Девојки освен што крадете туѓи срца дали сте украле некогаш нешто друго? Јас како мала со другарките оперирав по продавници Мастики за џвакање најчесто. Ќе се убутаме во продавница пет-шест, си купеш една а 5 збришеш Детски памет, што ќе правиш Се додека една другарка не ја фатија па срам голем пукна И кајсии, сливи, јаболки од туѓи дворови колку сум украла Ах, тоа беа времиња
Се насмеав на темава.. Ние ко мали деца по маало крадевме едно време секакви штици и ќерамиди, демек куќичка ќе правиме.. Кога ни заврши таа опсесија и кога видовме дека нема ништо од бизниост, се префрливме да крадеме јаболки и сливи..
Зимава ко бев во Венција, брачед ми ми врежа вглава дека треба да украдеме нешто, па украдовме 2-3 разгледници и ланче со маска што чинеше 2,5 евра!
Еднаш крадевме Пепси (мали стаклени шишиња). Луѓето имаа маркет и во дворот си ги чуваа залихите, па една вечер искористивме гужва и онака мераклиски колку другари бевме толку шишиње зедовме А за сливи, праски, цреши, вишни, круши, јаболки, СЕКОГАШ кога ќе одев на гости кај роднините на село...уф колку беа вкусни.
Кога бевме мали,со децата од улица крадевме лешници и јоргован... лешниците ги крадевме со фрлање на камења ( половина од дрвото беше на улица а др половина со коренот беше во комшиите во нивниот двор) па секој пат кога дрвото беше “бомбардирано“ по едно цвеќе од градината на комшиите беше уништувано а комшивката збеснуваше а јоргован крадевме од друга улица ќе се соберевме повеќе деца и кога ќе се затемни накај 8 и пол саатот тајно кршевме гранки под прозорецот..моментално др не ми текнува
Ај леле, да не почнувам.... Како мала нон стоп им ги крадев на децата детските пошти и салфетките. И по цела кутија сум им крадела . Последно што имам украдено на екскурзијата во Турција, една блуза и шише Кока Кола. Ама имав соучесници...
Покрај тоа што крадевме сливи, јаболки и цвеќиња, како помали, ќе се соберевме неколку деца и од трафиките крадевме бомбони или мастики. А еднаш знам дека украдов еден пластичен прстен на другарка ми, ептен бев заљубена во него и си го „земав“.
Абе јас часна сестра да не испаднам? Добро сеа, крадев секакви ОВОШКИ И ден-денес ми се случува (кога ќе не мавнат точките со другарките) да обериме некоја слива или круша Друго... му крадев ментол бонбончиња на дедо ми, ама тоа не се важи
Па има ли некој што не украл? Како мала со другарчињата од еден маркет украдовме цела гајба јаболки и цел ден ги јадевме. Сме краделе и други овошја.... А преклани во Венеција, еднаш несакајки урадов наочари за сонце. Ги ставив на глава да ги пробам, и после си продолшив со шетање. Ги приметив дури кога дојдов во смештајот. И упте не ми е јасно како продавачот не ми кажа ништо?!
Крадев и јас Знаевме да отидеме во трафика неколку деца и да прават муабет на продавачката а други да зимаат мастики и се што може да се земе без оваа да примети Сум се пентарела по дрва во комшии и тоа кај лошите комшии , место кај тие поблагите да отидам ..
како мала, му ги крадев на комшијата саксиите со китки, и глупачата си ги ставав во мојот двор, и тоа на видно место. и утре пак ќе беа кај него(изгледа сам си ѓи враќаше) и јас па... и така додека да пораснам
Покрај сливи , памтам дека во забаваче за малку ќе му ја украдев гумата на едно девојче, ама така убаво мирисаше ама ми текна друга идеја да ги замениме мојата и нејзината, од тогаш немам друго ни заменето ни украдено, ако не се смета украдено ако два три пати ме частеше една другарка сок.
Ехеее сливите и кајсиите не важат Друго вака не помнам да сум украла, ниту од кај другарки, ниту од продавница, штознам срам ми беше, кога бев мала се плашев оти ќе ме фатат. Ама во ред, тие ситни работи што ги пишувате па и не се така баш крадење земање без прашање и без пари
Пенкала... До прва година средно секој ден си носев пенкало и секој ден ми го снемуваше... ама од втора година се опаметив и уште од првиот ден му ги собирам на сите пенкалата и цела година имам пенкала... дома имам и за извоз
Како многу мала имам украдено две шнолички од една бижутерија.И многу често ми се случувало да си соберам некое пенкалце од другарчето на клупа и да си го ставам во прибор али тоа заради заборавеност
НИКОГАШ немам украдено НИШТО, ОСВЕН праски, кајсии, јагоди, лешници, ореви, јаболчиња, круши, сливи, бонбони..........
Љубовта од еден човек Ако и тоа се важи .Ми вели јас сум како дрога колку повеќе ја нема ,толку повеќе ја посакува. Ај луда сум нели ? но тој така вели. Да како деца онака по некоја цреша од некој двор
Еднаш со пет-шест другари, другарки влеговме во продавничка и демек разгледувавме и сите пикање по џебови кој што стигне, беше еден продавач само. Откако украдовме што можевме, летнавме да бегаме, ама човеков увиде што напраивме и почна да не брка, па викна полиција. Ама ние дечишта се пикнавме во една зграда и се откажа човекот Мислам дека нема дете што не крадело од дворови. Ух каква организација сме имале