Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте плачеле на јавно место пред многу луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од HoneyBun, 1 јуни 2011.

  1. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Да.На пр. денес,кога поминуваа со автобус кошаркарите наши.Бев јас смирена цело време,амаа кога поминуваа почнав да се тресам и да плачам...Незнам што ми стана
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.654
    Допаѓања:
    4.563
    Пол:
    Женски
    Да ми се случило да ме преовладаат емоциите и не сум се воздржала сепак и тоа е човечки
     
  3. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    249
    Нормално дека сум плачела ама не ептен она да се лигавам да се чудат сите што и е на оваа сиротава :doh:
     
  4. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Последно тоа ми се случи во диско на шанк, па газдата ми даваше марамчиња, иако мислев дека вешто сум се скрила. Претпоставувам поради дејство на алкохол ми се пуштија сами солзите. Инаку цела недела иако бев нервозна ни солза не пуштив. :tmi:
    Хххммммммм....ама тоа што не не убило-не прави посилни. :muscle:
     
  5. lalalala2

    lalalala2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    охооо и тоа 4 - 5 пати. :tmi: ама не со лигавење, трескање од земја и сличне ствари. :)
    ми текнува, кога бившиот ( во кого бев затреска ептен, прв дечко, 15, 16 години ) ми раскина, нашкола пуштив некоја солза, сите ме видоа и морав да мамам дека ми е лошо :$ :$ ( читавме текст за момче и девојка кои се скарале, не ни се сеќавам точно како беше ).
     
  6. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Вака да се сетам..не паметам бре луѓе :x

    Мислам дека не .. зашто отсекогаш сум глумела некоја јака машкуданка на времето. :lol:

    И врти сучи навика ми станало.Можам лесно да се воздржам.

    А, еве ми дојде мислата.. плачев на училиште кога Тоше почина.. :worried:
     
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Да, ми се има случено еднаш...толку мн ми се слоши од анксот што солзите сами почнаа да ми течат а поминував низ плоштадот..се што мрдаше беше излезено..седнав на клупата на плоштадот додека да се смирам..плачев едно десет минути..станав и си заминав..некои луѓе дури и ми приоѓаа да ме прашаат што ми е. Се надевам дека сега да ме видат нема да ме препознаат затоа што ми е мн непријатно да покажувам емоции пред луѓе што не ги знам.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Да, секогаш кога одиме со малечката на клиника, ако таа плаче, плачам и јас со неа...
    Се сеќавам пред 2 год. требаше да и` земат за прв пат крв од вена, толку беше исплашена, толку плачеше, се бореше со сите сили да не ја боцкаат....јас се изгубив, ја држев во раце, се обидував да ја смирам, да и` го држам рачето за да ја боцнат (заедно со уште две-три сестри) и плачев....плачев цело време, не ми беше ама ич гајле кој има пред и околу мене.
    Исто така и кога се боцна на кактус, бевме на клиника за да и` ги вадат трнчињата, таа вришти, плаче, јас заедно со неа....секогаш нејзина болка и плач во срце ме бодат.

    Плачев и пред два месеци пред болницата надвор додека мм беше на операција....сама бев, го чекав татко ми да дојде, си седнав на една клупа и си плачев.

    Што да правам плачка сум, не ги голтам солзите кога сум многу исплашена.
    Неретко знам и да стегам заби, да ги враќам солзите, да бидам навидум силна од различни причини (за да не растажам некого, за да ја сочувам гордоста, да не покажам слабост во одредени ситуации иако во себе вриштам итн.)
     
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    Да еднаш кога ми се случи семејна трагедија во тие моменти не е битно ни кај си ни со кој си солзите сами почнуваат са течат а за други работи никогаш не сум дозволила пред други да ја покажам својата слабост не сум тип на човек кој сака да покажува емоции пред други луѓе колку и да ми се плаче колку и да ми е тешко се воздржувам и глумам силна и јака но кога ќе дојдам дома или ќе и се јавам на некоја поблиска другарка душава си ја корнам нек пукну душмани не им покажувам слабост
     
  10. ilovehim

    ilovehim Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Јас да...кога не делеа во гимназија во 3 година...Класната рече дека ќе сме биле јазично-уметничко А,а јас сакав Б и почнав да плачам :tmi: но добро класната ми е комшивка па ми попушти и директорката ја викна за да видат што да прават со мене :lol: но на крајот се заврши добро,и добро е тоа што не ги знаев децата уште,после ме зафркаваа но нема врска...цццц страмота :$
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Плачка сум си јас по карактер.Ајде шала на страна.Сум плачела повеќе пати на јавно место.Некогаш од среќа некогаш од тага.
    Памтам плачев нашколо кога почина Тоше. ;( И неможев да се смирам.
    После плачев...хахаха плачев кога се сликавме за на табло....е од кај па сеа ова плачење врска си неам...си ми дојдоа солзи и почнав да плачам,тука пред сликарите...абе Бог да чува. :) хаха
    А да,и плачев после премиерата на мојата прва представа ама од радост.Хаха пред публика замислете шо беше :) хаха али добро солзите не ми ги приметија,бидејќи бев далеку :)
    Хаха имам плачено и на еден концерт,кога се качив на сцената со пејачот..Абе судбини шо да прајме ко ќе се затрескаш во некого.. :rofl:
    Имам плачено и кога го дадов првото интервју..после тоа..ОМГ што фацка напраив..хахаха...кај ме најдоа па сеа мене да ме прашуваат :D xaxaxa
    И да за крај плачев во кафулето,кога ја глеав кошарката кога играа Македонија-Шпанија...го изгуби Македонија...абе,Ано-Банано прашај се кај немаш плачено :D
     
  12. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Сум плачела и ми е срам, ама што да правам неможам да си помогнам, одма се бришам ама мислам дека до сеа само еднаш во животот плачев на забава и ме видоа, ми беше многу срам ама ете, што да правам во моментот ми дојде тешко, неможев да се воздржам иако би сакала да сум личност што може да издржи. А иначе општо сум многу гличка, ич не сакам да бидам таква, плачам за се како мало дете.
    Мама ме теши, како ќе растам така ќе отрпнам и нема да бидам таква :)
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Јавно место кај што имат многу луге е и ,,ГРОБИШТА.. таму верувам дека многумина плачеле на јавно место пред многу луге исто така и БОЛНИЦИТЕ се јавни места со многу луге што имат таму чудно да се плачит на јавно место пред многу луге !
     
  14. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Избегнувам да покажувам емоции пред другите луѓе, освен сопствената среќа и кога сум расположена.
    Сум плачела некогаш, не памтам сега точно каква беше ситуацијата, али во никој случај нема да си дозволам да правам сцени, драми и театар во јавност само заради тоа што не сум можела да издржам дури да помине гужвата.. И не можам да ги сфатам луѓето што толку лесно се испуштаат со сопствените проблеми и слабости или пак што (во најлош случај) плачат пред другите за ВНИМАНИЕ. Патетично и лабилно, не спаѓам во таа група . :)
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не покажувам многу често дека сум тажна. Дека нешто не ми штима. Пак камоли да плачам јавно, пред луѓе. За само да се наситат и да им биде мило што мене не ми е се како што треба. Ни сум плачела, ни ќе плачам. Се имам расплакано само пред најблиските (родителите, другарките) и тоа кога ми е ептен тешко. Знам дека тие би ми кажале некој корисен совет, и би сочувствувале со тоа што го чувствувам. За јавноста сум секогаш насмеана и среќна, барем така се обидувам да изгледам :)
     
  16. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    искрено ми се има десено ..некад коа буквално кје ми ску*чи од све.. али обично пред луѓе што ме подржаваат и се на моја страна.. :worried: тоа е :)
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Да, знаев да заплачам, не гласно, се криев, ама плачев во автобус, одев покрај кеј седев и плачев, некогаш и на факс ќе се сокриев, ама таков ми беше периодот, кога се разделив и ќерка ми не остана со мене. Имам пуштено само солзи за нејзе, а понекогаш знаев да заплачам и за другарка ми кога почина. Кога и да помислев ми се тркалаа солзи, ама помоќно е од тебе, не можеш таква болка да конторолираш така лесно.
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми се случи да не можам да се воздржам, на јавно место. Излезена навечер :tmi: , ама за среќа не во Скопје. Инаку, без разлика за што се работи, знам да се контролирам и да заплачам кога сум сама или само пред некој многу близок.
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Jaс многу лесно можам да се расплачам..но на јавно место ретко плачам...се сеќавам последен пат плачев кога заврши утакмцата Македонија-Русија ако бев дома шубаво ќе си се изнаплачев,ама бевме класот собрани да гледаме и кога ми дојдоа солзи си ги ставив наочарите иако веќе немаше ни сонце ни ништо 8)
     
  20. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Пред некој ден во школо висевме со дечко ми и му ги побарав тестовите од лани да ми ги донесе да имам предвид какви ке бидат прашањата и тој ми рече „Е извини, ама оваа година нема да ти ги дадам“ и како ми го рече тоа, толку се усрамив, и очите ми се наполнија со солзи и тој како виде што ми стана одма почна „ама ке ти ги дадам, се зезав само да видам како ке реагираш“ а јас одшто неможев да издржам за да не почнам да липам таму пред сите отрчав во вц- то и додека се смирив останав таму, а тој сиротиот после 100 пораки ми прати да ми каже дека му е жал и дека не мислел дека ке го сфатам толку сериозно (иако беше сериозен, (ми беше лутен)) :)
    Важно финтата е дека за една наизглед безначјна работа за малку да се расплачев пред цело школо, иако многу тешко ми падна, од други причини, не заради тестовите. И знам колку глупаво изгледаше тоа од страна, и не сакам ни да се сеќавам на тоа. :tmi: