1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте плачеле на јавно место пред многу луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од HoneyBun, 1 јуни 2011.

  1. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Никогаш не пла4ам пред луѓе, си се затворам во соба кога ми е тешко, и си плачам додека не ме заболат грлото и главата, па после престанувам оти така ќе ми стане полошо.. ина4е јас колку што се сеќавам само еднаш се имам расплакано јавно, тоа на школо, ама тоа беше поради тоа што дознав дека една особа умрела, и во моментот не ни знаев што правам... ама инаку не пла4ам пред луѓе... :) :)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Сме плачеле, сме плачеле.

    Е ова ми е искрено голем проблем, некогаш толку се соживувам и толку се нервирам што солзите сами ми доаѓаат. Не сум плачка, не ме потресуваат така лесно мали работи, на пример, умрело мачето, кучето, пилето,... или пак од радост, ама кога ќе се изнервирам се расплакувам. :D Дури и на гугл барав решение за мојот проблем, па прочитав совет во моментот кога ќе ми дојдат солзите, да се штипнам за кожичката меѓу палецот и показалецот. После прочитав демек тоа значело дека сум многу отворена личност, дека ништо не можам да задржам во себе. :D

    Еднаш на школо некоја дебата имавме, јас толку се разгорев што зааааа малкуцка не се расплакав, едвај се воздржав. :rofl: Се сеќавам и дека во петто одделение наставникот по историја ме изнесе на карта и се растревожи нешто човеков оти не знаев каде е реката Тигар. Кога ми ја фана раката и почна да ме тресе и да ми ја носи кај реката, и ми се дереше ,, ЕВЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ја малечка, еве јааааа,, - а јас малечка од метро и 70цм во тоа време и некои добри 80 кг. :rofl: Почнав на глас да липам, многу жално. :D

    Многу голема маана си го сметам ова, а дома кога се карам нема ситуација јас да не се расплачам и не од самосожалување на мојата беда или нешто така, туку од инает и од нервоза. Само кога нешто многу ми значи и ќе се внесам доволно во тоа, е тогаш плачам. Најбрзо плачење пред сите, е пред година-две, мајка ми ми кажа дека нешто не е добра со здравјето и јас излегување од дома, стасување во кафич и се исплакав асално. :x Келнерот дури чаша вода ми донесе, од жал. :D
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ехехе! И те како, некогаш е посилно од мене :(

    Еднаш се сеќавам бев на работа, кога дознав навистина лоши вести. Дознав дека татко ми е сериозно болен и дека мајка ми се онесвестила во болница кога разбрала. Многу глупав потег од една жена од мојата фамилија да ми го тресне тоа онака сурово по телефон.
    Јас бев во шок а во соседната канцеларија се славеше именден на една колешка. Сеуште во шок истрчав таму бидејќи ме викаа колегите. И некој случајно спомна нешто што ме потсети на татко ми. Почнав да липам и истрчав подоцна, несакајќи да ја расипам прославата.

    Тоа се тешки моменти. Јас не сум робот, јас сум човек и имам емоции....и се случува да се расплачам особено во вакви ситуации.

    Ми текнува кога студирав во Франција, се разболев многу. Имав воспаление на непцата, и враќајќи се од забар, успеав некако да купам лекови во аптека и потоа почнав постепено да кревам висока температура и да губам сили за одење. Бев на неколку чекори од студентскиот и во тотална безмоќ си седнав ко кутренце на тротоар и почнав да липам.
    Застана еден чичко, мислам дека се викаше Рашид ако добро се сеќавам.
    Ми пријде и ми рече - хабиби ама зошто плачеш? И јас ко најголемо креле промрморив низ солзи - ама мене ми е многу лошо а ене кај ми е студентскиот, ене го! Со писклив глас и искривено усте.

    Човеков ме фати за рака и ми помогна да стигнам до домот, ме праша кои ми се другарите и потоа ги алармираше сите, кои за неколку минути експресно дојдоа да ми ставаат облози за симнување на температура. Имав 40 :worried: Спиеја згрбавени по столчињата, збутани во мојата минијатурна соба, Јунес од Мароко и Каролина од Колумбија - ах прекрасни беа.
    И солзите исчезнаа. Си реков солзи на очај. Но полесно е кога човек има некој покрај себе.

    Мене круната не ми падна, но до ден денес по добро ќе ги памтам чичето кој ме нарече хабиби и ме однесе до студентскиот и другарите кои цела ноќ дежураа со мене и ми ставаа облози :)
     
  4. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    На погреб од баба ми, на гробот од Тоше
    ---и на приредба во 4то одделение сите плачевме по учителката...НЕЗНАМ ЗОШТО :D
    иначе не... несакам да плачам во јавност, собирам сила и се воздржувам да не покажам слабост иако некогаш не ми е баш убаво тоа.
    Порано како помала бев послаба и можеше да ми се случи - сега НИКАКО! (да не се урочам)
     
  5. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Често се случува да неможам да се контролирам коѓа ќе ми се собере...

    Пристисок буквално од сите и секаде. Се има случено да плачам и на јавни места,но најчесто плачам кога сум сам. Некои луѓе не плачат затоа што се слаби,туку затоа што биле силни долго време... :|
     
    На LittlePinky, srcekrsacka и All-that им се допаѓа ова.
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Никогаш ! Што ако меѓу тие многу луѓе е и никој шо ме мрази ? Ее братче, за било каков „шок“ да се работи, нема да плачам пред него и тој да се сити со моите солзи, па шо сака нека бидне ! :) ;)
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу пати дошло до ситуации кога се насобрало доста та не сум можела повеќе да издржам.
    Паметам во втора година средно излегов од училна само за да плачам во тоалет, и тоа на сред час.
    Сите останаа збунети и не знаеја што се случува.

    Неколку пати имам така плачено во училиште, надвор со пријатели, во дискотека итн..
    Не морало и да се случи нешто што ќе ме поттикне, само ете така од многу маки ми доаѓа и почнувам да си липам.
    Ни малку не се срамам, сметам тоа е нормално за личност која има чувства.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Да,зошто имам пулс и сум човек.Заголтав колку што можев...ама јбг,живот боли понекогаш толку многу што нема човек што може да додржи.
    Не ми е пракса и не плачам пред народ и мразам такви луѓе.Атеншн хорс и само се разлигавуваат за секоја ситница,зошто тие се толку сочувствителни и емотивни.На вујна им чивтијаните сочувствителни,типични себичњаковци кои од туѓата несреќа прават свои придобивки и сакаат да скренат внимание.За ситници не плачам,а кога ќе ми дотежи,но можам да се воздржам,си се исплакувам сама.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ми се случило еднаш, повеќе не, без разлика колку и да ми е тешко, да знам дека ќе пукнам, нема да си дозволам пред други да плачам.Нормално е и човечки е да се случи такво нешто,само не секогаш солзите го решаваат проблемот, не секогаш човекот успева да ја прикрие болката, да заплаче.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Да, имав таков ден кога се расплакував постојано тоа беше поради тоа што толку силно ми беше скршено срцето што никогаш повеќе не ќе зацели сосема така што губев контрола врз емоции, солзи и не бирав простор ни време ни било која димензија ме интересираше, болката беше посилна од се‘ и ме совладуваше.
    Тоа беше денот Д именуван и по седативот кој првпат го испив во тридецениското мое постоење јас големиот противник на фармацевтската индустрија и ми овозможи повеќечасовен сон и се поштедив себеси од натамошно претставување во вакво издание.

    Инаку моите солзи себично ги чувам за моето перниче и не сакам вакви настапи во јавност ни малку, ама човек не е толку силен и исконтролиран секогаш за да го одбегне ова. А луѓето кои често ги користат солзите како средство за манипулација и свртување внимание кон себеси не ги почитувам од дното на душата.

    Инаку редовно плачам поточно солзам во јавност кога настапуваат оние пролетни алергии на полен или што и да е во воздухот или па кога излегувам од моето работно место чиниш катакомба заборавена од времето и сончевите зраци на светлоста на денот.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Минатото лето во такси. Цел ден ми беше многу тешко и се воздржував да не заплачам додека бев сама, а баш кога требаше да излезам и влегов во такси, солзите ме издадоа. И наместо да си се вратам дома, јас упорно се правам силна и одам на договореното место. Се прибрав некако, излегов од таксито, и девојката со која се чекавме само ме праша - Што ти е?... и доволно беше, јас се стегам, тие си течат :fubar:. Уште ми е срам од таа ситуација и се присетувам кога ќе ја видам.

    Плачев во автобус цел пат кога ми јавија дека баба починала и требаше да се вратам дома за погреб. Среќа што автобусот беше полу-празен, па сама бев на некое од задните седишта.

    Тоа се исклучителни ситуации, а инаку се контролирам, не сакам никој да ме гледа така, па и кога сум сама пробувам рационално да се одвратам од солзи и да се убедам дека нема потреба од цимолење.

    Солзи од убавина не се бројат така? Зашто си пуштам по некоја таква на концерти или претстави.

    Плачење. Колку интересна појава... Ронење солзи како резултат на некоја емоционална состојба. Ела разбери го човекот :^)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    за жал да, ми се има случено еднаш и тоа пред кафич, но тогаш се ми беше како во сон неможев да се контролирам ако не беа другарките ке ги сокршев и телефоните сум се тресела, а причината се разбира дечко !!!!! :@ :@
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Да, кога ми кажаа дека починала баба ми. Беше Богородица, 28 август, јас бев во едно село не знам како се викаше, ја славеа таму Богородица. Полно беше, ама не можев да се воздржам.
    И еднаш на училиште се имам расплакано. Ми беа собрани многу работи, не можев да издржам, без загушена во проблеми, а кецот беше врвот!
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Сум плачела и не се срамам од тоа. Што да правам, емотивна сум, чувствителна. И јас нејќам, ама тоа е.
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Да, повеќе пати.. емотивна сум премногу..
    па и да ме гледале многу ми е гајле утре кума да не им бидам паа ;)
     
  16. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Многу грешка став имаш, секој има свој карактер и не секој може се да издржи солзите сами доагааат можеби тоа тебе не ти е јасно пошто не си таков карактер но верувај има многу такви шо се вика "памук" карактери а и јас спагам тука. или пак можеби не си имала толку голема нервоза да се тресес и плачеш без да можеш да се контролирас и не викај дека секогаш можеш да се контролираш затоа што верувај не си се нашла во таква ситуација се надевам дека и нема..
     
  17. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Јас сум позната по тоа дека сум со цврст каракрер,дека ништо не допира до мене,не ми е гајле за ништо. До сега се немам расплачено во јавност, пред некој што не го познавам ,а исто така и пред дргарките се немам расплачено. Колку и да ми е тешко се воздржувам многу ретко плачам а дури и некогаш кога ми се имаат насобрано многу работи и проблеми сакам да плачам за полесно да ми биде ама ете... не дава не протекува ни една солза... Можам на прсти да избројам до сега колку пати се имам расплачено и тоа било пред легнување во кревет. :^) Ете таква сум јас :D
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Никогаш не сум плачела на јавно место...не сакам да покажам пред луѓето,никогаш не сакам да покажам дека ми е тешко...ќе стегнам срце и кога ќе дојдам дома ќе се изнаплачам да ми олесни...не сакам некој да ми се сити на мојата тешкотија пошто знаеме дека има такви.Затоа слабост пред никого :!:
    Единствено ако може тоа да се вброи кога почина татко ми ;( ;( ;( потешко во живот никогаш
     
  19. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Многу пати... По природа сум многу емотивна и не можам да ги задржам солзите кога ми доаѓаат (а се трудам многу) и сум плачела на јавно место али не да ронам крокодилски солзи, туку онака "скромно" :tmi:
     
  20. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    На јавни места не се сеќавам баш дека сум плачела.Секогаш солзите си ги оставам за дома.Можеби затоа што сум немала некоја ептен јака причина за плачење.(најверојатно,инаку би ми било гајле кај сум со кого сум што правам би плачела како да сум сама на светов) :) :)