Како мала, она што го прават сите деца. Но, досега немам извршено ниедна кражба што би се сметала за кривично дело.
Секојпат кога ке начекав како помала у некој двор кајсии , круши и било шо друго со другарките влегувавме и по цели кеси вадиме али ако не начекаа да не нема хахаах Сепак тоа не беше да украдеш од маркет нешо или така (не сум украла од така нешо и нема )
Јас не се сеќавам да сум украла нешто, ама дечко ми скоро ми кажуваше една дешавка. Бил малечок, и од продавница украл една гума за џвакање, и по некое време се вратил целиот испаничен и и рекол на продавачката: Јас си признавам украдов гума за џвакање.
Има 4 години од последната кражба Со мојот најдобар другар бевме за Охрид, кај едни пријатели што ги знаевме од Србија па да се видиме. И така се шетаме сами одпоручек и имаше едни тезги со накит, со секакви прстенчиња ама убавини! И велам ај да одам да купам некое.. А тој така чудно ме погледна и вика оди гледај ги привезоците и прашувај цени!! И јас таква Шо ти е бее ? И одам јас прашувам цени , а тој ми џапнал 4 прстенчиња. Ахх колку си ги сакам , мили ми се DD
Еднаш и тоа пред 3 години (имам 12 години) со братучетка ми кога беше на спиење неколку дена кај мене.Дента си се шетаме ние низ населба и у еден двор гледаме едни цвеќиња за мерак.И онакви на прсти влегуваме и корнеме цвеќиња Коа ни излезе бабата ние трчаме одма да не нема.После букети праевме од нив,со ластиче ги врзувавме (на ништо не личеа) и на улица ги продававме И пази молим те,дури 1 букет продадовме и тоа беше од една жена што се сожали на нас Коа ќе се сетам...
Кога имав 5-6 годинки украдов една мастика од продавница. Кога излегов едвај од таа продавницата да не ме фатат, некако се осетив криво и одма ја фрлив мастиката. И така, самата моја совест ме научи повеќе да не земам нешто што не е мое.
Пред некој месец (Велигден беше) бевме со татко ми и дедо ми на пазар за краставици, патлиџани, такви ствари.И поминуваме кај една тезга со јагода и јас пуста стрвна си земав една јагода така, без прашање. После совест ме мачеше едно недела дена за една јагода.
паа не сум крадела оние големи работи али сепак да појдеш кај некој во двоор како мала и да крадеш цреши, јаболка, сливи, јагоди, круши па што ли немаше хааха
Да, дедо ми ке ни донесе чоколади од Германија, едни мои комшивки ке дојдат се ке изедат, а на одење ке и земат некој кармин на баба
На 7/8 години бевме во маркет со мајка ми и не сакаше да ми купи гумени бонбони и јас одлучив сама да си се послужам и откако си тргнавме, јас си ги извадив и си јадам, мајка ми се чуди, ја гледа сметката - ги нема... и збесна... убава казна си добив за тоа
GN'R привезок за клуч. Ама по грешка беше. Го разгледував и ми остана в раце. Тоа е, изгубена Дури после ми текна дека го зедов, од ко заминав, па ми беше срам да се враќам. Или па не сакав да го вратам