Маска ни во животот не сакам да користам , а камо ли на форум каде што сум со ник. Сигурно овде не сум дојдена споменар да пишувам, но сум си реална и сум таа што сум-со свои ставови. Ја сум таа што сум со исто мислење и овде и во приватниот живот, не сум дојдена овде да правам филмчиња,лице и нешто special. На кому му се свиѓаат моите мислења ок, на кого не пак ок. и тоа е тоа, никого ја нема со сила да го убедувам, кој сака ќе верува. Па големки сме сите сами да распределиме што ни е реално а што не
Мислам дека и повеќе од потребното (за себе) . Гледано глобално, секој се покажува онаков каков што е. Навистина може некој да се прикрие и да прави маска, ама еден ден се ќе излезе на виделина. Сепак мислам дека и на овој начин си го покажуваме нашето вистинско лице, се испливува на површина. Нашиот пристап, нашето дружење, нашата искреност, нашиот срам, понекогаш и испадите едни кон други, тоа севкупно ја карактеризира нашата личност. Даваме опис какви сме, дали знаеме да простиме, да се смириме, да кажеме убав и добар збор, дали знаеме убаво да се однесуваме... Секој од нас размислува дека на овој начин може да пише што сака, дека никој можеби не го и знае и затоа е преискрен, зашто ова е само еден виртуелен свет. Ама пак со тоа се покажува каква е во суштина и неговата/нашата душа. Барем тоа е моето мислење, можеби и грешам , не знам .
Оние кои лично подобро ме познаваат, а по моите мислења ме препознале, можат да судат за тоа дали на форумов сум искрена. Нема потреба да измислувам приказни, реална сум. Единствено, знам да избегнам некоја тема или мислење кое ме испровоцирало, со цел да не западнам во некоја кавга и да бидам погрешно сфатена.
А која е поентата па да не се преставуваш тоа што си, да измислуваш приказни, да лажеш?? Има теми кои ги избегнувам и на кои намерно не коментирам, не за да не се покажам, туку не ми се пријатни, да не речам тажни, па и болни. Има работи кои секој си ги крие со причина, за да не си ја наруши приватноста. Не пишувам ништо на одредени теми а и несакам да напишам пошто-пото нешто само за да пополнам број на мислења а тоа да е лага, или некоја добро филмувана приказна. Со која цел, за да добиете повеќе лајкови, или да бидете подобро прифатени? Да не беше жално ќе беше смешно. Јас сум таа што сум, ти се допаѓам, океј, не ти се допаѓам, пак океј, скролни ме само и не ме читај, нема потреба да правам ништо што не сум, само за да се допаднам со сила на некого. НЕ сваќам навистина потребата да се лаже, ако нешто не сакаш да се дознае не кажува. Повеќе почитувам воздржаност, отколку само напразно тресење на некоја тема, од причина само да се каже нешто и да се остане паметен. И тоа фамата со лажните слики, ми е најпатетично од се. Само покажува колку е празна таа личост, која цели да ја ценат и почитуваат по облеката и стилот. Згора на се, ова е само форум, место за споделување милења и ментална гимнастика , не бојно поле или конкурс за мисица или најфраерка
И во вистинскиот живот се покажувам секогаш таква каква што сум, зошто тогаш на форум каде што никој не ме знае би глумела лудило?! Немам потреба од тоа, ниту пак гледам некаква корист. Секое мислење што го имам напишано е лично мое мислење и е искрено. Не пишувам во теми за кои не сум информирана или каде што не можам да помогнам, баш од таа причина, бидејќи немам намера да глумам сезнајко и да пишувам колку да ме има. Јас сум тоа што сум, имам свои доблести и мани, ниту сум најубава, ниту пак најпаметна, ни светица, ни најдобра. И мислам дека тоа и се забележува во моите мислења На крајот на краевите, ако несакам да се знае нешто за мене, нема потреба да го извртувам или да го филувам, едноставно нема да го пишам. И готово!
Зошто да лажам на пример!?Не, немам таква намера а и се што имам кажано тука е вистина нема што да лажам!Искрена сум но сепак неможам сите тајни да ви ги кажам можеби некој ден кје ви ги кажам но сега не сум потготвена да ги кажам! За карактерот не лажам каков ми е дома пред пријатели роднини таков ми е и овде!
Јас и онака сум искрена (зборам надвор од форумов) дури и премногу, па на моменти излегувам и глупава заради таа искреност. Исто така сум искрена и тука. Форумов го гледам како начин да се искажам, можеби да ми олесни на некој начин во одредени моменти. Не ја гледам поентата да лажам тука кога никој не ме знае која сум. Зашто? Има ли смисла?
На форумот ми е многу по лесно да споделам некои работи... Јас ако лажам, се лажам себе...Забележав, дека не се малку девојките во форумот, кои лажат...И зошто, не разбирам...Излажи ја мајка си, дека не пушиш, или дечко си, дека не си била сношти на дискотека, а си учила дома... Непознати што потреба има да се лажат Тие нито ќе те судат, ниту ќе кажат на мајка ти дека пушиш или дечко ти, дека си била на дискотека. Јас сум отворена према форумот и што и да ме праша некој во некоја тема пред сите, ќе отговорам искрено, не се срамам од тоа, кое што сум...
Да имам тоа навистина е. Немам излажано ама имам скриено вистината. Дека навистина може да ми донесе проблем.
Тука сум можеби и премногу отворена, најверојатно затоа што никој не знае која сум.. Но ако ме откријат, знам дека се ќе биде извртено на најнегативен можен начин како што е во реалноста. Знае само една личност која сум тука, односно предходниот сопственик на профилов, а јас и го зедов затоа што никнејмов многу си го сакам
Па искрена сум ама со доза на резерва,зошто типот ме откри која сум кога ми беше отворена страницата и форумот штетааааааа
Поради фактот што секоја или секој од нас е анонимен на овој форум јас сум се покажала онаква каква што сум отворена и секогаш сум била за вистината ма колку и да е болна, поради што понекогаш имам сериозни проблеми во приватниот живот.
Па нели сите на форумов си ги споделуваме нашите проблеми и бараме помош од другите феминки !? Лично јас се претставувам онаква каква што сум бидејќи не се чувствувам загрозена ако се дознае и нешто повеќе за мојата приватност.. !! И за во иднина така и ќе остане бидејќи навистина немам потреба да се прикажувам во некое друго светло.Каква сум,таква сум. *Мислам дека нема -многу- такви кои се прикажуваат поинаку од реалноста.Нема потреба од такво нешто* ..се е анонимно нели!!
Нема што и зошто да кријам. Јас сум вистинската јас на форумот. Како што рековте, се е анонимно и ништо не е страшно. Јас споделувам се со вас и не гледам зошто да не