Потполно,немат зошто да се преправам и онака никој не ме знае ( барем така мислам ) п.с само фемина ги знеа моите најголеми тајни
Можам да кажам дека добар дел од себеси го научив од форумов. Дека престојов на форумов ми почна во периодот кој за себе го сметам за најтежок. Така да,мојот одговор е да. Ич не ми е гајле за анонимноста,ма ако сака не знам кој нека ме открие,сеедно ми е. Би си го открила и идентитетот,ама што да правам,па ич немам мерак за сликање,да се фотнам па да сум помалку Мистериозна.
Иако немам многу мислења и немам кажано многу за себе, сепак тоа што го пишам го мислам, се покажувам онаква каква што сум. иако и реално не се правам нешто што не сум, секогаш сум искрена и цврсто стојам зад тоа што го кажувам, сепак сметам дека тука на форумот сум најотворена а мислам дека така ќе биде и во иднина
Секако дека ДА овде е местото каде можам да кажам се и миломи е што не си го напишав името ... За де не дознае некој што ме познава...
НЕ, се разбира дека не Ниту во живо, ниту тука не откривам 100% од мене.....а убедена сум дека и сите вие кои пишувате на форумов не се покажувате онакви какви што сте. Не кажувате и покажувате СЕ за себе Не лажам, не правам приказни, не пишувам за животот каков што би сакала да живеам.....пишувам реално, за она што го мислам и чувствувам, за она што се случува околу мене, но не за СЕ (буквално). Има работи кои овде ги имам кажано, а во реалноста не - и обратно работи кои се кажани и направени во реалноста, но не се споделени овде Има и нешто што останало во мене, само мое и што никаде не го покажувам Тука некаде имам поставено граница, меѓу тоа што може да се каже и напиши и она што не би требало
Таква каква што мислам дека сум..каква што се познавам...а каква комплетно сум не знам ни сама. Кај мене само промената е константа.
Да, само тука сум за нијанса поопуштена во искажување на своите мислења. Вака, во реалниов живот сум позатворена и не секогаш кажувам што мислам..
Не сум имала доволно постови за да би можела да се претставам каква што сум хаха Само ми е чудно како вакви прекрасни девојки како што ве има на форумов , не толку често среќавам во реалниот живот ... Ве читам и веќе имам истомисленици и омилени форумџики Ама не е можно сите фини да сме се собрале тука ... Која од која по фина
Ств има многу паметни девојки на форумов...иначе како што некоја друга форумџика кажа името ми е скриено..но не и карактерот!
Не знам зошто, ама ми текна на темава. И сметам дека е комплетно излишна. Не дека би требало да се подразбира дека секој тука е онаков како што е и во живо, бидејќи е анонимен форум, туку поради тоа што никој нема да рече - "Не, не сум ваква во реалноста. Таму сум кучка и никој не ме сака, а тука се правам фина, ви лижам г'з, за да соберам повеќе лајкови и виртуелни пријателчиња." Мислам....да бидеме реални
не пишувам баш се, знам некогаш да скокнам некој елемент и слично нема потреба од фолирање, нема маски само фино лепо си кажуваш што ти лежи на душичката