1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте плачеле на јавно место пред многу луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од HoneyBun, 1 јуни 2011.

  1. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Дали сте личности кои ги покажуваат своите емоции без разлика каде се наоѓаат или пак внимавате и ги задржуваате емоциите во себе ? Дали чувствувате некој срам ако плачете пред многу луѓе ? Некогаш кога од се ви дојде преку глава... во дискотека,на работа,во училиште,во парк... Обично на места каде што има повеќе луѓе.
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Обично избегнувам да ги искажувам емоциите пред многу луѓе, тоа го правам сама или пред најблиските. Еднаш ми се случи да се расплачам пред многу луѓе, повеќето не ги ни познавав, ама во таа ситуација навистина неможев да се контролирам... :( Се случуваат и вакви нешта, сепак луѓе сме, имаме емоции и понекогаш неможеме да се воздржиме.
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Многу пати ми се има случено да се расплачам пред многу луѓе.Ми се има случено и на школо и во дискотека и на плоштад...
    Таква личност сум,еден вид слабак..Не знам да си ги држам емоциите длабоко во себе,кога ми се плаче-плачам,не можам да држам во себе оти мислам ќе пукнам.
    Кога ме тера да плачам,плачам како кишна година и џабе е.
    Кај нас потценувачки гледаат луѓето на тие што плачат,одма муабети се вадат.Колку и да одбегнувам да се понижам пред народ,емоциите преовладуваат и то је то,не можам да се воздржам,човек сум.
     
    На Hayley и sparkle.q им се допаѓа ова.
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Јас кога сум сама речиси никогаш не пуштам солза, а не па пред сите.

    Се сеќавам порано за отцена помала од петка имам плачено во четврто одделение. Која лигла сум била. Ама од тогаш навака - никогаш.
     
  5. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Најчесто се воздржувам,но еднаш филмот ми пукна и пред 20 и нешто луѓе се расплачив не можев... не неможев емоциите повеќе во себе да ги чувам срцето ми се кинеше... ;(
     
  6. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Во 5 одделение имам плачено , сега ми иди бокс да си удрам , професорката ме понижуваше пред една блиска личност поради едно лигле (мамино) .. од тогаш немам .. сама можам да си плачам ама пред луѓе никако !
     
  7. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Јас сум таква личност што секогаш ги притиснувам емоциите,и ја прикривам слабоста ... никогаш не сум заплакала пред многу луге на јавно место,дури ни пред мајками не сум заплакала,а не пак пред други... ми се случува кога сум сама да си ја олеснам душата да заплакам малку,но пред други никогаш.
     
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Да за жал имам плачено и тоа пред луѓе кои се сителе на моите солзи! :@ :@
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Сум плачела кога дознав за семејна трагедија. Ама шпринт да ме нема, не верувам дека некој забележа дека плачам, не пуштив глас.

    А вака за дечковци, за домашни расправии и лоши оценки...не сум, и нема ни на плачам, особено не во јавност. Можеби имам погрешно изграден став кон такви луѓе, ама делуваат како да патат за внимание. Тоа ми се веќе непотребни драматизирања, ако сакаш да се исплачеш, оди си дома/кај пријател и плачи, не мора народ да те гледа.
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Kога бев помала,до кај 4одд,плачев за се,ако некој ме навредеше или помала оценка ке добиев,се утепував од плачење пред цел клас :tmi:
    и лани леле кога ке се сетам како ми е непријатно,свекрва ми се запна да ме учи како да сум ја цицала керка ми,а јас нејкев не можев да издржам и почнав да плачам,да липам-така пред свекор ми,мажот ми и свекрва м и :sweat: Cрам да ми е! :|
    Cега не плачам,освен ова над мене изгледа бев во некоја постпородилна депресија,инаку по природа не плачам пред сите,си се воздржувам,си ја чувам лутината и дома ке се исплачам,додуша сега ми текна кога почина братучед ми,си плачев пред сите-нормално и сите плачеа :(
    A по природа не сум личност да се жали и плачи,не сакам некој да ја допира мојата интима
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Кога бев основно таму петто, шесто одделение ако добиел 3 или 4 умирав од плачење. |( Сега сум воздржана, и сите емоции за мене ги задрзжувам а ако сум сама си се изнаплакувам.
     
  12. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    имам плачено и тоа многу кога дознав дека едно девојче од моја генерација починало,неможев да се воздржам :(
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Дааа... -.-
    Нема ни месец дена што плачев, кога ме отпуштија. :Down:
    Кога видов дека ми се насолзија очите, само отидов од таму.
    Секогаш кога гледам дека нема да се воздржам, бегам...
    Не сакам никој да ме види кога плачам.
     
  14. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Порано ми се случувало ама со тек на време научив како да се контролирам... Сега дури и кога сум сама можам да се исконтролирам да не заплачам... Нормално е и од време на време да си олеснам на душичката ама најчесто кога сум сама... Или евентуално пред најблиските... Во јавност многу одамна ми се нема случено да пуштам солза...
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.880
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    оддамна кога бев помала во основно ке ми се случеше ако добиев слаба оцена. а сега не...
     
  16. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Леле даа :$ Што да правам плачка сум. Знам да си пуштам по некоја солзичка пред сите :D
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    да :$ тоа беше мн од одамна но после тоа си ветив дека никој ама баш никој нема да ме види со солзи :wasntme: :wasntme:
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    да
    пред околу една година во црква имав толку лош период што внатре солзите ми капеа и не престануваа седнав во црквата и плачев плачев се додека не се истрошив
    исто тој период во ниедновреме одев по улица чекорев само и чекорев солзи се тркалаа на моите образи тоа ми како во сон иако беше темница знам дека мн.луѓе ме видоа за жал
    си ветив повеќе нема никогаш толку ниско да паднам никогаш...
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  19. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Не покажувам емоции пред никој, или ќе ми се ситат или ќе ме сожалуваат, а нејќам.
    Ми се дешава кога сум многу нервозна да ми потечат солзи али успешно ги прикривам :)
     
  20. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Дали некогаш сте плачеле на јавно место,пред многу луѓе?

    Голем емотивец сум, ама пред луѓе не плакам освен пред сестра ми и мајка ми. Бидејќи неможам да се воздржам скоро никогаш, кога ќе ми се насолзат очите веднаш бегам. Некако срам ми е да ме видат како плакам. А во неделата сигурно три пати ми се случува да плакам.
    * А имам една школска, кога ќе раскине со дечко и веднаш почнува да плаче и цело школо ја гледа :x но за два часа се смируваат и ајде се средува, после се смее како ненормална :D