1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали надворешниот изглед ви помага или одмага во кариерата?

Дискусија во 'На работното место' започната од Bokicka, 24 март 2010.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    На прашањето на оваа тема: "дали надворешниот изглед ви помага или одмага во кариерата?" има два можни одговори 1. помага, ако сте згодни, убави, секси, привлечни и 2. одмага, ако сте не толку убави, секси и привлечни.

    Ама ова на некое друго место, во некои други околности. Кај нас се вработуваш со врски, така да надворешниот изглед е на последно место. Во приватен сектор газдите гледаат да го искористат твоето знаење/ искуство/ диплома, по можност за пониска плата.

    Тоа дека секси-секретарката со приватен факултет ја добива работата наместо грдата и дебела девојка која е доктор на науки го има на телевизор само. Кај нас речиси сите ја гледаат финансиската придобивка од работникот, јер, ако некој газда има пари ке си фати швалерка, просто е како грав.
     
    На Lemon, Annath, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ама го има и на македонски тв во ралноста.
    Вака една математика да удриме:
    директорот на интервју ќе ја задржи за секретарка некоја попаметна ама погрда или поубава ама ете и фаќа кликерот?
    Оваа вторава ќе ја задржи дека ем ќе му работи ем него ќе го работи.
    Он со една плата што ќе и фрла надпросечна плата ќе ја плаќа и за работата и за швалерај услугите и пак поефтино ќе му иде отколку да држи вработена попаметна а погрда и да плаќа башка швалерка.
    :!:за да разбереш газда=директор треба во мозок да си му,денар не фрла за џабе;)
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми е дека кај нас газдите, или барем најголем дел, гледаат да те искористат првенствено како работник, да има профит од тебе, а швалерај е друга тема. Не сите газди имаат секс со вработените. Во принцип, барем од оние кои јас ги знам, за швалерки имаат жени на приближно нивни години, жени кои се на исто финансиско ниво итн.

    Ако некоја девојка е убава и и фаќа кликерот, ако е gold digger, зошто да работи како секретарка? Ке го фати директорот за дечко и тоа е тоа.

    На конретна тема, ако двете секретарки имаат исти способности, логично дека поубавата ке ја избере. Ама ако на поубавата не и фаќа кликерот, сепак онаа што ке му заврши повеќе работа ке ја избере.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Слатко ме изнасмеа :D
    Колку убаво звучи ова што си го пишала, просто премногу совршено за да биде реално ...
    Имаш ли работено во приватен сектор?

    Моја роднина вработена во фирма неколку месеци, после некој период вработи уште една девојка, ја исфрли првава од работа, ја задржа новата вработена, која патем стилот и наликува на проститутка, цела натегната, била убава во очите на клиентите- ова беа зборови од газдарица.

    Мое лично искуство, аплицирав за работа во сметководствено биро, отидов на разговор, почна да ми зборува како имам убави очи, ќе ме шета по други градови, како тој бил познат заведувач на жени, но секако доколу јас не сакам нема да има ништо од тоа ...:puke:
     
    Последна измена: 8 јануари 2018
    На blonde_supergirl, cresa-jagoda и Asistentkа им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не, немам работено во приватен сектор, ниту пак сум била на разговор.

    Ваков впечаток имам стекнато од вработените кои ги гледам, пример во маркети, бутици, сметководствени биро-а, итн. По некоја случајност, мои роднини имаат сметководствено биро и вработени се една девојка и дечко, кои изгледаат просечно, без провокативна облека и деколтеа. Другарка работи во биро и изгледа убаво, ама се облекува исто така нормално и работи со уште 3 луѓе кои изгледаат исто така. Маж на познаничка има биро и вработените изгледаат пристојно, има млади, ама има и вработен кој има 40тина години.
    По вашиве муабети, сите вработени во биро-а се млади девојки кои изгледаат провокативно, ама од она што сум го видела, во сметководствени бироа работат и мажи и жени кои изгледаат просечно и пристојно.
    Би се согласила само со делот дека газди бираат вработени кои изгледаат пристојно (нормална и чиста облека, чиста коса, нормална шминка), кои имаат вештина да работат за тоа што се платени, па дури тогаш бираат вработена за секс.

    На една седенка, една жена кажуваше дека газдата ја отпуштил од работа бидејки се успала. Претходна ноќ детето и качило температура и легнала доцна. Наместо во 6, отворила во 7 (маалско пиљарче) и газдата ја отпуштил бидејки изгубил многу пари за тој еден саат. Жената изгледа просечно.

    Можам вака уште многу, сигурно и вие имате примери, лични или од другарка, роднина.

    А тоа дека директорите се онодат со секретарки, ептен ми е дел од филмско сценарио. Не велам дека нема, ама знам примери каде инспектор има инспекторка за швалерка, директор - нотар(ка) итн. Всушност од оние што ги знам, луѓе од повисоки позиции имаат швалери од повисоки позиции.
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R има многу работи што се преќутуваат и за кои јавно ретко кој зборува, слушај внимателно искуства но секогаш со резерва ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со тебе, еве пак ке кажам, не сум била лично за да знам. Ама, не може сите газди да бираат исклучиво според должината на фустанот. Сепак, јас познавам машки кои работат во сметководствени биро-а кај газда (маж), па која е веројатноста типот да е геј и газдата геј?

    Точно е дека многу газди се едвај со средно и се плитки во умот, па и таа малецка моќ која ја поседуваат, ја користат за секс, ама не сите газди трчаат по краток фустан.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...едноставно ако визави се женски особи со кои треба да се контактира и соработува мојот надворешен изглед одмага, ама ми помага карактерот, интелектот и доминантноста....а ако визави се машки особи тогаш е многу полесно со надворешниот изглед се постигнува све оставајќи неискористено интелектот и доминантноста ! :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kolekcionerka

    Kolekcionerka Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Не баш мнпгу секогаш требало да работам дупло повеке за да докажам и дека сим умна а не само убава, и дека никој ништо ми нема поклонето заради убавината.
     
  10. Goldenwoman

    Goldenwoman Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Za zal kaj nas pomaga, sminka stikla kako na svadba jas bi idela taka kako gledam koleski , koga bev po seminari nadvor od zemjata osobeno vo Shvedska lugjeto sto predavaa najskromno obleceni bez kompleksi so polno znaenje , bez kapka sminka , tuka e sosema drugo ako ne se doteras ne znaes ne vredis. Ustvari nekoj samo toa znaat da rabotat.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.