Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали народот кај нас многу се промени во последните неколку години?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 16 април 2018.

  1. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Луѓето денес не се сменија на полошо, мислам напротив, прекинаа да се замаараат со туѓи животи, барем дел од нив, ретко покажуваат емпатија бидејќи им е доста од лицемерие и прекажување на муабети и проблеми на трети лица.
    Но, дел од нашиот народ остана во 19 век. И тука доаѓаат конфликтите. Додека дедо ми се замара за комшиите и се' што им се случува дома, јас гледам мене да ми е убаво, а животот на другите е помалку битен.
    Да не се разбереме погрешно, за помош и совет секој е тука ама мешање во секојдневието како свекрви некои, редно е да се заборави.
     
    На Someonespecial, RoseRain и Caci55 им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Дедоти не се замара со комшиите, туку го интересира само од култура што прават, дали се живи и здрави, оти нема он душичка фејсбук па да знае каде се, како се , што јадат, каде шетаат, во што се облечени..така да душичко моја вие младите и без да се замарате, со еден клик ги гледате животите на сите луѓе:)
     
    На Milobebence, ivimis, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.903
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Луѓето се толку лоши, цинични, алчни, некултурни, невоспитани, глупи. Минатото е толку подобро, како ми недостига, цело време сметам дека сум родена во грешнато време, во време каде што се вреднуваше морал и добрина зошто тоа сега не е случајнот. И не, ова се промени кои се случуваат низ времето, а не дека порано сум била мала и околу мене светот бил розев туку се сменил последните неколку години! Не сум збунета, точно знам шо зборам. |(


    Да речам мала шала за горе, или се познава? Е сега, секој човек е индивидуален и како група имаме некои општи карактеристики ама апсурдно е да се кажи дека порано луѓето биле пример, подобри, или поморални. Не знајме, не сме живееле во тоа порано. Можеби било исто, само се било скриено. Можеби било подобро, можеби било полошо. Ама крај краева, на кој му е грижа? Сега живеевме, во сегашноста, каде секој човек е свој и уникатен и од таму некој е поморален и подобар, друг е алчен и циничен. Индивидуално е. Па кога сте растеле и се било добро, наеднаш почна да е лошо, размислете да си ја смените околината, можеби не ви одговара на тоа што преферирате. :^) Кога сум била мала се било добро и нормално, низ години се откривале работите кои не сум ги сфаќала и не сум ги гледа порано, но сега кога прават смисла сфаќам дека се лоши, а успат моите врсници под притисок на околината се менувале и оформувале во личностите кои се денес. И јас не сум истата како што бев лани, а не пак многу одамна. Така не е ни дечко ми, ни другарка ми, ни другите пријатели кои ги имам, а не пак познаниците кои денес се едни, а утре се други. Промената е нормална, и се додека не сме биле и да проживееме некое време порано, апсурдно е да се збора за типот на промена. Само, ако нешто не одговара - се менува. Така и луѓето, ако некој не ти одговара - смени го, и не заборавај да се менуваш и себеси, прилагодувајќи се на промените кои се фрлаат во тебе.
    Следно, од воведот гледам коментари за јаки роднински врски. Океј. Покрај со партиска книшка, кој е другиот најуспешен начин на вработување? Со јаки роднински врски. Не секој негува роднински врски и тоа не е зошто некој не сака туку најчесто поради брз начин на живот или немање заеднички теми. Јас пораснав многу блиска со моите братучетки, како деца и за време на школување - основно и средно, ама сега сите студираме во различни градови, кога ќе си дојдат за викенд сакаат да се викат со родителите, кога едноставно не се наоѓаме и за жал не сме толку блиски како порано. Тоа се условите, не дека не сакаме да бидиме блиски на пример. И сега за заеднички теми, кога сме помали е многу полесно да комуницираме со повозрасните роднини, како што растиме одиме со родителите од почит ама ретко кога можиме да „влезиме“ во разговорот. Кога веќе оформуваме свое семејство пак би оделе од почит, ама не можиме да имаме вистинска блискост.
    Светот кој го гледам, околу мене, е многу нормален. Можеби има тон грешки, и работи кои треба да се поправат ама луѓе сме и сите грешиме. Ако за секоја грешка велиме дека е неморална и ненормална - тогаш светот да го заклучиме во една голема лудница.

    И за крај, ова се не е „народот кај нас“, движењето напред и промените узпат се случуваат секаде. Тоа е само нормален процес.
     
    На SV1911, Mishela, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Мислам дека убаво беше нагласено во последната реченица од мојот пост:
    Јас зборувам како луѓето, еве дедо ми на пример исправа криви дрини кај што не треба.

    А во врска со тој ,,еден клик", јас можам се' да видам на фејсбук, инстаграм и слично, но не значи дека истото го коментирам, омаловажувам , а уште помалку не се ни интересирам.
     
    На RoseRain, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Примеќам промена и те како.
    У 2010 на пример се отварале теми што поттикнуваат и се полни со дискусија, на кои што можеш до сабајле да дискутираш, а сега некако вака празни и пусти теми, шо те тераат едвај еден ред два да напишеш.

    Секој човек си е за себе, нема промени у луѓето, шознам некако премногу генерализирање ми е ова. Или па дека морало јаки роднински врски. Не значи дека ако со некој сум фамилија, а ми згрешил многу или не го поднесувам, па треба да го толерирам и да се дружиме само зашо сме роднини.
    :drunk:
     
    На SV1911, crimson, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Uste poloso e, prostotilokot raste od den na den :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Имам чувство како во вакви теми каде се коментира човештината сите зборат напамет за некои хипотетички луѓе и само исти муабети кружат, материјализам, лицемерие, пикање нос во туѓи работи и останатите стандардни пороци од ,,денешно време". А гарант и тие порокливи луѓе за кои се збори во темава истите муабети ги вртат. :D

    Дури и да си мислите дека луѓето денес заминале во неповрат имајте предвид дека така мислите бидејќи го идеализирате времето кога сте биле мали и/или несвесни за тоа што се случува наоколу. Не за друго, интересно е што човештвото постои околу 6000 години, ама ете баш сега решиле луѓето да се расипуваат. :lol:

    Туку чудно ми е, секое второ мислење во темава е дека сите други се лицемери, душебрижници, а само вие не. Што ќе беше работава баш на фемина се најдоа тие ендемски видови чесни човелаци. :D

    Жими сè вакви муабети се баш тоа што нè носи назад.
     
    На SV1911, ivi1987, zuto и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    33.590
    Пол:
    Женски
    Не само кај нас луѓето се сменети секаде.Мислам се сменети гледиштата кон животот.Сум слушала и јас се сеќавам како мала колку моите се дружеа повеќе секој викенд одевме или ни доаѓаа гости.Одеднаш се секна тоа дружење, престана. Зборував еднаш со една колешка-германка повозрасна и истото го кажуваше како и моите, дека порано сите се дружеле оделе заедно на одмор, поубаво се живеело, имало и повеќе пари.Мислам дека од финансиската состојба е тоа.Еве јас сакам да одам со моите кумови на одмор ама ете не ги викам оти можеби немаат баш за тој одмор на кој јас сакам.Па тешко ни е договарањето дали во Охрид, Грција или на Мајорка. Па јас сакам ваму кумата таму и да не се караш се повлекуваш и одиш сам.Само како пример кажав. Порано сите имале платен одмор од фирмите во Дојран и сите другари оделе во Дојран.Така се смееле , пееле и се дружеле. Сега дружбата е само интерест:((n)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Ако е така и јас можам да кажам дека ти лечиш комплекси со твоето коментирање. Само си дискутираме, без паника, никој не тепа ниту беси овде. Тоа комплекси го користите од што немате речник. И сте некултурни. Штом нема што да се каќе, ооппп комплекси. Ова е реално согледување, веќе нема свадби и слави како порано, одење и дочекување гости, дружење, пријателство, сега повеќето работи се од корист.
     
    Последна измена: 21 април 2018
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако живееш во свет во кој сите околу тебе се од корист, преиспитај си го друштвото.

    Како е можно сите да се од корист? Ако се сите од корист, тогаш и ти си, обична дедукција ти е тоа, никакви филозофии.
     
    На SV1911, ivi1987, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Не сите, 90% да речеме. И сега по обичај во секое зборче ќе бараш дали за себе зборам или ми е општ впечатокот. Јас сум со над 30 години, и знам како беше, а како е сега. Не знам зошто морате да се докажувате. Јас не викам дека мене сите ме користат, туку дека сега веќе нема убави дружби како порано, народот стана ладен според мене, а ти не мораш да се сложиш со мене, може ти имаш одлични луѓе, можеби со тебе цел живот сите се од љубов и пријателство, а не од корист или со некоја задна намера. И од постарите со над 50 години слушам „ееххх тогаш имаше љубов, денес се е пресметано“. Им верувам, постари се од мене и тебе, имаат бракови на здрав темел, деца воспитани на здарв темел, се е на здарв темел, а денес ретко има нешто такво.

    Пишав повеќето работи се од корист, а не дека сите со мене се од корист. Ниту сум бизнисмен, ниту политичар, ниту пливам во пари, зошто некој би ме користел освен за некоја ситна услуга, но гледам дека луѓето се водат од интерес.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи и ти не си целосно од корист, ама 90% си, да речеме...
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Фантазираш. Деструктивна си. Претпоставуваш. Човек кој искористува други луѓе оваа појава нема да го погоди ама ич. Не си интересна, туку си доказ колку народот станал безидеен кај нас. Јас темите кои не ми се допаѓаат ги скокам. Не сум богата, живеам од плата, не користам никого, не сум спонзоруша, имам тесен круг на луѓе затоа што сфатив дека некои се само од корист. Такви не ми требаат оти јас не сум од корист. Подобро еден пријател ама вреден, отколку 100 лажни.
     
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm епа ајде кажи ни, објасни ни како почувствува дека луѓето те искористуваат?

    Инаку да бидеме на чисто, човек не може да има 100 пријатели, може да има многу познаници, дефиницијата за пријателство е многу поразлична.

    И јас имам тесен круг на пријатели, ама тоа доаѓа со годините, никој не се обидел да ме искористи, едноставно секој поаѓа по својот пат и обврските не дозволуваат да другаруваш како тинејџер.

    Не знам какви биле роднинските врски порано, ама у моја фамилија се знае каква е близината на роднините. Едно ниво се браќа и сестри на кои им вртиш и во лошо и во арно, друго ниво се роднините кои ги каниш на свадби и погреби и тоа е тоа.

    Мистерија ми е каква била љубовта порано а каква е сега. И порано имало чудни спојки ради љубов, и порано имало договорени бракови за да парите останат у фамилија, истото го има и сега. Арно ама, порано немало фб и инста, па не знаеле сите како стојат работите.
     
    На SV1911, ivi1987, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека се промени народот колку самиот лош живот, модернизацијата, лошите навики и пред се финансиите го променија самиот човек.
    Борба за опстанок, борба за кој колку повеќе имал, каде се не бил и што се не пробал и не створил/имал го уништија спокојството, хармонијата и мирот на едно семејство.
    Народот е постојано по борба за опатанок, безспарица, куп проблеми и многу често пороци итн се одразува на денешницава и врз нашиот живот.
    Сите сакаат нешто повеќе, нешто постандартно и нормално а ретко кој успева овде да го има, утепаност од работа, не правдини, малаксаност, здравје и обврски со дом/деца.. утепани за сон, за одмор, за рилекс.. секој за себе гледа па макар под цена и другиот да го прогази за да успее..
    Лош народ станавме.. факт е. Ама се се должи на лошата денешница во која живееме, "луксузно и модерно".
    Правда денес нема, постои пара а со парата и моќ, но за жал основните човекови емоции и прописи ги снемува од ден на ден се повеќе и повеќе.. човек да си.. веќе не постои..
     
    На Tanjamm, gjoker4e и Miss.A. им се допаѓа ова.
  16. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Тоа е тоа, и да се оправиме како држава во економска/социјална смисла (во некоја иднина недифинирана), би било долг процес, сеуште ке останат тие што побегнале на страна, неможам да осудувам имиграција, ниту ваѓање пасоши. Секој со своја среќа, треба да мислиш на себе, своите, децата итд..
     
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.198
    Ама ако постарите имале здрав брак и воспитале деца на здрав темел, како тогаш тие деца и нивните потомци денес се користољубиви?

    Секогаш постоеле луѓе на кои приоритет им била нивната благосостојба постигната по било која цена, има и куп докази за тоа низ историјата.

    Не е само денес, отсекогаш било вака, таква е човековата природа.

    А што се однесува до промените во карактерот на луѓето со кои што сме комуницирале порано, и на ова гледам како нормален процес. Растеш, созреваш, осознаваш, менуваш приоритети. Сето тоа влече промени.
     
    На LollySky, Harper, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Не се променил народот сам по себе туку времето го промени. Инаку не знам во која смисла е темава? Дали на промена од добро на лошо или обратно. Младите си одат од државата така да ќе останат само постарите. Така да не очекувајте од сега па понатака да се менува народот. Каков е сега така ќе остане . Инаку како поминува времето сфатив дека после 50 години луѓето стануваат бетер и од малите деца. И не можеш да се разбереш со нив и да им докажеш нешто без разлика колку да си во право.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Се повеќе гејови има. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Луѓето се имаат променето, и сето тоа е благодарение на денешното општество во кое живееме. Едноставно е, претераната сиромаштија направи од луѓето да станат канибали т.е. да почнат да се јадат меѓусебе. За голем дел од луѓето денеска важи правилото „Зошто јас да пропаднам кога можеш ти да пропаднеш и јас да профитирам од сето тоа.“ И затоа и тонеме како општество.

    Што се однесува до однесувањето на луѓето: и тука си имам свој начин на дејствување. Едноставно ми е гајле што ќе каже другата страна за мене, зошто да се оптеретувам со некоја крајно искомплексирана личност кога знам дека сака само да ме изнервира за да си го нахрани егото? :D
     
    На Briar Rose, Tanjamm, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.