хаха кога бев забавиште имаше едно машко и десет денари си остајло на клупата назад никој не седеше и јас си ги зедов...после ко дојде одмор ко зеде дете да плачи мене жал ми падна ама не кажав дека сум јас да не ме направат крадец и уште немам кажано сега ми е смешно кутро дете
Една мастика од трафика, фустанче за барбика од една комшика и мало бебе барбика од друга комшика. Ништо повеќе
хехехехеххх сум крадела кајсии,сливи,цреши јагоди од туѓи дворови ама од продавница немам украденоо хх.. Spoiler добри стари времиња
Цреши сеуште крадам, просто неодоливи се. А за друго, од продавница кога бев мала можеше да ми се промакне нешто ситно - бонбона, мастика за џвакање... Не дека од дома не ми даваа пари да си купувам, мене ми беше интересно и возбудливо да украдам, да направам нешто забрането...
од продавница ништо немам украдено но од по дворовите крадам јаболки,сливи по можност зелени (кои ми се поубави) ,цреши и тоа и непостои човек кој ништо нема украден барем според мене
ехее цреши од дворови, луѓето ме имаат со стапови бркано а од продавница ништо немам земено, само на братми кога-тогаш му зеам по 10 денари
Како мали со другарките и другарите крадевме овошје од дворовите на комшиите. Па тоа не е ништо страшно и од нашиот двор крадат понекогаш мали деца. Ех детство убаво времиња беа сепак, украденото овошје е послатко.
Мислам дека никогаш или бар во моментов не ми текнува. Знам само дека, ако се смета за крадење, ми се има случено по грешка да ми вратат кусур повеќе од потребното па да ми испадне како нешто без пари да сум земала и во такви ситуации обично не реагирам Сепак не е моја вина
И, јас како мала сум крадела од продавници мастики, а посебно од оние цигари мастики Друго нешто немам укредено.
Хахаха морам да признаам добра тема која ме потцети на детсвото кога бев толку ниска што дури не ме гледаа ни на каса.. Таму имаше мастики, а јас имав една лоша другарка што ми викаше да пружам рака, да земам и да си искочам и дека нема да ме приметат.. Јас толку глупава толку ми требаше па земав.. Освен тоа памтам кога крадев сливи и кајсии со другарки и бегавме, ама дома не искараа и моравме да ги вратиме, па од срам само ги ставивме во ќесе и го ставивме до продавницата и избегавме. Децаа