Јас можам да кажам дека тука сум најискрена.Никој не ме знае и не се плашам да кажам особина за мене што во живо не би ја кажала на никој.
Секако дека да. И овде а и во јавност сум 100 % искрена и своја. Нешто што најмногу мразам е умилкување и претварање дека си нешто што не си.
Пишам се што ми иде прво на ум, и не се претставувам во друго светло, таква сум каква што сум, нормално дека си ја задржувам мистериозноста, но сепак, моите мислења, се 100 посто своиствени за мене, и тука сум директна и критична како и во приватниот живот.
Секако дека сум искрена, нема потреба да се кирјам и преправам кога форумот е анонимен Си ги кажувам ставовите , и дебатирам. Нема потреба од ставање маска
Апсолутно да. Но, сепак внимавам со моите коментари да не навредам некој. И покрај тоа што форумот е анонимен, треба да се внимава без разлика дали некој ти ги знае името и презимето или не Макар колку и да внимаваш мора некој да се навреди и тоа е тоа . A околу покажување на личноста онаква каква што сум да, не планирам да . Си ги изјаснувам своите ставови и мислења, каква сум таква сум. Некои мислења ми се допаѓаат , некои не, моите исто така на некои им се допаѓаат, на некои не. Секој си има свои ставови и треба да си ги изјани во вистинско светло, онака како што би постапил во такви ситуации, според мене. Нема потреба и ставање маски и прикривање на реалноста
Кажувам каква сум и карактерно и секогаш искрено го мислам секој коментар што го пишувам. Тајниии.... што е тоа, мислам дека како пупигрл станав препознатлива по бившиот дечко што ми е во странство и што ми рече дека ќе се вери со друга
Да. Поради самиот факт што сме анонимни, многу е полесно да се искажеш, и кога се ти е супер, и кога ти се плаче. Не мора да најдеш утеха, доволно е само да го испуштиш од себе, и ќе ти биде подобро. Како пријател што секој пат е тука за тебе за да те ислуша, но не те осудува, не ти пререкува нешто, и си сигурен дека нема да те издаде. Секако дека најличните детали не ги кажувам, нешто си останува за мене.
Да... но сепак не сум 100% јас.Неможам да се опуштам и да речам се што ми лежи на душа од страв дека некој ке ме препознае Јас или се отворам максимално (само во некој што имам 100% поверение) или се отворам околу 15-20%...но полека полека почнувам да се отвaрам на форумот
А која би била смислата да си зачленет на форум каде што си пред се анонимен и да презентираш нешто што не си ти?! Всушност мислам дека се покажувам таква каква што сум. Со сигурност неможам да знам, поради тоа што и самата на себеси во некои ситуации сум си контрадикторна. ПОнекогаш ми е потребно некој друг да размисли во мое име. ПОнекогаш ми е потребно да слушнам други мислења за да оформам мое мислење. Понекогаш може да се случи да паднам и под туѓо влијание ... али во глобала тоа треба да сум ЈАС. На моменти силна, на моменти слаба и дефинитивно во нарушени односи со самата себе. Би требало да се покажувам ваква.
Па, со оглед на тоа што не се појавувам во исклучително фино спакувана амбалажа, нема да ја изгубам панделката . Мислам дека како и во реалниот живот и виртуелно избива вистинскиот карактер порано или подоцна прашање е на време дали некој кој се бои во различни нијанси ќе биде разоткриен и тоа со самостојно потфрлање во обидот. Само што, живи луѓе, сите минуваат низ благи манично-депресивни фази само кој колку си признава себеси е една тема, а друга тема е што според мене сите луѓе се микс од доброто и злото само од волјата и времето и напорот кој го вложуваат на ова балансирање зависи конечниот или па моментален исход. И кој виде ок, за некои ќе има поправен, други се духовни далтонисти трајно. Некаде читав како некој автор кој се прикажувал како духовен водач на таоизмот или некоја друга азиска духовна доктрина излегло дека е англиски водоинсталатер и со тоа нималку не му опаднала читаноста и рејтингот ко автор како што би се очекувало. Во фантазијата сите понекогаш влегуваме во туѓи чевли и создаваме ѓаволски добри сценарија за себеси во некоја блескава проектирана иднина за нас, ама доколу некој може да биде повреден или на било каков начин засегнат од нашето претставување треба да се подразмисли подобро и подлабоко. Бидејќи нашата интеракција овде може да има и штетни ефекти пр. делење непромислени па и потенцијално штетни совети на личност која би ги прифатила поради возраст, неинформираност, склоност кон сугестии итн. И на крај, се сомневам дека сите се целосно дефинирани најмалку пред себеси како индивидуи бидејќи често баш оние кои тврдат дека се најискрени ги извртуваат фактите во своја корист, чувствителните повредуваат безмилосно други, а пак оние кои знаат да проценуваат карактери паѓаат на најочигледни ласкања. Ова е општо правило за луѓето не се однесува ексклузивно само на ова виртуелно катче именувано како Фемина. Форумов не ги знае сите мои тајни од причина што како жива и здрава жена си имам свој вел од мистериозност кој го сметам за потребна одлика. Воглавно сум таква каква што морам да бидам поради себеси бидејќи секој се бори да го очува својот идентитет составен од уверувања, ставови па и систем на предрасуди и си имам доста маани, понекоја доблест, свои жолти, розеви и сини минути. Така.
Се покажувам таква каква што сум, Но тоа не значи дека форумов ги знае сите мои тајни. Како прво во реалноста не постои човек што ги знае сите мои тајни, без разлика колку ми е близок. Значи постојат одредени работи што мислам дека нема потреба да ги знае некој друг освен мене.
да ...иако некој може многу лесно да ме препознае(заради името ) ама јас сум јас таа сум и немам од што да се плашам п.с. посакувам да има повке рајни во мк