Chim e Stenton...nema shto povekje da se diskutira... se e jasno,..neka mi izvini avtorot ili avtorkata... neznam shto povekje miluva.....!
Целава тема ја прочитав,детално можам да кажам се чудам,зошто е отворена и зошто некому му пречи кој,колку мислења има,па на истите да се дава оценка за тоа каква личност е членот,а приметив навреди има еден куп.Изненадена сум од тоа што вакви работи се случуваат на форумот,значи да не се почитуваат мислењата на останатите членови,а особено на тие кои што имаат најмногу мислења,а незнам што воопшто некој отвара тема за да навреди некого,мислам толку е едноставно,ако на некому не му се допаѓаат мислењата на останатите членови или на некои,нека не чита,нека игнорира,а не безпотребно да се нападне некого,иако не го познаваш лично.Па незнам со кое право тоа си го дозволуваат,а и примери да наведуваат,стварно не ми е јасно,а за правилата да не зборам, што воопшто не ги почитуваат,незнам што друго да кажам,ама мислам дека вакви работи порано на форумов не се случуваа колку што знам.
Не ни планирам да читам понатаму, или да гледам дали Лилит контрирала, ќе се напнам бетер. Вака сега, форумот е место каде го искажуваш своето мислење, а не претставуваш група девојки, колешки, пријателки. Значи секој за себе. Која е логиката ако секој секого сака и со секого дели мислење? Не ја разбирам суштината на тоа да коментираат девојки со мал број на мислења, а оние со повеќе, не. Зошто боже сачувај? Не знам дали е до мене, но контрадикторно изгледа со првото дадено мислење, а фрустрацијата ми мава во мозок. Има членови кои даваат разумни мислења, оправдани со факти и шмек кој ти вели читај ме, но целта не е да ја претставуваат глобалата од женската популација во Македонија.
Јас лично не сум почувствувала да ја наречам еве, дискриминација од одредени членови на форумот, ни кога имав 10 мислења ни сега кога имам 200 и нешто.. Напротив секоја од нив ми излезе во пресрет кога барав помош за било каков ппроблем, без потсмев или не знам што..Без разлика дали таа форумџика имаше 2000 мислења. После, нормално дека ќе си се бранат меѓусебно, малкуцка. Т.е тоа не е бранење, тоа е делење на исто мислење. Што не значи дека тоа е секогаш така. Истите тие членки на форумот имале спротивставени мислења, а и тоа е поентата. Само доколку има различни мислења, може да се развие квалитетна дискусија. За напаѓање на девојки сум сретнала, но тие истите провоцирале - многу. п.с Иако мислам дека товјата другарка не постои, туку ти си бил/била културно замолен/а да го напуштиш форумот. И оваа тема беше чиста провокација. Поздрав, и мислам дека сам/а ќе заклучиш дека доколку не провоцираш намерно, си прифатен од цела Фемина.
Девојки не сме сите исти и секако дека не размислуваме исто, затоа постои форумов за да сите дадеме свое гледање на нештата секако од наш личен аспект, не секогаш треба да им се допаднат нашите мислења тогаш сите би биле истомисленици или водени од некој лидер кој би се наметнал. Исто така тука сме да дадеме подршка на сите наши членови кои имаат потреба од нас и да им одговориме доколку знаеме за некој проблем кој им се појавил. Треба да сме сложни и да не се навредуваме без потреба или да бидеме испровоцирани бидејќи тоа му е целта на некој/а.
Твојата другарка,а гледам и ти пресериозно сте го сфатиле форумов. Без навреда на Фемина, форумов,а и целиов сајт е одличен,но треба да се забавуваме, да се побара совет,да се дискутира,а не да се обединуваме за да ја претставиме женската популација во Македонија. Ако на твојата другарка и одговориле на нејзиниот пост и нивниот пост бил различен, мсилењето било различно, но дискутирале за тоа,а не ја навредиле не сфаќам зошто другарка ти морала да го напушти форумов,а не одговорила ако мислењето според неа и било толку точно. Таа треба да стои врз реченото и не да бега веднаш откако ќе и се објаснат некои работи,а со тоа се добива впечаток дека нејзиното мислење всушност и не е толку исправно. Туку таа немала аргументи, немала факти и некои други ја поправиле и го кажале очигледното и таа се почувствувала како да кажам нападнато. А гледам и дека не била во право бидејќи се дискутира и нема зошто да се лути се додека не ја навредиле некако. Ако таа,а и ти имате такво мислење за работиве и на луѓето им кажувате како Фемина ја претставувала женската популација во Мк и дека имало некои поглавни членки, не гледам причина да се задржите на форумов. Поздрав.
^Па што има врска ако е од лани, нели сите сме тука да дискутираме. И сдк е од лани па се до ден денес се пишува .
Нека искочи бе Дејзи Јас незнам како луѓево не ги мрзи да дојдат и да се замраат да делат форум на позиција и опозиција. Се луѓето се против нив, се некој не ги сака, се табоори имало незнам што. Како бе мене некој не ми се контраше намерно и не ме бркаше од форумов коа имав 1-10-25 и сеа 2000 мислења. А на никој му неам излижано ни гз ни што ти знам, се што мислам си кажувам и не паѓам у несвест ако некој не се согласува со мене или не му се свиѓало мислењето. Епа ако мислите дека од бројот на мислења се добива плата се лажете. Ако мислите дека бројот на мислења значи нешто на форумов тогаш седни и ти дреми 5 месеци напрај 3000 мислења и фали се Баш се сеќавам кога почнаа на форумов да пишуваат Георгина, Дафни, Мерлин, Ливинг, значи од првите 10 мислења веќе се гледа дека знае да дискутира, изразува итн... како ете нив ги спомнав не почна да им се контра и да прави заговори против нив? Заклучок: Проблемот е до вас болни умови! Get a life
Морав да прокоментирам! Темава требало да се вика ,,10 девојки, 9 мислат исто, а 1 различно‘‘ Извини, но пред да ја отвориш ти си немал/а НИТУ ЕДНО мислење на форумов. Ова со отворањето на темата ти било прво мислење. Јас незнам како другарката на другарка ти те дознала, по кое мислење кога си немал/а ниту едно? Си се зачленил/а 50 минути пред да ја отвориш темава. Дај објасни ако си сеуште овде! Ама сепак ке ти кажам БРАВО за креативноста, си измислил/а приказна Сигурно, сигурно си бил/а претходно баниран/а Ама откај лажеше, барем да не ги навредуваше форумџиките!
ale.sandra,ова е форум,секој има право на свое мислење и истото да го искаже.Нормално дека ќе има судари и конфликти, зашто не сите размислуваме исто. И секоја девојка за себе си пишува свое мислење и став,како таа ги замислува работите.
Сметам дека со самото отворање на темава девојката се наведе да го сврти цел форум против неа . Скоро сите сме овде да дадеме некое мислење од искуство ,од она што сме го слушнале и виделе ,и сега нема смисла сите да сме доживеале исти работи , не сме си клонови една на друга ,па ај сме биле женски или не. Не е начин да се создава раздор ,сите сакаме да се забавуваме ,да комуницираме на мирен и цивилизиран начин ,да си помагаме ако сме во состојба , а не да се расправаме со некој само поради тоа што не го дели нашето мислење . Демократијата владее ,да му се невиди !
Некои од девојките тука имаат повеќе време, пишуваат повеќе мислења, и сега оние кои имаат помалку очигледно се малку љубоморни И јас имам помалку мислења но воопшто не ми сметаат оние кои имаат повеќе мислења и се поактивни. Напротив, повеќе ги почитувам затоа што од големиот број на нивни мислења може лесно да се заклучи каква е личноста и скоро сите ми се мили Си пишуваат девојките бре! Ви смета?