Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некаде запишувате кои книги ги имате прочитано?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DzingrlakaDzikica, 28 август 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Се' ми е во тиквата меморирано.
    Ако ме акне деменција некој ден ќе биде интересно.

    Пред некој ден додуша направив листа на сериите кои сум ги изгледала и ги гледам во последниве 2 години.
    Па да ви кажам искрено се запрепастив од бројката.
    :|
     
    На Ema.Sk, La.Reina.Del.Sur и Hipster им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Тој што вели дека ги памети сите книги прочитани или има јака меморија или малку чита.
    Не сум си запишувала никаде и баш ми е криво. Понекогаш сетам се на содржината на некоја книга, нормално не на целата, туку на некои делови што сум ги запамтела, ама ич не ми текнува од која книга е. Или пак ќе видам наслов некој, а не можам да се сетам дали сум ја читала таа книга. Слаба меморија имам. Треба некој ден да седнам да си напишам што имам прочитано и ќе читам.
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Никаде не запишувам,едноставно знам.Книга кога ќе се прочита еднаш не се заборава. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Книга што сум прочитала нема шанси да ја заборавам и филм исто така. Ги запишувам само во notes во мобилен оние кој сакам да ги прочитам и тоа е тоа :)
     
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Не сум ги запишувала, но оваа е добра идеја, сакам да правам листи, но сакам и датуми, оние на кои ќе се сетам ќе ги запишам така, а оние кои ќе ги читам од сега па натаму ќе пишувам дата на почеток на читање и завршување... :lol: Обожавам дати да запишувам бидејки имам слаба меморија и лесно ги заборавам (имам проблем со истријата :!: ) па затоа дури и на обичните тетратки што во школо ги користам над секој лист има датум, понекогаш и час... сите ми се смеат, но ова како да ми стана опсесија, на се ставам датум.. хахаха :rofl:
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Немам навика да ги запишувам :)
     
  7. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Ги запишувам насловите на книгите што сакам да ги прочитам, нумерирани се и потоа ги заокружувам тие што ги имам читано под нивното бројче :)
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Јас да, ги запишувам ама само насловот на книгата и писателот. :)
     
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    да обавезно си запишувам во еден тефтер и се под реден број и од кој писател и баш си сум горда на бројката :)
     
  10. BlackAntoanette

    BlackAntoanette Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    5
    ги запишувам само насловите на книгите и авторите, под азбучен ред, во Microsoft OneNote
     
  11. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Eднаш демек се канев да почнам да ги запишувам и ништо не бидна. Да ја видам книгата или некој да ми ја спомне веднаш знам дека сум ја читала и за што се работи, ама сега да седнам и да пробам да ги запишам сите книги кои ги имам прочитано - mission impossible!
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не бидејќи ако ја запишам книгата што сум ја прочитала, а ми била интересна, не би имала желба да ја читам повторно. Вака барем ако треба ќе ја читам и по два пати :)
     
  13. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Да,запишувам во тетратка кои книги ѓи имам прочитано.
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Не, али имам посебен дневник каде запишувам извадоци кои ми оставиле впечаток. Па и да сум ја заборавила книгата, ме навраќаат на нејзината суштина.
     
  15. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    не, почнав да запишувам и се откажав.. :)
     
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Не запишувам кои книги сум ги прочитала но имам тетратка со запишани книги кои сакам да ги читам во иднина,и кога ќе прочитам некоја што е на списокот само ја штиклирам :)
     
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Ммммм интересна идеја ...
    Ни јас не сум запишувала до сега кои сум ги прочитала. Имам список кои би сакала да ги прочитам, па кога ќе ја најдам ја шкртам, а исто си имам и едно многу слатко тетратче со мачиња каде си запишувам мисли од некои книги кои ми се допаднале.
    Но, идејава не е за фрлање. Деновиве ќе си направам во Excel едно документче каде ќе запишам се што ќе ми текне дека сум прочитала (тешко дека на сите ќе се сетам, ама потсетник ќе ми бидат www.sakamknigi.mk)
    Па, кога ќе направам нешто ќе ве известам колкава ќе биде бројката (нема да ги запишувам тие што ми биле за школо, исклучиво книги за сопствена душа што сум читала) ;)
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Не, никогаш не ми ни текнало да запишувам кои книги ги имам прочитано.. Што знам, обично памтам кога некој ќе ми ја спомне книгата..
     
  19. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јас ги запушувам книгите што ги имам прочитано во ворд документ.Го пишувам бројот на книгата што е по ред, името и авторот и кратката содржина(обично ја копирам од издавачката куќа) На крај и давам оценка на книгата од 1 до 5 :)
     
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Никогаш немало да ми текне тоа да го сторам, имам прочитано околу 20тина книги и сите си ги знам вака напамет, мислам и дека никогаш нема да заборавам книга која сум а читала :), но баш е интересна идеата да си направам список на книгите кои сум ги прочитала :)