Неин.. не сум украла ништо. ако се смета за крадење тоа цреши по дворови и слично кај комшиите.. можеби да. но и тоа многу ретко можда 2 пати со друштво имам влезено по една цреша да земам. не нешто на големо
охооо...како мала 10-11 години имаше една тезга со мали кармини...и јас и мојата другарка секогаш ке украдеме по 2-3 ...ц..цц. а за cливи, кајсии да не зборуваме
Како мал сум крадел кајсии, цреши, мушмули, вишни, праски и на еден мој постар комсија ЏАМЛИИТЕ хахах
Уфф, еднаш ми се има случено да земам цреши од туѓ двор со другари и другарки. Поточно не „крадев“ јас него другарка ми ја држев на „кукуш“ или како го викаме она на раменици кога ќе качиш некого (секаде различно го викаат) и таа береше, јас не.
Kога бев помала кога одев со брачедами на продавниче и додека чекавме на каса земав по една или по две џунга лунга мастики
Од мала сум си била поштена и ке си останам таква дури и цвеќе од улица ми е срам да скинам зошто не е мое... А кога бев основно со другарка ми се шетавме и поминувавме покрај една трафика и човекот што продаваше не беше тука излезен бил, и она без мислење оп си зема една новина, и си продолжи и ми вика па што сега кога не е тука негова грешка, јас ја гледам и се срамам што одам со неа
Како мала од кај комшиите. Цреши (не дека ние немаме цреша), зелени кајсии, рози за парфеми да правиме,круши, еднаш магданос , грозје, јаболки, сини сливи, јагоди, малини, капини и не знам што уште не. А, така од продавница не сум смеела ни мастики да земам. Ми беше страв П.С. Еднаш бев соученик во крадење на мали кученца Многу ни беа слатки и тие цицалчиња ние ги земавме и им купувавме тетарпак и им дававме да пијат од шише. Легенди
сум крадела цреши кај комшиите во двор,ама тоа сите од маало или кајсии,порано сега веќе не , а така од продавница немам украдено,страв ми е дека ке ме фатат и ке се обрукам за што за некоја ситница,и затоа не ни помислувам на тоа. а една моја пријателка бевме заедно во маркет и таа си ги укра неколку крем бананки,и викам немој ке не фатат за едни крем бананки ли она си ги зема ама тоа е што ке правиш
ууф.. па незнам од кај да почнам Јас "позајмување" цреши, јаболка и слично не го сметам за крадење оти ми беше секојдневие на улица. А што е најтрагично дедо ми имаше две ниви полни со секакви овошја. Па и во дворот имав цреша и кајсија ..али шта чеш туѓото е повкусно. Нема врска сите од друштвото бевме такви. Иначе како мала и пари имав крадено од старите за сладолед да си купам.. ама од оние од по 50. Ми се дешавало и од продавница некоја ситница да си приберам.. ама мастичиња во главно. Бесно дете бев по природа.. Spoiler не дека сега не сум.
Порано постојано и крадев пари на сестра ми јас си ги трошев моите а таа имаше цел куп, па не ни забележуваше дека и земам. е сега е веќе поинаку, си позајмуваме, си помагаме... и постојано си крадевме од комшиите, сливи, круши, цреши... ах детство, што убаво ни беше