Me изнасмеа црешичко. Исто како и некои претходни мислења, така и јас спаѓам во онаа група на крадење како мали. Се сеќавам дека имав една комшивка што многу крадеше(и до ден денес мислам дека го прави тоа), па не натера мене и сестра ми да украдеме(не се сеќавам што) од еден маркет. Тоа ми беше прв и последен пат. Нека крадат тие што имаат храброст, јас немам.
Kako dete imam kradeno najcesto nekoi sitnici na uciliste-guma,moliv,ostrilka,flomaster...takvi stvari najcesto.Po prodavnici nemam nisto zemano-mi bese strav.
само еднаш имам украдено и тоа глупост. бев основно не памтам кое одд и тогаш знам гледавме млади бунтовници. абе татко ми го терав од сабајле да станва и да го купва весникот време за оние сличињата ко се береа. и еден ден седам пред продавница и гледам време и внатре сличе од млади бунтовници и тогаш го украдов само сличето абе после цела година не стапнував во продавницата
Во мојата историја не се сеќавам да имам крадено, дури ни како дете . Од дома секогаш ми викаа дека крадците ги носат цел живот во затвор, па јас сум била преплашена
Од самопослуга имам крадено мали шекерчиња тие по денар што се. Знам во Ресен беше тоа. Ама бев околе 5-6 годд. највеќе.
Од продавница не, ама од кафичи (најчесто од странство), знам да си соберам по некој подметач за чаша
Ајде и јас да се исповедам Од продавница знам еднаш украдов коцка за супа незнам зошто ми беше..едноставно ја зедов.. Исто така еден период (кога бев малечка) незнам шо ми беше, во секоја продавница шо ке влезев, земав зрна кафе онакви немелени хахаха уште денес се смеам на тоа.. исто така на една тезга сончоглед имаше, јас си го пуштив рачето и си зедов имав околу 4 години...од тогаш ништо повеќе
Отиди во продавница купи тоа што ти треба и на заминување од гајбите земи по некое јаболко, праска, банана, па после бегај .Тоа ми беше како добро утро
Ако се рачунаат цвеќињата што ги берев од туѓи дворови како мала без да прашам хахах ете и јас имам едно досие Шала на страна, досега немам украдено ништо фала му на Бога. Немам таква навика. Има луѓе што крадењето им станува навика и неможат да се контролираат. Амаааа, секоја навика има и одвика
Ако се смета ова за крадење: и дадов на продавачката 5 денари за една лижалка и таа ми врати 45. Баш бев срекна
Јас не сум некоја која сака да кради! Ми се нема десено, и се надевам нема да ми се деси!Се разбира дека не е убава работа, добро де и јас имам цреши од комшиите крадено но немам сладолед, пари или сл!
Да. Додека бевме на одмор една година, мајка ми рече дека многу и се допаднала сликата која беше поставена на ѕидот, па јас за да ја ирадувам ја ставив во куферот. кога се вративме дома гордо и покажав што сум направила и таа само почна да се смее и ми рече друг пат да не правам така. И навистина, до ден денес друго нешто немам украдено.
Како што рече Sara2 незнам дали се смета за крадење ама мене ми има продавачка вратено повејќе пари од колку што треба, а и јас тогаш не заприметив ко појдов дома видов
Мајка и тато ме учеле кога сакам нешто, да си го спечелам. Уште од мала тато ми даваше плата секоја недела по 25е, сама да си ги распределам како да ги трошам, така да се ми доста за 7 дена, само ако помагам на мама во домакинството и носам убави оценки од школо, ако не сум била послушна, мама ќе му каже на тато и тато нема да ми даде пари за целата недела. Од најмала се ми повторували, дека е грев да се краде, по убо да прашам дали ќе ми го даде, дури и на заем, после ќе му вратам, или после ќе му однесам пари, но никогаш да не го ставам во џеб скришум... Срамота било, и е така... Никогаш не ми се карали за такви некои работи, ме манипулирали по некаков безобиден начин за да ме воспитат добро (како со платата од најмала уште), по този начин се ме воспитали да не крадам, да не завидувам и ако сакам нешто, да си го изработам инаку никој нема да ми го даде за убавите ми очи
Да...Како помала знаев да си брцнам кај мајка ми во новчаник и да си земам пари - ако се смета за крадење.А за поголеми работи страв ми било да не ме фатат,абе мирно дете сум била