Па незнам која корисничка ќе пише не сум истата. Зашто би се претставувала како некоја друга личност. Ќе се вклучам во формов ќе изигравам некоја паметна или па некоја добра и слично а надвор од ова да не сум ни 1% таква . Секако не кажувам све, некои тајни, нешто што ќе ми го открие идентитетот. Друго што пишувам тоа сум јас, тоа и во живо го мислам и го кажувам
Јас сум таа што сум.На некого му се допаѓам на некого не.Имам свое ЈАС и не се кријам зад некое друго лице.
Mислам дека не Bо живо сум многу поотворена и подруштвена личност,на форумов ми е тешко да се отпуштам и многу се срамам,и кога си ги читам мислењата забележувам во секое сум избунета и не знам како да се искажам
Да Онаква сум каква што сум и на форумов и надвор од него Мислам дека нема потреба од бламирање на форумов, треба да бидеме онакви какви што сме
Тука сум многу поотворена. Си кажувам работи кои инаку не би ги кажала. А во реалноста повеќе ги премерувам работите, ја проценувам и испитувам личноста пред да кажам мислење. Си калкулирам. Добро, лошо, тоа е.
Мислам т.е тврдам дека овде голем дел од нас се покажуваат онкви, какви што сакаат да бидат и мислам дека и тоа е ок бидејки во денешно време не вреди да си отворен, и искрен бидејки лугето тешко се отвараат и пред себе а камоли бред ваков широк аудиториум. Иако е ова на некој начин анонимно сепак и на вако начин неможеме да се ослободиме од стегите и предрасудите. Јас намерно не зборував за себе бидејки неможам, да бидам објектива. Понекогаш човек може дури и самиот да се убеди дека нешто е вистина а фсушност тоа е само негова фикција, и не верувам дека во догледно време ке можеме да се ослободиме од одредени принципи кои се востановени и табуа и да почнеме отворено да зборуваме за било која теме без да имаме потреба да ги кажуваме работите онака, како што некој сака даги слушне туку работите да ги нарекуваме со ивното вистинско име.
Некои работи кои сметам дека се моја лична,интимна ствар не е важно дали е форумов или во приватен живот,јас не ги кажувам си ги чувам за себе,или пак ќе ги споделам само со мајка ми или дечко ми.Така да од таа гледна точка исто ми е.За се останато,сум каква што сум и приватно,си кажувам што си мислам,некогаш може и по избувливо ќе изреагирам за нешто ама сепак не со лоша намера.Едноставно мразам луѓе што се преправаат нешто што не сум,а тоа што го мразам јас не го правам.Иако од тука никого не познавам лично (би сакла да запознаам )полесно ми е да се искажам или да пишам нешто за што сакам да слушнам мислење,или да споделам некоја убава вест
Како во реалниот свет така и тука, никогаш не кријам и не се преправам, само со таа разлика што тука се впуштам во дискуија која во реалноста не би ја водела, како на пример; Политика, дури и тука избегавам да дискутирам, а камоли надвор.
За ставови, размислувања, да, но тука сум поповлечена, не зборувам многу за себе, што во живо не е воопшто случај
Абе јас сум тоа што сум и овде и у живо . Ова се мои ставови и мислења за теми за кои пишувам ... Што се однесува до искажување на цела моја интима и не баш... Некои работи се само за мене и никој друг ... Единствено нешто што не планирам јавно на форумов да го кажам е моето хоби/љубовта моја кон една работа во мој живот. Осеќам дека не би требало многу да се изразувам овде многу за таа работа, освен на некои само шо им имам пишано дека сум по истото што и они . И тоа е тоа .
Да. Како што гледате, ме нема на сите теми, не коментирам на се и сешто, не читам се и сешто, пишувам онаму каде што се осеќам компетентна, или едноставно имам потреба да испишам некој ред за олеснување или пак за да се обележи времето. Во живо оние најблиските ме знаат како девојка која не оддава толку почит на озборувања, рекламирања и не знам ти што. Смејте се ако сакате, но не се навредувајте, има некои членки од тука што не ни ги забележувам, не ни знам што точно им се случува, не сум толку into them... не можам, го разбирам тоа како мешање... Убаво ми е кога ќе прочитам некој краток накај среден текст, ама вреден до тука и назад. Суштински, објективен можеби, најдобредојдени се и субјективните мислења кон нешто. Мене не ме интересира кој што носел денес или јадел. И да прочитам - ќе заборавам. Затоа велам дека не читам се и сешто. Или денес видов дека постои тема да кажеж се‘ што знаеш за членот над тебе... и ајде си реков да си ја пробам среќата: појма немав. Ама искрено, таквите информации и не ми се потребни. Така и во реален живот. Не се дружам со многу. Си имам еден круг и си го негувам на некој начин. Нив им се посветувам подеднакво, и подобро е така отколку на 500 души никако. Како сакате сфатете ме, еве, слободно направете ми една анализа.
Да се прикажувам таква каква што сум! Ги кажувам сите мои тајни!Бидејќи само освен на дечко ми овде се кажувам и пишувам што мислам. Повеќе ви верувам вас отколку на некоја ’’другарка‘‘.
Незнам што би добила ако почнам да глумам нешто што не сум. Така да, мислењата, ставовите ги кажувам и тоа е тоа. Се воздржувам да не откривам премногу,да не кажувам премногу и да не изнесувам некои мислења кои се сурова вистина, само за да не повредам некого, туку се држам во границите на нормалата. Брутално сум искрена и грубо зборувам се' што мислам и се' што ќе ми падне на памет, и пак ќе кажам во граници на нормалата! Незнам зошто би водела ''двоен живот''.. Иако има и луѓе недоволно храбри за животот да го живеат онака како што сакаат, од што и произлегува нивната потреба од криење зад паравани...благо кажано прикажување она што не се...
Зошто пак да не се прикажувам таква каква што сум? Овде сме сите до некаде анонимни и нема причина да се правиме нешто што не сме.Не пишувам којзнае колку интимни работи но се што сум напишала е затоа што во тој момент сум се така чувствувала така.
многу нормално,јас и онака секогаш се покажувам без маски и лицемерие зошто тоа го мразам,а и башка анонимно е никој нема појма дека пишувам