да и сметам дека нема потреба да се покажувам поинаку. Не ме знае никој (бар така мислам), сите мислења што ги имам дадено се од типот како би постапила (кога се работи за совет), што правам и што јадам или како се осеќам тоа е она што навистина ме опкружува или сум го направила дента. За измислувања , фолирања или фалења сметам дека нема потреба пред се ова е виртуелен свет и свет во кој си помагаме, а не место за сожалување.Пред се сакам да се добие слика за мене онаква каква што сум
Сите ставови, мислења и интереси се тие како и во реалниот живот. Нема да пишувам јас, на пример, дека го гледам Сексот и градот ако не го гледам. Е сега, некогаш се обидувам да бидам потолерантна и помируљубива, посебно со луѓе што не ги познавам. Внимавам да не навредам некого.
На форумов се што имам напишано е вистина, мислам дека кога е веќе анонимен нема потреба од фолирање.
да,многу сум музикална дремам кај музиката цело време п.с.кој пее зло не мисли,освен ако не си многу темпераментен ко цацко
Дефинитивно да...Оние теми на кои не сакам да речеме да откривам ептен приватни работи за себе, ги избегнувам...
Па релативно кратко време пишувам на форумов и не гледам причина зошто би глумела. Таа сум. Тие се моите ставови и начин на размислување.
Членувам и на два други форуми каде што не го кријам својот идентитет, и за разлика од фемина - таму богами размислувам пред да пишам коментар. Овде сум слободна да коментирам и за мојот секс живот и за моите лични проблеми, но не секогаш го кажувам својот став. Знам и да преќутам и едноставно да прескокнам некоја тема колку и да сум била изиритирана од нечие мислење, се со цел да не се замерам со некого. Се што е пишано во моите коментари е вистина, и мислам дека нема потреба да лажеме барем тука каде што сме анонимни.
Не гледам причина да содзавам нереална слика за себе. Се држам до своите мислења, идеологии, сфаќања. си стојам до вистинското јас...
Зачленета сум на форумов да кажам свое мислење и незнам зошто би се правела она што не сум. Кој ме познава лично би можел да го потврди истото. Иако може во приватен живот сум повлечена и поќутлива, сепак тука го кажувам она што ме мачи, она што не можам да го споделам со никој.
Да, и си ги сносев последиците од тоа. Поврзани беа околу љубовта и гневот. Но, стојам зад сето тоа што сум го рекла, напишала! И уште терам така - на крајот на краиштата, не можам да се кријам сама од себе.
Да, карактерот кој можеби се гледа од секој пост, интересите и некои завиени, замотани во милиони кошули прашалници, кои ги поставувам понекогаш во некои конкретни теми се главно повторно претерано поврзани со мене. Но тоа се баш онака како што ми се мотаат и во главата, баш онака како што ги размислувам во моментот, бидејќи се поврзани или лично со мене или се поврзани со мои пријатели, нешто што ми било кажано, некој проблем, настан, ситуација од секојдневието. Замотани се секогаш бидејќи не можам да знам кој се чита на форумот, а јас сепак не би сакала да преку детално раскривање на нечија приказна, посебно кога е друг инволвиран, а јас сум имала потреба да си олеснам дента на себе си бидејќи ме јадело нештото па сум го напишала, пак истиот човек да случајно се најде на фемина и да го чита постот во кој јас пишувам за него.. веројатно ќе му е непријатно или што знам. И да секогаш се прашалници, пошто се во фаза на размислување ццц од оние мислителите, замислените што одат по улица и мислат сум. Виртуелниот свет, посебно кога многу од работите кои ги постирам тука би оделе со едновремен разговор, освен едносрочно постирано нешто би откриле веројатно и многу повеќе и би било баш јас. Оваквите места се всушност места каде некој што не ме познава може многу полесно да ме запознае отколку во оној свет надвор некој да ме сретне денеска.. секако нема да знае ништо за мене и нема да може да оцени, бидејќи не сум до толку отворена.. ок не сум отворена да не изводам цццц потребно е повеќе време да се дојде до работите кои инаку некој би ги видел во виртуелниов свет за многу побрзо време. Веројатно кога си имаме маски луѓето само тогаш сме онакви кавки што сме... убаво рекол Оскар Вајлд „дај му на човека маска и ќе ти ја каже вистината“.. е ок, за некои ни маската не ја носи вистината, но тоа се други случаи.
да, немам потреба на форумов да кријам нешто, имам кажано работи кои што ни најблиските не ги знаат за мене и потполно сум искрена.Мојата најдобра другарка да ми ги чита постовите еден по друг веднаш би знаела дека сум јас
Да..но тука можеш да прашаш и кажеш нешто што пример во приватен живот не би можел, сепак овој форум е јавен но и таен, така да сметам дека овде сме целосно ние секако со исклучоци, приметувам дека некои се форсираат за да добијат пофалба или не знам што или пак измислуваат проблеми за да бидат ,,интересни,, и скокотливи за коментирање .. сеедно, јас сум таква каква што сум, овде и приватно и секако
За разлика од некои личности (покажува со прсте нагоре), имам нормално развиена психа и форуми не користам за да се претставам како нешто што не сум. (Читај: трол, психич, унерамнотежен мањо). Не дека тука се отварам нешто посебно (многу теми избегнувам, бидејќи не ми е пријатно да споделувам толку интимни работи), но она што го пишувам, тоа сум јас и во секојдневието, тој ми е стилот на изразување.
Да, дефинитивно...таа сум ...сите слики во МК се мои, и детето е мое Нема потреба од лажно претставување, форумов изобилува со прекрасни ликови кои не заслужуваат манипулирање и глумење. Да ја додам и нивна интелегенција која и те како е голема, така што за кратко време ќе бидете откриени и обрукани. Лично за мене каква сум во реалниот живот, таква сум и во виртуалниов. Јас сум ти како Трендафил Каранфилов- мирољубив човек , не сакам конфлики, р`чканици и препукувања, токму поради тоа и избегнувам одредени теми. Читам, климам со главата и одобрувам, стискам лајк или негодувам, се чудам на поедини мислења, вртам очи и скролам. А во реалниот свет давам поглед-ток то д хенд и одминувам. Ретко избувнам, се воздржувам да не подлегнам на провокации, ама некогаш човечката глупост знае да ме изненади па тогаш најчесто го користам сарказмот. Штета што не секој го разбира, па не ја сфаќа поентата. Си сакам мир, хармонија, разбирање, сакам да се насмеам, да се расположам, сакам ведри и пријатни личности ... ако можам да помогнам- помагам, ако знам да поучам и советувам- го правам тоа. Ете така.