Да, нема до добијам ништо ако нешто измислувам или незнам што а и несакам да си го замарам мозокот со измислувања за мене. Не кријам ниту една моја особина оти јас сум таква каква што сум независно дали на некого ќе ми се допаднам или не. Кога ѓи пишвам коментарите го пишувам моето искрено мислење и не ме интересира дали на некого ќе му се допадне или или не.Тоа е мое мислење и може тој слоббодно да не го прифати ако не му се допаѓа. Иако сум искрена не ги кажувам сите мои тајни иако не ме знаете но сепак ти се тајни.
ДА во целосност! Немам потреба да лажам,јас сум тоа што сум и нема потреба да глумам или било што друго
Не можам целосно, ама баш целосно да се доверувам зошто сепак имам неколку познајнички((не)сакајки). Искрена сум, нема зошто да лажам.
Доживувајте ме како милувате, моето одобрување или негирање на прашањето поставено во насловот на темата сигурно нема да го смени тоа А персони што мечтале да бидат недопирливи, сезнајковци, потомци на Чак Норис, жртвени јагниња...од секогаш постоеле. Што да не и на форумов? ФакАт е дека релативно малку девојки од тука се познаваат меѓусебе во приватниот живот и имале шанса да се доживеат на начин поинаков од виртуелниот и да си ја прошират или скратат сликата што претходно била скована во мозочето Искрено, некои не можам и не сакам да ги замислам поинаку, а некои се молам да бидат поинакви
А зошто пак да лажам? Што ќе постигнам со тоа ако стварам поинаква слика за мене кај луѓе кои во реалноста не ме познаваат.Не сум таков тип на човек, немам потреба да лечам комплекси на таков начин.Се прикажувам каква што сум, ги кажувам моите ставови и мислења но не одам предалеку...сепак не можам да бидам сигурна дека на форумов немам познаници.
Па многу јасно, форумов е анонимен, а на нам обичните смртници полесно ни е да си ги кажуваме маките на непознати. Тука сум тоа што сум и пишувам на стилот на кој пишувам и со пријателите.
ДА, таква каква што сум немам потреба да се кријам .. го покажува своето вистинско лице СЕКОГАШ и пред СЕКОГО!
ДА, потполно. Дури можам да кажам на форумов сум најискрена и со другите, и со самата себе. Името ми е скриено, но карактерот е тој во целост. Зашто би се замарала со измислување работи Искрени совети, кај што можам да дадам со мои 18 години ги давам, нема што да се крие, за тоа е форумов
Искрена сум,секогаш и секаде ,па така и на форумов. Не кријам ништо а и нема потреба,кој му треба и матичен број ќе му дадам
Бидејќи сум многу кратко време на форумов досега се претставувам каква што сум јас-вистинската јас,колку што ги читам мислењата секој се претставува во вистинско светло бидејќи не се знаеме,не ни е откриен идентитот и мислам дека е правото место каде што девојките овде немаат "влакна на јазикот"
јас исто се преставувам во вистинско светло, не затоа што сум многу искрена, него ете тука никој не ме знае и мислам дека на сите ни е подобро што можеме тука да бидем 100% искрени
Да, се покажувам таква како што сум . И овде сум нај искрена, затоа што овде ако се отвориш ептен, никој нема да те сфати погрешно, а надвор во реалниот свет, мора од некого погрешно да бидеш сфатен, така да , уживајте овде , оваа е нашето најубаво катче каде што сите разговараме и си даваме помош една на друга ...
Малце апсурдна темава, ама сепак се решив да пишам. Се претставувам онака како што другите кои ме читаат мислат дека се претставувам. Кој мисли дека она што го пишувам е точно - во право е. Кој што не мисли - и тој е во право. Со една моја реченица тука која би гласела Да, јас се претставувам таква каква што сум во вистинскиот живот. би било глупаво некој да го конструира своето мислење.
Секако дека се престаставувам таква каква што сум. Форумов го гледам како место за дружење и релаксација, каде можеш да добиеш искрен совет, и секако да дадеш каде што треба, и да научиш многу работи. Нема потреба да лажам, или да се кријам.