1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некаде запишувате кои книги ги имате прочитано?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DzingrlakaDzikica, 28 август 2012.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Дали некаде запишувате кои книги ги имате прочитано?
    Јас ја немав оваа навика бидејќи не ми ни текна, случајно видов од една другарка па ми светна дека идејата и не е толку лоша. :D
    Си купив една тетратка со крокодилче и сите книги што сум ги запаметила ги запишав.
    Моментално имам запишано 100.

    Your turn now.. :)
     
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Откако го почнав предизвикот на Теодора почнав да запишувам, што значи од почетокот на годинава. Досега имам прочитано 21.

    Ќе се потсетам и на другите книги па ќе си ги запишам, да си знам. Убава идеја. :)
     
  3. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Секако дека да. Имам многу чудна навика да запишувам се и сешто. Обожавам правење табели, списоци, To Do листи, па и список на прочитани книги не е одвишок. Имам едно фолдерче во notepad каде се си е запишано. Го почнав пред мислам две три години, па од тогаш си почува списокот. Немаше смисла да ги пишувам книгите што сум ги прочитала претходно - прво немаше ни теоретски шанси да се сетам на сите. Во списокот нема ни лектири од средно. Ги запишувам само оние што сум ги препрочитала одпосле :D

    Списокот си е поделен во различни групи со подгрупи, а книгите во нив се се запишани едно под друго со име на автор и целосно име на книгата (битен момент, ако книгата е на англиски и на списокот е на латиница, ако е на српски или на хрватски исто [​IMG]) Не ставам бројчиња така да уште незнам колку се :D
    = Прочитани (со две подграфи, во првата прочитаните што ги немам дома (од библиотека, позајмени, туѓи) и во вториот список оние што се мои, што си ги имам дома.
    = In progress (што читам моментално, го напишав ради реда, никогаш не го пополнувам, знам што си читам, а најчесто тоа се 2-3 книги истовремено)
    = За читање (книги што сакам да ги прочитам, што уште не сум ги нашла или нешто од конкретен автор)
    = Факултетски (стручни книги од проф. од факултет што сакам да ги најдам, а не ми се потребни за испит)
    = и најглупавата графа кај што си ги ставам тие што не сум ги дочитала, што ми биле досадни или не сум имала време да ги довршам и не се бројат како прочитани


    ................ дете дебиле...........знам! :tmi:
    ама радости ми е кога ќе си допишам некоја книга :lol:
     
    На s.h.e.wolf, L-enna и SnowWhite91 им се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас во последно време си ги запишувам книгите кои ќе ги прочитам. Зошто не сакам да шкртам по книгите без разлика дали се мои или од библиотека, во истата тетратка си ги запишувам пасосите кои ќе ми се допаднат.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    38.326
    Пол:
    Женски
    И јас ги запишувам и вадам убави мисли и цитати од некои.
    Сакам да ми се подредени и да знам кои ги имам прочитано, за да знам кои сакам да ги имам во колекција, кои ми се допаднале, кои не, кои би ги препрочитала.Иако јас скоро сите ги паметам, со се содржини, сакам ваква евиденција.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас не запишувам, памтам :D а и немам навика да запишувам.
     
  7. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Јас користам еден сајт каде што може да се води евиденција за книгите што ги имаш прочитано, книги што ги имаш во твојата колекција, дела што сакаш да ги имаш и сл. :)

    http://www.shelfari.com/
     
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Имам една тетратка со некои издвоени мисли, извадоци или некој дел од текст на песна. Од почетоков на тековнава година започнав да ги запишувам сите што сум ги прочитала, не дека не ги паметам-туку сакав да водам некоја евиденција.
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам запишувано иако имам доста прочитано. Не водам таква евиденција од причина што немам потреба и така повеќето ги паметам. Но, обавезно, во телефон или некое тефтерче запишувам цитати или убави мисли кои ме воодушевиле.
     
  10. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Нигде не запишувам ги паметам сите :angel:
     
  11. grdoto.pajce

    grdoto.pajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    јас ги запишувам прочитаните книги последните три години,за секоја година посебно
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Не сум запишувала, иако сега кога ќе размислам ми е малку криво, баш ме интересира колку книги сум прочитала до сега. Секоја една книга што ја имам прочитано ја памтам, не детално, ама знам дека ја имам читано и да се потсетам малку на содржината ќе ми текне на целата приказна.
    Откако постои форумот тука си пишувам, можеби не баш за секоја книга на почетокот, ама сега постојано си пишувам. :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lonely12

    lonely12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    не запишувам, памнам :)
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Веќе 2 години пишувам кои книги ги имам прочитано. Не кратка содржина, само наслов, автор и број на страници. Добро е за евиденција :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Како помала - да. Имав еден дефтер и тој ми беше наменет специјално за тоа. Но, еден ден, во недостиг од тетратка која очајно ми беше потребна во моментот, одлетаа страниците во ѓубре. Веќе не запишувам.
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Да запишувам или во компијутер,или пак во едно тевтерче.
    Ама тевтерчето ми е посигруно :) :D
     
  17. JoelleSweet

    JoelleSweet Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Не ми ни текнало да запишувам :lol:
     
  18. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Не, ги немам запишувано и баш ќе почнам да си ги запишувам :D
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Неодамна почнав да ги запишувам во една тетратка каде што си запишувам секакви белешки,рецепти и слично :)
     
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас почнав да запишувам од пред 2 години, без тие што ги читавме за на школо, бидејќи и така ги читав сите и детално сме ги обработувале, па нема никогаш да ги заборавам.
    Вака си запишувам чисто за увид, а од многу читање и се забораваат некои наслови, па некогаш прелистувам за да се потсетам. :)