Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте плачеле на јавно место пред многу луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од HoneyBun, 1 јуни 2011.

  1. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Обично солзите ги држам во себе и можам да се исплачам само кога сум сама. Но ми се случи еднаш да плачам пред јавност, пред моите другари и другарки од една танцувачка група и тој кореографот што не’ спремаше затоа што ме обвинуваше една од нив за нешто што не го направив и тоа траеше неколку проби со ред. Па така експлодирав тој пат.
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ни во јавност ни пред никого. Ги задржувам само кога ќе се најдам сама, некаде во ноќта или раните утрински часови...Зависи.
     
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    33.746
    Пол:
    Женски
    Ни во јавност,ни пред никого.Кога сум сама тогаш плачам,а пред други јок бре. :D
     
  4. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    се случи само еднаш
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Да, но не ме примети никој, освен тој што требаше , и не беше баш плачење туку момент на слабост. Ако се рачуна тоа
     
  6. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Не сум плачела на јавно место, ниту пред други луге, за мене солзите се за слабите луге, а јас себе сесметам за јака личност. Само мал дел од лугето, знаат вешто да ги кријат емоциите и да не дозволат на јавни миста, излив на преголема количина на позитивни или негативни емоции.
     
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да, кога бев бремена, со стомакот до заби, на 40 степени надвор, а јас тргната по неизбежните административни работи. А тие таму ме враќаат по сто пати, бидејќи немаат поим што треба и како треба да прават, и секој пат некој нов документ ми фалеше. Кога им кажав да се договорат и да ми кажат што треба одеднаш да им донесам, а не да ме шетат натаму-наваму, почна да се извлекуваат демек ми кажале уште наредниот пат.
    Мислам, вистина дека бев бремена, и дека на бремените може да се случи да подзаборават работи, ама неколку пати да ми се случи тоа, па немам Алцхајмерова болест бре.
    Ми пукна и им фрлив папирите, си седнав на првото столче во канцеларија и почнав да плачам.
    Од очај! Од бес!
    А жената таму ми одговара: Ајде, ајде, не плачи, не го нервирај бебето! :devil: Леле, ми дојдеше да и скокнам за врат :devil:
     
  8. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Даа сум плачела и со тоа направив голема грешка. Затоа сега никој не може да процени што чувствувам, се прикривам со други емоции :) Глумица станав :devil:
     
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.613
    Пол:
    Женски
    Мојата најголема желба е да можам да ги скријам емоциите од другите луѓе :( .. но е не е воопшто лесно.И да, сум плачела пред други луѓе :fubar:
     
  10. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    2 Пати само и тоа коа испив малце појше ...али нема да се пофтори... :angel:
     
  11. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Секогаш ги прикривам емоциите и ги воздржувам солзите да не потечат. Досега само еднаш сум заплакала пред полно луѓе кои не ги познавав кога отидовме да ги земеме резултатите и дознавме дека еден од нашите најблиски има рак и тогаш се истурив од плачење заедно со мајка ми пред клиниката пред која имаше доста луѓе кои поминуваа, но и тие знаеа како е бидејки сигурно не дошле да се шетаат пред место кај што се зимаат резултати за болните од рак...Воопшто не ми беше срам што плачев сепак да дознаеш такво нешто е голем шок, на враќање видов една жена која излегуваше од една од клиниките и држеше лист во рацете очигледно тоа биле некои лоши резултати па затоа плачеше, така се утешив дека не сум единствената. Исто така пред 2 години плачев на гробишта кога почина еден од моите најблиски, се истурив од плачење не можев да се смирам и полно луѓе кои беа на околните гробишта а не ги познавав ме смируваа... Боопшто не ми беше срам да плачам на такви места каде што секаде може да се видат луѓе кои плачат поради некоја своја мака што ги јаде одвнатре...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Никогаш.За мене тоа не претставува некој срам да плачеш на јавно место пред многу луѓе, но повеќе од лугето ќе ти се изнасмејат во лице, па токму поради тоа си се воздржувам. :)
     
  13. Forever18

    Forever18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Ми се има десено да плачам...ама во тој момент едноставно солзите и емоциите испливуваат на површина и неможеш да ги запреш и не ти е гајле кој те гледа и дали е срамота .. кога во тој момент ти е тешко на душата а и сметам дека не е срамота да ти се деси да заплачеш пред луѓе .. па фала богу луѓе сме од крв и месо а не камења. А воедно сум и емпатична кон другите луѓе.
     
  14. ParadisoGirl

    ParadisoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Секогаш се обидувам да ги задржам емоциите, но сепак ми се има случено да заплачам во училиште, исто кога некој ќе ме навреди или ќе го повиши тонот т.е ќе ми се расписка на јавно место веднаш ми навираат солзи( но пробувам на секој начин да ги сокријам,некако да ги проголтам). Но, затоа кога сум сама ми се има случено да заплачам за некоја ситна работа и веднаш низ глава ми минува цел филм,сите неисплачани моменти, со што уште повеќе ја влошувам ситуацијата. :(
     
  15. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Не. Ми се имаат насолзено очите неколку пати додека сум се возела во автобус, но не сум дозволувала да заплачам. Никогаш немам заплакано во јавност.
     
  16. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Еднаш имам плачено пред цело друштво. Обично избегнувам да плачам пред повеќе луѓе ама тогаш неможев да се воздржам.
     
    На eleeniiv му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Не сум плачела но ми дошле солзи во очите..
     
  18. bebushe

    bebushe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    19
    да и тоа вчера пред мн луѓе еј мн се изнервирав дека ми го купија единственото фустанче што ми се свичаше низ цело скопје..ама потоа жената ми израдувани реце да си го земам у вторник истото дека ке дошло..а тоа со плачењето е по мајками кај стигне плаче..:))
     
  19. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Тухуууу, не да сум плачела, сум рикала :D
    Страшно, кој знае на колку мали деца ќе им испаѓам на сон, нема да можат да спијат од мене :D
    Ај барем да беше некоја аселна причина, а не за такви глупости :^) :D
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Двапати имам плачено, но не пред голем број луѓе. Првиот пат пред едно момче и пет девојчиња, а вториот пред еден човек. Но, ниту еден од нив не беше непознат и ништо страшно. :) А онака ни дома не плачам, ама ете...