1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали на форумов се покажувате такви како што сте?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Happygirl13, 6 јуни 2011.

  1. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Мислам дека насловот кажува се.Дали се покажувате на форумов такви како што сте или пак криете некоја ваша особина?.Дали сте секогаш искрени коа ги пишувате коментарите?и дали форумов ги знае сите ваши тајни?
    (ако има ваква тема,заклучете ја)
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Да, барем јас. Името ми е скриено зад никот, но не и карактерот. А на форумот не сум кажала ниту една моја тајна.
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    На ова место можам да бидам ЈАС во права смисла на зборот. Можам да кажам се што ми лежи на душа, да кажам многу работи кои инаку не би се осмелила да ги кажам од страв да не повредам некого... :)
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR, iloveyou29, Emma.Sun и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Искрена сум! Ама не кажувам баш се, затоа што згрешив што си го пишав името.. Да не го пишев, ај, ама вака малце.. Ма да има уште 4683790436 Елени, али ипак.. :worried: Едноставно, искрена сум, ама не си ги кажувам сите тајни. :)
     
    На Tedi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Искрена сум, но сепак не кажувам баш се. Некои работи си остануваат тајна. Инаку во врска со мојот карактер сум секогаш искрена и си ги искажувам своите ставови и видувања на нештата. :)
     
  6. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ако не беше така немаше воопшто да се зачленам,барем тука можам да си кажам се,во секојдневието некогаш мораме да пазиме како се однесуваме и кои ставови ги искажуваме,па некогаш човек осеќа да се испука некаде,па тоа може тука...зошто би се фолирала на анонимен форум? :?:

    И баш го обожавам форумов!!! :rock:
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Да, воопшто не осеќам потреба да се фолирам по форуми и слично. Станав зависна од форумов, нема дена а да не го посетам да прочитам што се случува, да анпишам нешто. Ќе ми беше многу досадно да не бев на форумов :)
     
    На srcekrsacka и lola-86 им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да. Немам причина да се прикажам ко некој друг, затоа што јас сум јас.

    Нормално, имам од друга страна причина да не кажувам за мене се, сепак, форум е, јавен е. Не би сакала да ме знаат под вистинското име и презиме. Да беше така - немаше да бидам Пирамида туку ќе бев зачленета под моето име.

    Признавам, има моменти кога многу си ги гризам усните, односно прстите, да не пишам нешто што би разгорело некоја кавга не дај Боже. Човек сум, знам дека и јас би реагирала секако и мислам дека некогаш е излишно да се коментира. Односно како и во реалноста така и на форумов - знам и убедена сум дека понекогаш молчењето е злато.
    Особено кога е непотребно да се разгоруваат страсти и предизвикуваат негативни емоции.

    Ама тоа што го кажувам, тоа и го мислам и тоа го правам. Во реалноста имам проблеми со лажење и глумење, не пак тука. Абе не знаев ни да поткажувам на часови - ете колку сум смотана :D

    Оно, едно време кога беше во подем интернетот и сите социјални мрежи, си велев - идеална прилика човек да се сокрие.

    Не може човек да се крие, вистинскиот карактер макар и обелоденет преку реченици искуцани на компјутерот, излегува и те како на виделина :) Порано или подоцна.

    Така да, то је то.
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR, crazylady и FBI им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Точно онаква каква што сум, немам потреба да лажам.
    Ако лажам некого што не ме познава,кого лажам? самата јас.
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Епа најискрено мислам какви сме на форумот не сме такви и во реалниот живот, јесте да сме искрени ама у реалниот живот не сме, ако тука можеме да кажеме се што мислиме, на блиските баш и не можеме ;) да си бидеме реални. Ако тука на форумот едни со други сме си фини во реалниот живот со сите не сме. Добро има и тука некои што не се дишат ама тоа друга приказна. Ретки се оние кои во реалниот живот се без влакна и не се лицимерни. Поголемиот дел од нас се принудени секојдневно да се смешкаме на личности што ни иде да ги убиеме. Зарем грешам? Не сум на форумот таква каква што сам во реалниот живот, ако тука можам да плескам се што мислам на некоја другарка пример не можам да и речам извини ама не те поднесувам. Не ги кажувам моите тајни ама сум искрена во давање совети и изнесување став а и немам потреба да лажам за нешто.
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Пишувам тоа што го мислам, можеби некому не му се допаѓа, но се трудам некого да не навредува.
    Форумот ми го замени дневникот, овде пишувам за скоро се што ми се случува.
    Читањето на паметни мислења ми овозможуваат и мене да си го збогатам речникот, а и паметот.

    Еден вид се релаксирам со оваа виртуелна дружба и незнам причина поради која би се покажувала погрешно. :)
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дефинитивно да, па дури и аватар барам сличен на мене :lol:
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    да зошто форумов е анонимен, и баш тука сум таа која сум јас всушност! Така да овде сум 100% me
     
  14. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Не. Овде премолчувам на некои коментари кои ме иритираат, некои се поврзани и со мене општо, во приватниот живот ретко премолчувам, нонстоп влегувам во конфликт со некој.
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Дефинитивно тоа сум јас каква што ме читате, разликате е што имам друго име и слика.
     
  16. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Да, и повеќе отколку што покажувам во живо. Не би се осмелила на сите теми да зборувам во живо.
     
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Јас приметувам дека некои се сосема различни...
    И некако чудно ми е.
    Ама јас каква сум на форумов, таква сум и во моето секојдневие. Тука можеби штом не ми е мајчин јазик, по некои реченици ќе мора на различен начин да ги составам, ама контектстот е ист.
    Ако не се согласувам со некое мислење, само ако сум навредена од тоа (индиректно, се разбира), тогаш ќе се обидувам што поучтиво да го замолам тој член дека тоа што го мисли, прави, итн, не е во ред.
    Секогаш го кажувам своето искрено мислење, и иако сакам да го кажам моето мислење за нешто, а знам дека 9235890723598745 коментари после ќе има, си ќутам, знам дека после ќе има навредувања, офтопици, и така. :)
     
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Јас сум таква како што се претставувам, никој не знае која сум.

    Не измислувам некои проблеми колку само да напишам нешто, туку оние што навистина ги имам и ми треба помош.

    Не сум ги открила најголемите мои тајни, името, презимето...мислам нема потреба, а форумот е јавен и несакам секој да знае се за мене.
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се прикажувам токму онаква каква што сум. Истите ставови и размислувања ги кажувам и во приватниот живот. Не гледам причина зошто би глумела нешто што не сум.
    Си го сакам сопственото јас, сметам дека сум една здраво формирана единка и се гордеам со тоа, нема зошто да го прикривам тоа и да се правам нешто што не сум ;)