Дали народот кај нас многу се промени во последните неколку години?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 16 април 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.368
    Неколку луѓе во моето опкружување имаат вакво мислење, дека луѓето за кратко време кај нас станаа ладни, себични, алчни. Нема веќе јаки роднински и пријатески врски како порано. Што вие мислите? Кои се причините?
     
    На celineparis и LollySky им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    135.782
    Немањето време
    Трката по пари
    Губењето почит кон блиските
    Љубомората...еее види го комшијата купил нова кола..од кај пари? |(

    Се се врти веќе околу нив..
     
    На Milobebence, anichka94, celineparis и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.510
    Пол:
    Женски
    Напротив, на добар дел од луѓето сфаќањата и менталитетот не им се променети од (она што доликува за) пред дебели децении и векови. И баш таму лежи проблемот со народов...
     
    На poenta, bmvv1234, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Човекот на модерното време е егоист кој сѐ повеќе ја губи почитта кон другите, го цени богатството, угледот и славата па ако нешто/некој му попречи во тоа, или од некого нема корист, го множи со нула. Човекот во денешно време се бори само за себе, реткост е да се види некој да се жртвува себеси за некој друг. Презафатени се со своите обврски и проблеми, со борбата за себе, па забораваат на другите. Човекот сѐ повеќе наликува на робот, паралелно со развојот на технологијата.
     
    На Dashing:), anichka94, ku4ence и 15 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Како нема, повеќе од јаки се, доволно е да излезеш да бркаш/бараш работа било каде и ќе се увериш :D

    Мене не ми смета ништо особено во меѓучовечките односи, научив да пливам. А луѓето ми се исти откако ги памтам, со таа разлика што има повеќе гремлини во училишните клупи од 2000-те па натаму.
     
    Последна измена: 17 април 2018
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.368
    Живееме како во глутница со волци.
     
    На mira.mira, PaLaVa и sj *O* им се допаѓа ова.
  7. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Не гледам некоја голема промена. Отсекогаш имало лошотија и љубомора. Само сега овие особини се поизразени. А иначе за дружбата меѓу луѓето, кој кога има време. А и ако сака некој да се дружи со некој, ќе најде време и покрај сите обврски. Ако се оправдуваме зад истите, треба да седиме зад некој таканаречен зид.
     
    На Tanjamm, Someonespecial, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    13.691
    Пол:
    Женски
    Све е кажано на место , само би додала дека човекот ке те згази без око да му трепне за да си го оствари замисленото , ако нема корист тој нема ни здраво да ти каже на улица .
    Со еден збор лугето не се сменија , туку сега си го покажаа вистинското лице (време на пукнато перде)
    Точно , од секогаш било вака , а и кога би бирала мегу лицемерие или мир , јас би бирала мир ...
    По толку забиени ножеви во грб немам надеж дека ке се подобрат работите.

     
    На celineparis, Tanjamm, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Премногу се промени народов!
    Порано се знаело добро утро ,здраво,извини ,дали може?
    Сега нема шанси има да те бутне од автобус и да те погледне како да си ја убила ,а она треба да се извини !
    Влезени се сите во некои филм како да се цареви ,култура нулаа!
    По улицине возат како луди ,дури и на тротоари и дури свират за да поминеш ужасно јас овој народ што веќе неколку години го гледам неможам да го познаам!
    Секој ден работам со луѓе и секој ден се повеќе и повеќе се чудам,што им е?:?::swear::swear::fubar:
     
    На celineparis, WORRIED.BT, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WarriorMind

    WarriorMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Наρодот отсеκогаш бил ист. Само ние што сме во сегашноста го идеализиρаме минатото и само таκа ни се чини а вистината е деκа тапκаме во место.
     
    На poenta, Lella, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Немам долг животен век ама колку што памтам во последниве 3-4 години има промени ама и те како лоши.
     
    На Tanjamm и Caci55 им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Човештвото, без разлика за која локација зборуваме или за кој временски период зборуваме, има и имало негативни и позитивни страни.

    Историските податоци се сведоци дека општеството секогаш се стреми кон промени, и тоа не зависи од мене, од тебе или од некој трет туку е една од карактеристиките на самото човештво.

    Секако дека народот е променет во последните години. Бил променет и во неколкуте години пред тоа. И во неколкуте години пред тоа... и така натаму...

    Негативните аспекти на луѓето секогаш постоеле и ке постојат. Не можете да очекувате да ги имаме истите морални падови што биле пред 50 години. Токму затоа што се нови, непознати ви се чинат како да се полоши од минатото. Ама не се полоши (ниту подобри). Само се други.

    Луѓето отсекогаш биле ладни, алчни, себични итн. За поинакви работи отколку денес.

    Така да, повторно да одговорам на темава, народот се променил. Таа промена сама по себе не може да биде добра или лоша. Едноставно се случува. А, нашиот индивидуален став кон неа може да варира. :)

    За мене лично, прогресот што се случил кај луѓето е кон добро. Единствен проблем за мене се личностите што останале со ставови од минатото. Поради таа причина не гледам зошто некој би имал негативен став кон промената кај народот и би го идеализирал она што било некогаш.
     
    На theowndemon, ku4ence, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Ме интересира кои други лоши промени ги забележуваш. :^) Како ние можеме како индивидуи да се справиме со истите, да најдеме начин и да ги избегнеме некои непријатни ситуации од такви т.н. премногу лоши?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Какви празни и безначајни теми. Никаква основа немаат за да се развие некоја продуктивна дискусија - само си седат вака и чекаат нови членови да си дојдат и да си пукаат мислења на нив. Одговорите се буквално спинувани и парафразирани еден од друг. Ако некако се смениле луѓево, се смениле вака...
     
    На ku4ence, Lella, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    А извини ти од толку мислења на моево се закачи ко демек што барам да коментирам овде?
    Некултурата е на прво место.Значи сегде СЕГДЕ ,мол, автобус, продавница, сендвичара еве за ред например.Зависта и љубомората, сте пукнале кој има повеќе или поубаво од вас, оди спечали го па мери се после.Се се врти околу парите и политиката, имаш пари и врски сите врати ти се отварааат, немаш?Тогаш седи си дома.Лицемерие, ладнокрвие, дволичност,себичност, неписменост, и уште многу работи ми сметаат што не сакам да ги кажам
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.370
    Допаѓања:
    48.401
    И пази насловот: "КАЈ НАС". Демек кај нас само се менуваат луѓето. :D
    Како не ги мрзи истата тема по 20 пати да ја отвараат истата тема со минимална промена во насловот, еве не знам...
    Дали луѓето денес повеќе лажат, дали се повеќе себични, дали се промениле, дали се промовираат луѓе без таленти, дали бегале од реалноста, кои лоши навики имале, дали биле среќни денешните бракови... Теми за лечење на комплекси |(
     
    На SV1911, ku4ence, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Не беше тоа што те цитирав дека не смееш да коментираш. Сакав само повеќе да знам за други особини,што не сум ги забележала дека ги има. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    104.045
    Пол:
    Женски
    Причините се многу едноставни, се грижат за другите, се радуваат на туѓа несреќа, даваат проценки за другите, за себе не си гледаат. Користат, љубоморат, кола да наиде не дај боже ако е пред тебе ќе те турне, нема да ти подаде рака.
    Себични се.

    И така ќе си останат несреќни до крајот на животот.
     
    На Tanjamm, hermosa и Caci55 им се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    3.505
    Пол:
    Женски
    Променети се луѓето многу...Акцент на МНОГУ полоши
    Не дека порано биле сјајни работите, ама сепак имало некоја граница до каде да се оди. Сега веќе политиката зазема толку голем дел од нашите животи што каде и да се свртиш е вмро-сдсм дискусии. И ова го слушам по автобуси од деца средношколци, што уште немаат ни право да гласаат.

    Озборувањето и мрчењето е #1 активност благодарение на социјални мрежи. Секој знае кој каде бил, со кого, како си поминал, како бил облечен и на се нешто знаеме да најдеме мана.
    Небаре ние сме совршени
    Незнам.
     
    На Tanjamm, Feminka22, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Да беа променети луѓето тука добро ќе беше, ама уште сме непроменети тоа е проблемот, уствари :)
    А вакви жуабети од типот, денешнава младина, луѓето денес, тантара пантара е жива глупост. Демек порано пукаа сите од морал, добро однесување и човечност, а денес сите се за никаде.
    'Да му умре козата на комшијата' не излезе како поговорка последниве годино!!! Нечовечноста постои од самиот почеток, само немало форуми да се прави муабетов :)
     
    На SV1911, Victorian, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.