е преубава девојка што ја знам, секогаш е убаво обчлечена сега за интервјуто утнала, ставила еден куп џиџи миџи на неа, уште со муабет во стилот ‘‘јас се знам’’ ни да се насмее ни ништо. Другата може беше малку повозрасна ама не грда жена , убаво се облекла жената не велам не, ама некако немаше држење убаво. Шо знам, ко цел ден канализации да копала, па капната дошла на интервју подгрбавена се смакнала на тоа столот. Третата облекла блузичка со натпис , додуша на англиски беше натписот, ама блуза со натпис си е блуза со натпис. Не можеш да влезеш на интервју со натпис Диско квин.

    Сега, откако се вработив гледам дека тоа што сум млада и образована им смета на постарите тетки без школо. Ама пак се трудам да не ги бодам жените во очи. И надвор од лабораторија шетам со мантил, си има место и времек каде јас треба да си ја рекламирам облеката.

    И да, каменувајте ме ама да сум јас директорка секако ке гледам како изгледаат лугето. Голем нос или клемпави уши не би ми влијаеле на одлуката, но препрепрекумерна тежина, да. Многу ретки се лугето што прекумерна тежина им е од некоја болест, повекето е од невнимание, а ако тој сам за себе не внимава има порок (храната) тогаш не е за кај мене. Плус, ете јас има денови кога сум по 10 саати на нога, некогаш се качувам на 10 метра високи индустриски танкови, ај нека дојде некоја што е 120 кила да го издржи тоа без да и попуштат вените на втората недела.
     
  17. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Vo kombinacija so snaodlivosta i pametot, mi pomaga i toa dosta.
     
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Изгледот кој ни е даден од природата мислам дека не треба да го мешаме со кариерата. Ако човекот поседува знаења и способности за одредена работа што е важно дали тој е дебел или има големи уши?
    А модифицираниот изглед одмага и тоа многу. Неможе човек со пирсови и тетоважи по вратот по рацете да работи полицаец, невкусно е. Или госпоѓата работи како докторка со виолетова коса и нокти како вештерка, на ништо не личи, одвратно ми е да помислам на тоа а не да видам со свои очи. :) Надворешниот изглед и помага и одмага во зависност од тоа дали изгледаме нормално и пристојно или со сила глумиме циркузанти а бараме работа чии работници треба да даваат пример на другите. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Надворешниот изглед многу ми помага..За кариерата да е поуспешна мораш да изгледаш убаво и примерно,
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. v.ris12

    v.ris12 Нов член

    Се зачлени на:
    5 април 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    18
    Првиот впечаток е најбитен. Уреден и професионален изглед пред се. Конкретно во мојот случај бевме примени 4 стажантки. Сите само со дипломи од факултет и тука-таму по малце неформално образование. Почнавме исто, ни беше кажано дека за 3 месеци една од нас ке биде унапреденал, како темел на тоа унапредување ќе бидат резултатите и трудот која ке го покажеш. Имаше тимски дух во сите, сите супер се согласувавме.
    Едната навистина делеше, најмотивирана, највложена. Мислев дека она ке биде “избраната”, јас бев теоретски подобра, ништо повеќе. Но мене ме унапредија. Работам со односи со јавност и човечки ресурси. Додека еден од авторитетите смета дека си “должник” па смета дека има право да ти ласка и да ти се пушта. Тука веке мудро постапив и се справив еве до ден денешен.