Комплетно да! Отворен ми е профилот. Не чуствувам никаква потреба да се кријам. Таа сум што сум. Не ме бива за глумење лудило и нема да глумам, нит да се лигавам. Ќе паѓам, че станувам, ќе имам авнатури, љубови дојдени недојдени, и многу други работи ама ќе бидат реални..
Не дека сум нова... ама сега се вклучувам во дискусија Нема потреба од криење или преправање. Ќе бидам тоа што сум
Апсолутно Мислам која е поентата да губиш време да пишуваш, да се претставуваш некој и нешто што не си. Ако го правиш тоа, под итно треба да се запрашаш каков всушност живот имаш... Мизерен
Ништо нема да постигнеш ако лажеш. Да , се покажувам. Тој што ме знае во живо а има профил тука, може да потврди. Не ме бива за глумење.
мислам дека не ни има причина да се претставува некој лажно(да глуми) некако и ми нема логика, да комплетно сето тоа што го пишувам е она што јас го мислам и нема потреба да се филмам и глумам лудило
100% јас ! Тајни.... многу не кажвам..... Сепак се тајни , а за искуства делам колку шо можам... Форумот е ОДЛИЧЕН !!!!! Киснам секој ден
Овде сум поискрена отколку во реален живот. Овде можам слободно се да кажам... Добро, нѓфорумов не ги знае сите мои тајни, т.е. не ми е дневник, ама искрена сум потполно, во секој збор, во секое мислење...
Баш поради тоа пробувам целосно да се скријам Не поставувам слики, нити наговестувам нешто лично, едноставно ми требаше место и простор да прашам и за најинтимни па и банални прашања, за кои знам дека нема да добијам (барем не во живо ) ваква фацка . Е сега ако некој ме открие, признавам ќе ми биде доста незгодно, едноставно некои работи не сакам да ги знаат сите - на пример дека денес имам зголемена количина на бело прање или каков вид на секс преферирам, што сум пробала, што сакам да пробам, тој што ме изнервирал не лично туку овде ќе го направам подоле од го*но и ќе ми олесни, а пак нема да си расипам за ситница односи се разбираме, нели
Не, јас го прераскажувам животот, од мојата прабаба, па нејзината прва братучетка, на стрина и, првиот дечко, комшиката од први. Шала на страна, иако некои тука ме познаа, по некои слики и сл. Но јас сум си кажувам кои коментари, нема потреба од лажење. Дури тука некако ми е полесно да се „испукам“ во темата испукајте се. Дури тука сум и поискрена од реалниот живот. Нормално не ги кажувам сите мои тајни и сл. Ама некако полесно ми е.
Да! Понекогаш сум лигла, понекогаш кучка. Знам да бидам мирна и фина, но знам да сум нервозна и бесна. Тоа сум јас, на кој не би му се допаднала тука, нема ни надвор од тука.
Даа! зашто би лажела кога форумов е анонимен, а и да не беше не би лажела. Каква сум таква сум не се мењам
Секако.100посто јас.Нема потреба од измислување приказни и филување.И анонимно е,со што се зголемуваат шансите за нелажење.
Не се трудам да се покажам било како, не навлегувам во детали од мојот приватен живот и најмалку од се би сакала да се фолирам и да градам ново ЈАС на форумот. Тоа го оставам на оние кои немаат доволно храброст во вистинскиот живот да бидат она што сакаат па се трудат на ваков начин да го постигнат истото. Јас се зачленив за да се едуцирам и информирам за некои теми кои ме интересираат, како и да споделам мислења и искуства со луѓе слични или различни од мене. А моите мислења ја одразуваат мојата личност, без глума, фолирање и слично.
Вака. На почетокот кога беа тие збрки, дека имало авторитет на формуов она ова, многу внимавав што, како пишувам. Не лажев, не се правев нешто што не сум, едноставно не навлегував многу во дискусии. По некое време, сватив дека овде навистина можам побарам совет и да бидам слободна. Овде научив и да прифатам критика и да кажам ''фала'' на комплимент, и да дадам совет. Научив дека фемина може да биде мојот дневник и можам да се доверам. Да се покажам таква каква што сум.