Дали наставниците можат да не оставаат и да не терат да пишуваме домашно ако сем имале 2 пати да ни дадат 50 пати. Па вака јас во четвртокот не беф на школо и сме имале германски домашно 5 пати дабелата и 10 пати зборовите.Но на 10 ученика никој не ми кажа и денеск ни кажа да останеме 7 час и ртабелата до 30 збора на ја напишеме 10 пати, а 50 збора по по 20 пати и додека не ги напишеме нема да си одеме.Кој не дошол не му ставила 1 во дневникот или кој ке напишел на одморите 4 пати повеке ке пишвал.Даали наставниците имааат право да ни го прават ова????? Ве молам за совет и како да постапиме во вакви ситуации затоа што и една буква да имаш грешка одма остануваш да пушуваш.Дали има право да ни го прави ова???? И кои се нашите права ??????? Однапред благодарам
Дали наствниците можат..........? Во денешно време ми се чини да се биде наставник е најлоша професија со овие млади деца за ученици. Стварно е тешко кога ќе гледаш од страна. Со кој почит јас ги имам гледано моите професори и учители... Се сеќавам во основно важеше тоа, дека учителката ни е како втора мајка. Зашто покрај книгите и не воспитуваше, а колку што дома поминувавме со родителите толку и со учителките. Се знаело дека зборот на професорот треба да се почитува. И да, има право да ве задржи и да ви даде дупла домашна. Ќе се научиш да пишуваш, зашто гледам и во македонскиот правиш многу грешки. Освен што ќе го научиш тоа што треба, ќе се научиш и на ред и дисциплина. Зашто во животот никој нема да ти го оправда незавршеното. А родителите се страшно попустливи, порадо би се истепале со професорот, него да го притиснат детето да научи. Од друга страна пак има и учители на кои местото им е далеку од училницата...ама да не ја ширам темата. Не седи многу на фемина, земи научи си, ништо повеќе не ти вреди од знаењето.
Дали наствниците можат..........? Јас како што знам она нема право нас да не остава полсе часови без наша желба и да ни се заканува.И јас ги гледам со почит ама тава шо ни го праве он на нас е стварно не оправдливо.Зборо на професорот се почитува но он нас не третира како во затвор.Да ама не знаеех не бев на школо учествував со 5 точки на патронато и тој ден бех цел на генерални проби.А и ти не го баш многу со македонски во ред.Прво види се самиот себе после кажувај за другите.Од друга страна пак има и учители на кои местото им е далеку од училницата ео ва е точно.
Дали наствниците можат..........? Па ако мислите дека вие сте во право одете и побунете се кај класната или кај директорот
Дали наствниците можат..........? Наставникот нема право да ви се заканува како што викаш ти(ако го прави тоа да пријавите) ама да ве научи нешто во животот има право. Всушност не право,тоа му е должност.
Дали наствниците можат..........? Колку немаат никакви права наставниците јака им душа. Девојче бре имаш 12год и одвај те разбрав што сакаш да кажеш . Закана е да ви запретува со по 10 стапа по грб ако не напишете еден збор 50 пати а се остало е лук и вода. Свати го како човек кој сака нешто да ве научи а не мачи и малтретира.
Дали наствниците можат..........? Страшно е колку денес професорите не се почитувани. Ако професорот мисли дека треба да останете седми час, тоа сигурно не е затоа што ве мрази. Туку мисли дека има потреба. А и он сигурно не е луд да седи цел ден на работа, затоа што решил тој ден да ве малтретира. Еден ден кога ќе ти затреба нешто од неговиот предмет во животот, ќе бидеш благодарна што ти одземал саат време од животот за да те научи нешто корисно....
Дали наствниците можат..........? До некаде може е разбирливо нејзиното гледиште кон случајот кој дефинитивно не заслужува да е тема на дискусија поради баналноста на истиот, со оглед на годините. Ќе разбере ко ќе потпорасне убаво што било добро, а што не од она што и се случувало.
Дали наствниците можат..........? А јас имам друго прашање во врска со професорите. Не е за домашни и слично, сосема друга тема е. Многу од професорите доколку дојде тема за хомосексуалноста почнуваат со испади како тоа е болест, како тие луѓе се ненормални и штетни за општеството итн. а не размислуваат дека можеби меѓу учениците има некој таков и слушајки ги тие зборови му се намалува самодовербата и чувството на вредност, не ги сфаќаат последиците од тоа однесување. И навистина не знам од кај треба да се почне за да се искорени ова.
Дали наствниците можат..........? Па и ние седевме во „протвор“ (дополнителна) доколку немавме домашна напишано, или имавме грешки во истата... Па кој к**. Еве ме што ми фали?? Што сум научила како подобро се пишуваат некои букви и како подобро се изговара нешто, и што е подобра замена за нешто?? Ама тоа други времиња беа...
Дали наствниците можат..........? тие немаат такво право, но сите ќутат,а тие наставници си лечат комплекси и авторитетот кој не си го изградиле со време сега си лечат комплекси врз учениците.Како што реков сите си ќутат од причина што и да се побуните, и да ја прекорат, нема сигурно од работно место да ја избркаат, а она пак ќе најде друг начин, преку писмена или било како да ви се освети и пак 1 ќе ви стави.
Дали наствниците можат..........? Да ама на мене знаете ли што ми е криво тоа што кога кажавме дека ке одеме кај директорката кој го отвори дневнико и ни кажа дека на сите ке ни ставе едниници ама јас како прецедател на одд не молчев и во лице му кажав некои работ. Спојлер Односно права што ги знаев како права на учениците Па после тоа не пушти дома. ама фала на советите а тоа што го напишав и во сон да ме скорнеш вејке ке го знам.Тоа се одрази на писмената денес ја извадив без грашка со сите 100 бода.хахахаха
Дали наствниците можат..........? Извини, ако не се лажам ти си некаде 6то одд. така? Ова ви се случува во основно? Или јас сум грешка?
Дали наствниците можат..........? Па да и јас сум на тие години и сметам дека професорката тоа го направила за да го научите и верувај еден ден благодарна ќе и бидеш а и самото тоа се одразува на твојот тест кој си го извадила без грешка
Дали наствниците можат..........? оcila колку што сум информирана професорите без разлика дали сакаат или не мораат да одржуваат дополнителна/додатна настава во зависност од знаењето на учениците, а за заканување, па и не би рекла дека тоа е заканување, нормално е дека доколку некој не си ги извршува обврските да сноси последици, заканување е друга работа. LGBT во однос на тоа дали ќе го направат да се чуствува лошо мислам дека и самата личност треба да биде свесна за последиците и ако не од професорот од некој друг утре ќе наиди на критика, на што треба да биде спремна, а инаку мислам дека не треба никој од професорите да му наметнува свое мислење на никој од учениците за било која дискутабилна тема, без разлика дали тоа е хомосексуалност, политика, или можеби едноставно дали некој лик од книга е негативац или не, а особено мислам дека треба да си се држат до тоа за што ги вработиле, т.е. до нивниот предмет, но тоа е тоа.
Дали наствниците можат..........? Вака јас ќе си кажам. Форумот го користам за да си кажам што ми лежи на душата. И немојте со испади пубертет те дрма, никогаш не сте го почувствувале тоа што ЈАС го чувствувам затоа така велите. И факт е дека професорите со тие хомофобни испади многу влијаат врз изградување на личноста. Велите дека зависи од личноста како ќе го прифати тоа, па не е баш така кога од сите ќе слуша како е болна, кога ќе слуша и од луѓе што би требало да ја сакаат безусловно (родители) дека тие деца треба да се фрлат на улица сигурно првото нешто што ќе си го помисли не е „ма ајде тие поим си немаат од животот“ туку „зошто вака правам за да ги повредам сите околу мене“ и слични чувства како чувство на вина, срам само затоа што те привлекува исти пол. И затоа, си ветив самата на себе дека кога ќе излезам од оваа состојба ќе станам активист за ЛГБТ права во Македонија, од некаде мора да се почне.
Дали наствниците можат..........? Да ама он ми вика ако слевнеш кај директорката 1 ке ти ставам сега!!!!!Е овааа шо е ако не е закана!!!!!
Дали наствниците можат..........? Е сега ако се жалите кај директорката или ако не напишите ви рече дека единица ќе ви пиши!? Јас искрено не ни гледам зошто професорот би се плашел од директорката затоа што не само што има право да ве задржи, туку тоа му е должност, професорите мораат да држат дополнителна/додатна настава со учениците, а и така и така и да ви рекол тоа во никој случај не ви влиаело на оцените и самата рече дека си добила 5ка на тестот, не ти намалил никаде, ниту точно прашање ти го зедол за грешно. Девојче ти треба да бидеш среќна ако тоа ви е проблем, немаш видено какви професори има!