Мислам дека насловот кажува се.Дали се покажувате на форумов такви како што сте или пак криете некоја ваша особина?.Дали сте секогаш искрени коа ги пишувате коментарите?и дали форумов ги знае сите ваши тајни? (ако има ваква тема,заклучете ја)
Да, барем јас. Името ми е скриено зад никот, но не и карактерот. А на форумот не сум кажала ниту една моја тајна.
На ова место можам да бидам ЈАС во права смисла на зборот. Можам да кажам се што ми лежи на душа, да кажам многу работи кои инаку не би се осмелила да ги кажам од страв да не повредам некого...
Искрена сум! Ама не кажувам баш се, затоа што згрешив што си го пишав името.. Да не го пишев, ај, ама вака малце.. Ма да има уште 4683790436 Елени, али ипак.. Едноставно, искрена сум, ама не си ги кажувам сите тајни.
Искрена сум, но сепак не кажувам баш се. Некои работи си остануваат тајна. Инаку во врска со мојот карактер сум секогаш искрена и си ги искажувам своите ставови и видувања на нештата.
Ако не беше така немаше воопшто да се зачленам,барем тука можам да си кажам се,во секојдневието некогаш мораме да пазиме како се однесуваме и кои ставови ги искажуваме,па некогаш човек осеќа да се испука некаде,па тоа може тука...зошто би се фолирала на анонимен форум? И баш го обожавам форумов!!!
Да, воопшто не осеќам потреба да се фолирам по форуми и слично. Станав зависна од форумов, нема дена а да не го посетам да прочитам што се случува, да анпишам нешто. Ќе ми беше многу досадно да не бев на форумов
Да. Немам причина да се прикажам ко некој друг, затоа што јас сум јас. Нормално, имам од друга страна причина да не кажувам за мене се, сепак, форум е, јавен е. Не би сакала да ме знаат под вистинското име и презиме. Да беше така - немаше да бидам Пирамида туку ќе бев зачленета под моето име. Признавам, има моменти кога многу си ги гризам усните, односно прстите, да не пишам нешто што би разгорело некоја кавга не дај Боже. Човек сум, знам дека и јас би реагирала секако и мислам дека некогаш е излишно да се коментира. Односно како и во реалноста така и на форумов - знам и убедена сум дека понекогаш молчењето е злато. Особено кога е непотребно да се разгоруваат страсти и предизвикуваат негативни емоции. Ама тоа што го кажувам, тоа и го мислам и тоа го правам. Во реалноста имам проблеми со лажење и глумење, не пак тука. Абе не знаев ни да поткажувам на часови - ете колку сум смотана Оно, едно време кога беше во подем интернетот и сите социјални мрежи, си велев - идеална прилика човек да се сокрие. Не може човек да се крие, вистинскиот карактер макар и обелоденет преку реченици искуцани на компјутерот, излегува и те како на виделина Порано или подоцна. Така да, то је то.
Точно онаква каква што сум, немам потреба да лажам. Ако лажам некого што не ме познава,кого лажам? самата јас.
Епа најискрено мислам какви сме на форумот не сме такви и во реалниот живот, јесте да сме искрени ама у реалниот живот не сме, ако тука можеме да кажеме се што мислиме, на блиските баш и не можеме да си бидеме реални. Ако тука на форумот едни со други сме си фини во реалниот живот со сите не сме. Добро има и тука некои што не се дишат ама тоа друга приказна. Ретки се оние кои во реалниот живот се без влакна и не се лицимерни. Поголемиот дел од нас се принудени секојдневно да се смешкаме на личности што ни иде да ги убиеме. Зарем грешам? Не сум на форумот таква каква што сам во реалниот живот, ако тука можам да плескам се што мислам на некоја другарка пример не можам да и речам извини ама не те поднесувам. Не ги кажувам моите тајни ама сум искрена во давање совети и изнесување став а и немам потреба да лажам за нешто.
Пишувам тоа што го мислам, можеби некому не му се допаѓа, но се трудам некого да не навредува. Форумот ми го замени дневникот, овде пишувам за скоро се што ми се случува. Читањето на паметни мислења ми овозможуваат и мене да си го збогатам речникот, а и паметот. Еден вид се релаксирам со оваа виртуелна дружба и незнам причина поради која би се покажувала погрешно.
Не. Овде премолчувам на некои коментари кои ме иритираат, некои се поврзани и со мене општо, во приватниот живот ретко премолчувам, нонстоп влегувам во конфликт со некој.
Јас приметувам дека некои се сосема различни... И некако чудно ми е. Ама јас каква сум на форумов, таква сум и во моето секојдневие. Тука можеби штом не ми е мајчин јазик, по некои реченици ќе мора на различен начин да ги составам, ама контектстот е ист. Ако не се согласувам со некое мислење, само ако сум навредена од тоа (индиректно, се разбира), тогаш ќе се обидувам што поучтиво да го замолам тој член дека тоа што го мисли, прави, итн, не е во ред. Секогаш го кажувам своето искрено мислење, и иако сакам да го кажам моето мислење за нешто, а знам дека 9235890723598745 коментари после ќе има, си ќутам, знам дека после ќе има навредувања, офтопици, и така.
Јас сум таква како што се претставувам, никој не знае која сум. Не измислувам некои проблеми колку само да напишам нешто, туку оние што навистина ги имам и ми треба помош. Не сум ги открила најголемите мои тајни, името, презимето...мислам нема потреба, а форумот е јавен и несакам секој да знае се за мене.
Се прикажувам токму онаква каква што сум. Истите ставови и размислувања ги кажувам и во приватниот живот. Не гледам причина зошто би глумела нешто што не сум. Си го сакам сопственото јас, сметам дека сум една здраво формирана единка и се гордеам со тоа, нема зошто да го прикривам тоа и да се правам нешто што не сум