Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте плачеле на јавно место пред многу луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од HoneyBun, 1 јуни 2011.

  1. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    само у 2-3 оделение ми се скршило линијарот и почнав да вриштам на цел глас |( :tmi: (копиљачка ја глупа)
     
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Јас сум си емотивец у душа... ДА ми се случило да заплачам на јавно место последен пат во дискотека.... немам ништо против луѓето кои ги кријат емоциите меѓутоа јас сум таков човек кога ми се плаче плачам ;( :lol:
     
  3. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    80
    ко мала секогаш сум плачела на училиште само за еден збор некој ако ми речеше.. ама со тек на времето како што растев станав личност која не ги покажува чувствата пред други, единствено не можев да издржам кога го видов бившиот како пред мене и се јавува на девојка му да и пее е тогаш не издржав, на сред дискотека пред толку луѓе..
     
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    НИКОГАШ . ! Ни у школо ( ни еднаш, ни кога паднав и си скршив заб! никогаш), нигде брате. Ама дома.. Ке си земам едно перниче и кога ке почнам да плачаааааам... :wasntme:
     
  5. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Сум плачела кога сум одела на училиште на првиот ден не сум можела да се одделам од мајками па сум вриштела и цело училиште ме гледало :doh: А иначе од таа случка повеќе не сум плачела во јавност :tmi:
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
  8. Tinka.90ta

    Tinka.90ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    последен пат сум плачела во јавност после матурските во еден многу тежок период од мојот живот кога дознав дека дечкото со кој што идев две и пол години ми раскинал заради мојата најдобра другарка, а всушност они си го имале муабетот и ние додека сме иделе и некако ми се собра се и се расплакав и после ми беше криво што дозволив да видат дека сум толку повредена и дека успеале да ме срамнат со земјата :( од тогаш многу работи ми се појасни во животот и не си дозволувам испади на јавни места :)
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Да. Ми се случило.. Емоциите неможам да ги контролирам..
    Во тој момент сум се почуствувала слабо и немоќно и сум го изразила тоа преку солзи...
    Кога ми се плаче пробувам со сета сила да го задржам тоа во мене.. ама само пробувам...
    Ретко ми успева.

    Премногу ми е криво што тоа го имам направено во момeнт на слабост и пред луѓе кое се сителе на моите солзи.Кои градеа своја среќа врз туѓата несреќа..Многу ми е криво поради тоа, ама што е, тука е.

    Имало и моменти кога не сум можела да ги додржам солзите како резултат на заситеноста од се'.
    Живот, школо, друштво.. Ми било преку глава од се' и сум пуштила солзи во круг на друштвото...
     
  10. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Да. Пред една година. И си ветив дека такво нешто никогаш нема да си дозволам. :clap:
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Да. Јас сум си емотивна и често си плачам. :) Тоа во скоро време, пред 2 месеца заплакав во училиштето затоа што професорката по латински ме фати како препишувам и ми го зеде тестот. :tmi: Ама жими се јас бев учела за тој тест и напишав цел тест и само две зборчиња не знаев и тоа сакав да го видам, ама добив 1. Кој срам.. А ми се има случено и порано да плачам за оцени. А порано плачев и во кафичите по саканиот. :lol: Мала бев тогаш. :tmi:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    За жал-да, и тоа пред луѓе пред кои нај малку сум сакала, плачам поради неправди, од бес, за тажни ситуации повеќе можам да се контролирам ама ако некој биде неправеден спрема мене експлодирам па не само што ќе заплачам туку и или неможам ништо да кажам ми се стега грлото или избувнувам и во разговор и кажувам работи што не дека не треба кон тие луѓе, туку самиот начин на такво изразување ме спушта на нивно ниско ниво. После се каам, особено кога ќе ме искара дечко ми да се контролирам повеќе :$ . Ама не можам да држам во себе, ме стега грлото и ми пулсира тироидната па мора некако да го намалам стресот за да не си направам полошо :( ;( ;) Се трудам да се контролирам во последно време, со тоа што нема да ги земам толку при срце неправдите и ќе ги игнорирам таквите личности.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не. Не сакам да им го дадам тоа задоволство на `добродушниците` и околината околу мене. :)

    Ми доаѓале само солзи во очите некогаш, ама сум била со наочари за сонце, па било неприметно. (се` додека дојдам дома да си изнаисплачам). ;)
     
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Да.Зошто не бих?
    Не е ништо срамно!
    Никогаш не е срамота да си ги искажете своите чувства,повеќе би било срамота да ги кријате !! :!:
     
  15. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Ми се случи скоро, во автобус, претходно имав караница некоја, па морав да си одам дома, и ми беше многу тешко, си пуштив солзи во автобус, ама си се покрив со шалот, па не бев забележана ;(
     
  16. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Емотивна личност сум, ама не плачам пред сите.
    А ми се има случено да заплачам и на јавно место..
    Кога бев прва година имав "муватор" од истото школо...и нешто се разбркувавме и му ја земав капата и он ме турна..и некако ме навреди и се вратив во училница седнав до најдобрата другарка и почнав да плачам..тогаш и сватив дека цел клас ме ска и почитува.
    И во автобус имам еднаш пуштено солза затоа што дечко ми беше во болница и неможеа да го разбудат и ми беше страв да не се седи нешто сериозно..стегнав срце некако до таму..ама коа стогнав таму ги поплавив..и после ми кажаа дека не било ништо сериозно.:D
     
  17. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Да, ми се случило :) Во дискотека кога ми го украдоа капутот- не да плачев, рикав!
     
  18. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Не ми се нема случено,но јас не плачам пред другите само кога сум сама тогаш :D :lol:
     
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Да, в училиштето :( .. но сепак, не ми е битно каде сум... со плачење понекогаш си ја релаксирам душата!
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не сум плачела пред други (мислам на јавно место) Само пред блиските ако ептен неможам да се воздржам.Ги искажувам емоциите само на тие што јас сметам дека треба да ги знаат. :D
    А инаку не гледам ништо чудно ако некој заплаче пред многу други луѓе па и непознати ...