да дефинитивно... единственото место да речам каде што можам слободно да се искажам и отворам тотално...
Па не сум баш.Во приватниот живот сум поизбувлива,кажувам се,што на ум-то на друм. А овде не,додека пишувам,за тоа време подразмислувам,и си викам ај,со кого ќе се натегам и објаснувам.Колку само сум напишала ,па сум бришела.
Иста сум и јас! Во реалниот свет сум многу поизбувлива, многу подрско се изразувам , многу поотворена сум отколку овде на форумот! На форумот одбегнувам некои теми бидејќи нејќам да се докажувам,па да објаснувам, па да убедувам... Си велам ,,ај не е важно, нема што никој јас да разубедувам,, Значи на форумот одбегнувам теми што во ралниот свет ми се многу дискутабилни! Од друга страна пак не се имам претставено на форумот поинаква од она што сум реално, го пишувам она што го мислам (реков дека на некои теми се воздржувам), давам совети онака како што навистина јас би постапила, раскажувам реално доживеани случки, споделувам мои искуства,и на форумот исто како и во реалниот свет не ,,лижам газови,, за добра однос со некого а уште помалку за ,,лајк,, и сл!
иста како во живо така и на форумот...само по опуштена овде,дека нема кој да ми оде контра заинает хихиххи
Јас си имам теорија дека никој, никогаш не се прикажува онаков каков што е. Никаде. Секогаш некаде се потсопираме, внимаваме што и како ќе кажеме, како се однесуваме на работа, како дома, со најблиските, како со непознати... Моите мислења и ставови се тие, моите совети исто се дадени од срце, ама реално - колку преку форумот може да се претставите некому? Ретко навлегувам во конфликти тука, иако во реалноста ги имам почесто. Зошто? Затоа што имам премногу драма и напнатост во животот и тука сакам едноставно да уживам и да си го одморам мозокот. Токму затоа некои коментари ги заобиколувам, некои луѓе ги игнорирам и гледам да не се расправам. Дали тоа ме прави лицемерна? Не. Тука може да си пишуваме убавини, прекраснотии и сладникави зборови до утре сабајле, а друго е кога ќе погледнеш некого во 4 очи и ќе пружиш раче.
на форумот не кажувам тајни, но раскажувам проблеми, отворена сум, не го кријам ниту идентитетот. Го кажувам тоа што го мислам и постапувам исто како што правам и во реалниот живот ако се испровоцирам- ќе го кажам тоа, ако не само ќе се насмеам и заминувам. Тоа особено се случува во политичките теми. А бидејќи во реалниот живот се дружам со луѓе со кои имам исти политички погледи немам проблем со таков тип расправии па затоа не ги применувам ни тука. Ако нешто ми посмета ептен или ако дојде до конфликт со некоја од форумџиките и го кажувам тоа преку лична порака, не сакам многу јавно да се расправам. Па така заклучувам дека тука се покажувам колку што можам поблиску до онаа вистинската Оззи, сепак не можеме да се прикажаме целосно на еден форум, нели? Но вистината е дека не глумам, не измислувам, само пишувам или некогаш- се воздржувам!
Несакам да убедувам некого дали сум или не сум иста во живо и во виртуелниот свет. Тоа сакам да ми го каже некој што ме знае. Не се трудам да се прикажам некако, ниту во добро ниту во лошо светло. Едноставно го пишувам тоа што го мислам во моментот, а сум многу контрадикторна личност па утре ќе напишам нешто спортивно на тоа што сум го мислела денес и може да дојде до забуна „Чекај шо праи сеа девојчево, таа ли е не ли е„ Се согласувам со тоа што го кажува Трендафилка. Вистинската јас со сите мани и недостатоци се прикажувам само во огледало. Пред секого сме различни, всушност и онака секој различно не гледа. Неможеме пред сите луѓе да се прикажуваме во исто светло. Имам свое јас, но мислењата ги менувам често, денес едно мислам, утре друго, трет ден ми докажал некој дека тоа е така, а не вака и тоа е тоа. Битно е дека на форумов не лажам за работите што ги пишувам кои се поврзани за мене. Најчесто совети давам во „Љубовни проблеми„ кои се прилично строги, па потоа се прашувам дали би имала сила да ги применам истите на моја кожа... би рекла дека не Не се замарам, кој како сака нека ме гледа на форумов
Епа дефинитивно не се трудам да се претставам како нешто што не сум. Мислам дека анонимноста сепак дозволува да се искажеш како што чувствуваш. Само изгледа без да сакам сум оставила поинаков впечаток од она што сум, сите ме замислуваат како балерина
Апсолутно. Немам потреба да се правам нешто што не сум. Дури и можам да кажам дека сум повистинска и поотворена отколку во живо затоа што анонимноста дозволува да кажам токму тоа што мислам и чувствувам.
Мислам дека да освен што овде зборувам многу покултурно отколку во приватниот живот на дијалект Инаку пишувам тоа што го мислам сакам да кажам овде сигурно сум доста отворена личност како и во приватниот живот Зошто би лажела некој кој го незнам
Тоа што е покажано, е таква каква што сум ... Ако нешто сакам на друг начин да го претставам воопшто нема ни да го напишам!
Да да да ! Никад не сум напишала мислење само за некој да не ме нападне ако моето мислење не се совпаѓа со неговото. Секогаш се изјаснувам и си го користам правото на мислење ! Не правам лица и се што помислувам кажувам !
Не секогаш. Кога се работи за моите мислења и ставови по одредени прашања-да. Но кога за одредена работа се контрирам со некого, повеќе размислувам што ќе кажам и се контролирам, што во приватен живот ми е многу тешко и обично кажувам она што ќе ми дојде на јазик. Сепак, разговарам со луѓе кои не ме познаваат и не сакам погрешно да бидам сфатена. Друго е кога сум со блиските па и да кажам нешто што не треба-ме сфаќаат. Жута минута, тоа ти е.
Секако дека се покажувам онаква каква што сум јас. Фала богу дека форумов не ги знае сите мои тајни! Во никој случај нема да откријам работи кои се доверливи. Секогаш си оставам дел за себе. Меѓутоа кога станува збор за дискусија секако дека не си ги држам мислењата за себе, и не ми е гајле дали сум единствена со такво мислење.
Да, како што се изразувам во реален живот, така се изразувам овде. Ако не ми се допаѓа нешто, кажувам, а истото и со тоа што ми се допаѓа. Ако некој ме контрира, враќам.
ДА! и секако, тука пишувам политературно, и дури понекогаш мислам дека тука сум повеќе јас, отколку во приватниот живот... а некои големи тајни не издавам
Да,потполно сум истата како што и навистина сум.Добро со мала разлика (како што спомнаа повеќе форумџики) -овде зборувам литературно,а инаку си лупам до дијалектов мој