Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали народот кај нас многу се промени во последните неколку години?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 16 април 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    12.797
    Кога некој се јавува само по потреба и за негов интерес, значи од корист е. Инаку дали ќе ме искористи или не на крај зависи од мене. Тоа порано не беше толку изразено, бевме „еден за сите, сите за еден во друштво“.
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Многу се променети луѓето денес . Порано се сеќавам , сите заедно излегувавме . Зборувам за деца од маало . Ќе се соберевме од најголемо до најмало и сите заедно шетавме , игравме , се дружевме . Денешниве деца се пред компјутер . Девојчиња од 10 години имаат дечковци , јас на 10 години играв ластик на улица . За роднини , не коментирам бидејќи кај нас се знаело кој би ти дал душа и да не му побараш . На пример , вујко ми . Никогаш не бил од интерес . Од друга страна пак , чичко ми , нина ми , братучедките , се јавувале кога требало да дојдат на поседок кај нас . И тоа додека беа помали . Подоцна не се ни јавуваа . Ќе дојдеа со куферите на врата , па дали варосуваме или реновираме , нив не ги интересираше . Ќе дојдеа и ќе си расфрлеа облека на сите страни , бараа повеќе од нас , и секако им беше пружено повеќе од нас . Ние само еднаш сме биле на 3 дена кај нив , и тоа бевме приморани , и бевме повеќе гладни од сити . Тоа ни укажа дека не сме добредојдени кај нив , и никогаш повеќе не останавме на спиење таму . За другарство , имам другарка од детство , што никогаш не ме издала . Благодарна сум што имам прилика за таква личност во животов , и никогаш не би ја заменила .
     
    На Tanjamm и hermosa им се допаѓа ова.
  3. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Ne znam kakvi bile porano ,znam samo deka sega lugeto se nikakvi . Bo se sto veruvav ,se razocarav. Na sekoja doblest sto me ucea, ne mi sluzela vo zivotot.
     
    На Аргентина * и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Гледав некои стари клипови каде анкетираат граѓани во Југославија и судејќи според односот и пристапот, енергијата и ведрината, заклучив дека да, народот е променет.
     
  5. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Народот кај нас е променет на полошо.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не.
    Ист е, само сега повеќе дојде до израз себичноста и неукоста.
    Посебно со пандемијата.
     
  7. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    1.563
    Во поглед на менталитетот се нема променето. Во поглед на злобата, завидливоста и лошотилукот има напреднато за едно три нивоа од порано. Инаку по традиција е научен да фрла отров насекаде, тоа му е едноставно во крвта. Генерално сите лоши особини преовладуваат во голема мера, за разлика од оние добрите.
     
    На WildMk и CurlyBlossomGirl им се допаѓа ова.
  8. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Неукост, себичност, љубомора, простотилак... Се на се, изгледа жногу злобен народ сме биле.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Интернетот и социјалните мрежи на сите ни дадоа платформа за да си ги изразиме 'психозите'.
    Тоа си било така и претходно, ама немаше начин да дознаеме, како рендом Стојанка од Свирипичино размислува.
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Денес пријателот ти е побитен од роднината нормално сега ретко да најдеш роднини што ќе те почитуваат само гледаат како да те исфрлат....
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    13.016
    Пол:
    Женски
    Не се променија само во простачкото однесување.
     
  12. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    283
    Јас мислам дека е природно човек да се мени и да има различни генерации, што знам.
    Но, факт е дека денешниве генерации се малку кажано- ужас. Јас имам подалечна роднина, девојче од 12 години и до сега е имала 2 дечковци. Јас на 12 години на пример песок јадев. Исто и помашањето што гледам многу безобразно и дрско без никаква претходна причина. Јас кога бев дете не смеев да писнам на постар.
    Исто сметам дека некогаш и постарите претеруваат ама да немаш почит и да се одбраниш во одредени исклучителни ситуации се 2 различни работи.
    Кога јас бев дете и сега, сите генерациски се многу променети. Да почнеме од начин да излегување, сметам дека порано беше династија кога излегуваш, многу поинтересно, интересни случки, пеачи , наши МК хитови… Сега на пример МК хит не сме имале едно добри 7-8 години.
    Не знам, од генерација на генерација сите многу се сменија. По мене на лошо, што не значи сега дека е прелошо и не може да се живее ама не е времето како што си беше-според мене нормално.
     
    На FridaodaMk и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Машки
    Во ова време - ко не полуди тај није нормалан. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. brpsai

    brpsai Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    47
    Нема промени и нема ни да има. Уште сме најглуп народ и такви ќе останеме. За жал..
     
    На Cherry blossom89 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    19.568
    Пол:
    Женски
    Да! Како што кажав психопатско општество! Каде ненормалното постана нормално ! Љубомора,завист ,ненормалното стана нормално!
    Што е поим за македонец/ка :Оговорачи,свезнајки(а немаат ни појма 1%),најнајмајки (а децата им се крајно невоспитани,на 12 години мојата генерација уште гледавме цртани сега имаат дечковци и редовен секс и со одобрение на најмајките),и веќе на 13 години си крадат дечковци со другарчињата,веќе секој втор се дрогира,одат ненајавени на гости, мажите се поголеми оговорачи од жените ,ло цел ден се по кладилници или казина пијани и издрогирани никој не ги ни бара во 2часот по полноќ каде се јер понежната половина си брка друга работа
    Да не набројувам и други пострашни работи , како општество во мк све е распаднато и ретко кој остана човек
     
    На eliesaab и Gentlewoman! им се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.014
    Пол:
    Машки
    Тинејџериве се лудница сега. Јас на 12 години џамлии сум играл на улица, а не па да имам женски. Но тука е виновна напредната технологија. Интернетот ги расипа децата.
    Освен фб, иг и тикток, не знаат за друго.
     
  17. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    283
    Па, да.
    Секогаш велам дека интернетот колку и да е добра работа толку е и лоша, затоа што да бидеме реални на интернет можеш сешто да научиш и видиш. Но, има многу и потемна страна што не е ни за гледање. Колку пати сум била сведок на улица мајка и дете да се караат.. мајката го зема телефонот а ова малово писка како не бива му земале орган и тоа сметам дека е лошо. Во болницата да не зборам колку наредени деца има со цилиндар. Исто и со врските и љубовта, потполно се сменија работите. Те овој ти лајкне, те овој ти пише, па чекаш, па паралелно со 120 други женски се допишува- малку кажано катастрофа и отежнато за функционирање.
    Пак ќе кажам, природно е човек да се менува и генерациски да има разлика ама не да е до овој степен. И пред 10 години имаше телефони,лаптопи, таблети чуда ѓаволи и бесови, па не беше до овој степен. И да, сметам дека најголемата разлика е ради социјални мрежи, дури понекогаш и јас се сметам жртва на нив.
     
    На Компир Манџа и FreeToGo им се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.014
    Пол:
    Машки
    Сите сме жртви на социјалните мрежи, но на различен начин. Денес бракови се растураат на фб и иг. Се договараат тепачки меѓу децата. Уште од мали нозе на децата им даваат телефони за да играат игри и после повлечени биле и несоцијализирани. 50 годишните на социјалните мрежи се однесуваат како 15 годишни. Можеш паметот да му го видиш на фб од еден коментар или пост.

    Среќа е за мене што веќе немам иг и фб, па порелаксирано ми е. Знам да си се дружам со луѓе, да искочам во природа и тн. Не дека и кога ги имав социјалните мрежи не бев таков, туку осеќав дека ме кочеа.
    Може некој ден и од телефонот ќе се откажам, па ќе си купам чипичан. Ама пак без камерава не можам, бидејќи често сликам. Ама па и од највисоката класа на телефон да се спуштам на најниската е малку шокирачко. :worried::D