Ништо немам украдено и не верувам дека ќе украдам,сепак си ја сакам совеста чиста,да живеам во мир и спокој со самата себе.
Kога имав 5-6 години, многу ми фаќаше рачето Во градинката каде што бев имаа толку убави играчки и неколку пати имам украдено мали играчки што никој нема да забележи дека ги нема. ама покрај крадењето, јас бев дете за пример, уште тогаш знаев течно да читам, не се тепав, другарував, а воспитувачките сите ме фалеја и викаа - аууф Магдалена многу мирна е, ни на мравка не би згазнала.. леле да знаеја само дека крадам
немам ништо украдено , ниту сливи и крушки од комшии , а не па гуми и моливи и останато... Незнам , мислам дека ми беше срам да не ме фатат па да ме караат . Зашто некјев да ме караат па мн пазев да не правам глупости
Украдов еднаш едно колаче од една мала продавница. Беше забавен целиот тој притисок, но кога почна совеста да ме гризе... Посакав никогаш тоа да не сум го сторила ............. А..! На сето тоа одзгора и колачето не беше вкусно, беше расипано! И од тогаш повеќе ништо немам план да украдам
Оооо... Како малечка,да. Де шноли,играчки од оние ситните... Па се до мастики,бонбони и сокчиња од продавница.
Како мали уште основно во продавница на голем одмор стандард си купуваш нешто и си крадеш што ќе стигнеш Албени, Марс, лижавчиња, мастики итн После тоа средно школо се префрливме на бижутерии, се додека не се обрукавме еднаш Хаха.. како сме можеле не ми е јасно.. Младост лудост
Кога бев мала едно девојче од одделение носеше едни малецки стикерчиња од Вучко, кои ги чуваше во едно кутивче и имаше мал милион од нив. И со другарките секогаш и земавме по 5-6, зошто тешко беше да приметиш дека фалат некои. И да, имам крадено овошки со другарките. Сливи, цреши, праски и што уште не.
Па добро,не го бројам крадењето на овошје и зеленчик бидјеќи ретко кој не го направил тоа,и туѓото е секогаш послатко. Многу имав страв да украдам па макар и една црешка ама со тек на време си се опуштив...Мастики,бонбони и такви работи додека ние имавме колонијал продавница не крадев,му кажав на тато дека земам и низ врата,а откако ја затворивме со другарчињата од маало се собиравме и по 1-2 мастики знаевме да украдиме од некаде. Не е срамно тоа,не сме правеле голема штета и баш е забавно... Ехх,како ми недостасуваат тие времиња...сега и мастика да украдеш којзнае кај ќе завршиш
Само цреши од кај комшиите ако се рачуна . Останатото, крадење од продавница или од некој човек не го оправдувам баш... ситно или крупно, крадење си е крадење. Сметам дека теба да го поседуваш само она кое можеш да си го дозволиш.